ВИЕНА ЗА ВЕЛИГДЕН 2НП

ВИЕНА – Престолнина на една од најзначајните европски империи, царски град и место на вкрстување на разни култури и влијанија, една од најстарите метрополи во срцето на Европа, денес главен град на Австрија. Со своето културно и архитектонско наследство, со својот шарм и раскош привлекува милиони туристи од целиот свет. Град зачнат во првиот век како Римско утврдување… а денес град во кој се патува низ времето, град кој е жива слика на раскошниот империјален барок. .. доволно е да ги спомнеме дворците Хофбург и Шенбрун, палатата Белведере, катедралата Св. Стефан, Карловата црква, операта, театарот… Виена го носи и епитетот Музичка престолнина, во која живееле и твореле композиторите – Моцарт, Бетовен, Штраус…

ВИЕНА ЗА ВЕЛИГДЕН 2НП

Цена во претпродажба до 08. Март:

8.620 денари (139 евра)

ЦЕНА НА АРАНЖМАН:

9.860 денари (159 евра)

Ден 1

26. Април (Петок) СКОПЈЕ – ВИЕНА

Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 13.00 часот. Тргнување за Виена во 13.30 часот. Се патува преку граничен премин Табановце и Србија, Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Ден 2

27. Април (Сабота) PARNDORF – ВИЕНА

Во предпладневните часови пристигнување во големиот outlet шопинг центар Парндорф. Слободно време за шопинг. Патувањето продолжува кон Виена. Пристигнување во Виена и сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки.Ноќевање.

Ден 3

28. Април (Недела) ВИЕНА – ШЕНБРУН

Појадок. Панорамски разглед на градот: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан и Штефанплац, Бургтеатар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере, Операта, Гратското Собрание Ратхаус, Катедралата Фотиф, Парламентот, Универзитетот… Потоа факултативна посета на Кралскиот Дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф. Посетена од милиони туристи годишно, палатата заедно со паркот е најголемата туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Слободнo време за прошетка по познатата улица Mariahilferstrasse. Во вечерните часови идеална можност да се проба вистинска виенска шницла во традиционален ресторан Грицлинг. Ноќевање.

Ден 4

29. Април (Понеделник) ВИЕНА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно време за да се почувствува атмосферата на виенските кафулиња со кафе и захер торта…. или можност за факултативна посета на Дунавската Кула. Во попладневните часови тргнување за Македонија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Скопје наредниот ден во пладневните часови.

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Превоз со високо туристички автобус на наведената релација

– Сместување во Хотел 3*** во Виена на база 2 ноќевања со појадок

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Организиран разглед на Виена со локален водич10 евра

– Посета на Шенбрун со локален водич, превоз и вклучена влезница 40 евра

– Посета на Дунавска Кула превоз и влезница 15 евра

– Посета на Национален ресторан Грицлинг 30 евра

– Влезници во музеите и културно – историските споменици

– Доплата за 1/1 соба

– Задолжително патничко-здравствено осигурување

 

НАПОМЕНИ:

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници

– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

– Цените се дадени во Евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1евро = 62 денари

– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето

 

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ВЕЛИГДЕН НА СЛЕДНИОВ ЛИНК