ВЕНЕЦИЈА – АВТОБУС – ВЕЛИГДЕН

Венеција – главен град на регионот Венето и провинцијата Венеција во североисточна Италија. Изградена е на 118 мали острови во устието на реката Бренте во венецијанскиот залив. Позната е и како „град на каналите“. Повеќе од илјада години Венеција била главен град на Венецијанската Република. Градот бил основан во 569 година.
Венеција има над 170 канали по кои пловат гондоли, чамци, мали параброди и моторни бродови. Најголем е Големиот канал на кој се наоѓа познатиот мост „Ријалто“, а околу 380 помали и поголеми мостови служат за премин преку каналот.
Венеција има многу познати архитектонски и уметнички споменици: Дуждова палата, црквата Свети Марко и деведесет други цркви, богати музеи, уметнички галерии, познатата академија на уметностите, опсерваторија и други научни и културни установи. Во неа се одржуваат и познатиот Венецијански филмски фестивал, Биеналето, Тетарскиот фестивал. Позната е и по изработката на предмети од стакло (потекнува од островот Мурано), чипка, сребро, злато, кожа. Во предградијата на Венеција се наоѓа индустриска зона, а во близина се многубројните плажи, од кои најпозната е Лидо.

ВЕНЕЦИЈА со ФИРЕНЦА и ВЕРОНА

Цена во претпродажба до 09. Март:

129евра (8.000,00 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

149 евра (9.240,00 денари)

Ден 1

26. Април (Петок) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА

Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 14:00 часот. Поаѓање за Венеција во 14.30 часот.Се патува преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење..

Ден 2

27. Април (Сабота) ВЕНЕЦИЈА

Пристигнување на Пунта Сабиони во предпладневните часови. Превоз со брод-вапорето до Венеција. Пристигнување и прошетка по плоштадот „Сан Марко“ истоимената црквата, ќе се помине покрај Мостот на воздишки, каналот Гранде, Дуждевата палата, мостот Риалто… Слободно време за прошетки и индивидуални активности. Сместување во хотел во Лидо ди Јесоло. Ноќевање.

 

Ден 3

28. Април (Недела) ВЕНЕЦИЈА – ФИРЕНЦА

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на главниот град на Тоскана и престолнината на ренесансата-Фиренца. Разглед на градот: Црквата Санта Кроче, Катедралата Дуомо, звоникот и крстилницата, Палатата Векио и репликата на Микеланџеловиот Давид, Галеријата Уфичи, Мостот Понте Векио, Палатата Пити… Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

Ден 4

29. Април (Понеделник) ВЕНЕЦИЈА – ВЕРОНА – ПАЛМАНОВА – СКОПЈЕ

Појадок. Задолжителна факултативна посета на Верона – град познат по Ромео и Јулија. Разглед на градот: плоштадите Бра, Ербе, Данте, куќата на Јулија, Амфитеатарот… Во попладневните часови тргнување за Македонија со попатна посета на познатиот outlet шопинг центар Палманова. Патувањето продолжува преку Словенија, Хрватска и Србија. Пристигнување во Скопје наредниот ден во предпладневните часови.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високо-туристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3*** во Лидo ди Јесоло
  •  Разглед на градовите според програмата
  •  Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Карта за локален превоз – брод Пунта Сабионе – Венеција 25 евра
  • Факултативна посета на Фиренца 45 евра
  • Факултативна посета на Верона 10 евра
  • Задолжително патничко осигурување
  • Доплата за 1/1 соба ____ мкд.

 

НАПОМЕНИ:

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.

– Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат!

– За факултативните излети најдобро е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот .

– За овој програм важат Опшите Услови на патување на Т.А.Стаф

– Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

 

Општи напомени за патување:

– Т.А.Стаф го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ВЕЛИГДЕН НА СЛЕДНИОВ ЛИНК

Венеција во