ВЕЛИГДЕН ВЕНЕЦИЈА – ФИРЕНЦА – РИМ

Рим – Срцето на Италија, град на седум рида, најголем и најброен град во Италија… според легендата основан од Ромул и Рем во 753 год. п.н.е. Во современиот живот на градот се преплетуваат историјата и архитектурата, стари повеќе од 3000 год, па затоа овој град е единствен, неповторлив и не личи на ниедна друга метропола во светот… и со право го носи името Вечен Град. Историјата на градот ја создавале императори, папи, цареви и конзули а изгледот му го дале најеминентните архитекти и уметници. Рим ќе Ве опчини со величенствените антички монументи, триумфални порти, раскошни дворци, колоритни плоштади, ренесансни фонтани, романтични фасади, Колосеумот… стариот дел на градот е вистински музеј на отворено. Сите патишта водат кон Рим!

ВЕЛИГДЕН ВЕНЕЦИЈА – ФИРЕНЦА – РИМ

Автобус / 6 дена – 3 ноќевања

First Minute уплата 219 еур/13.580мкд до 31.03.2019

Цена на аранжманот: 259 еур / 16.060 мкд

Кога ќе се каже Италија, бидете сигурни дека веднаш ќе се присетите на Рим, Фиренца, Венеција, Ватикан…Посетeте ги местата каде што се одвивале најголемите борби на гладијаторите, побарајте среќа со фрлање на паричка во Fontana di Trevi, посетете го Ватикан и најголемиот отворен музеј во Фиренца и уживајте во возење со гондола по Grande Canal во Венеција. Дали се потребни повеќе причини за да ја посетите Италија?

 

Ден 1

Ден 1 – 25.04.2019 (Четврток)Скопје – Венеција

Состанок на групата во 11.00 час. на Дрво Декор. Поаѓање за Италија во 11.30 часот. Патувањето е преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

Ден 2

Ден 2 – 26.04.2019 (Петок)-Венеција (Лидо Ди Јесоло)

Пристигнување во Пунта Сабјони во предпладневните часови и поаѓање со бродче за Венеција. Разглед на Венеција со локален водич- Дуждевата палата, Плоштадот и црквата Сан Марко, Мостот на воздишките, мостот Риалто, Каналот Гранде. Слободно време. Во попладневните часови враќање на Пунта Сабјони и транфер со автобус до Лидо Ди Јесоло. Сместување во хотел. Ноќевање. 

Ден 3

Ден 3 – 27.04.2019 (Сабота)-Фиренца

Појадок. По појадокот поаѓање за Фиренца, позната по уметноста и архитектурата.Пристигнување во Фиренца во пoладневните часови. Разглед на градот со локален водич- град во кој живееле многу европски мајстори со огромен број познати и вредни споменици: Катедралата Дуомо, Плоштадот Синјори, Стариот мост Понте Векио, Галеријата Улици, Црквата Санта Кроче, Санта Мариа Новела, Сан Лоренцо. Слободно време за индивидуални активности. Во доцните попладневни часови поаѓање за Рим. Пристигнување во Рим во доцните вечерни часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

Ден 4

Ден 4 – 28.04.2019 (Недел)-Рим

Појадок. По појадокот организиран разглед на Рим со локален водич (пешачка тура)- Колосеумот, Римски Форум, форумот на цар Трајан, Капитол, Плоштадот Венеција, Плоштадот Кампидоглио, Фонтана Ди Треви, Плоштадот Колона.

Факултативна посета на Тиволи и на Вила Д’Есте со нејзините 1000 водопади и фонтани. Враќање во Рим. Во вечерните часови трансфер до хотел. Ноќевање.

Ден 5

 Ден 5 – 29.04.2019 (Понеделник)-Ватикан-Скопје

Појадок. Одјавување од хотел. Факултативна посета на Ватикан и Ватиканските музеи – Црквата во Ватикан, Сикстинската Капела, Катедралата Св.Петар… Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

Ден 5

Ден 6 – 30.04.2019 (Вторник)-Скопје

Пристигнување во Скопје во попладневните часови

 

First Minute уплата 219 еур/13.580мкд до 15.03.2019

Цена на аранжманот: 259 еур / 16.060 мкд

Во цената се вклучени следниве услуги:

  • Превоз со високо туристички автобус
  • 1 ноќевање со појадок во хотел 3* во Лидо Ди Јесоло
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Рим
  • Организиран разглед на Венеција, Фиренца и Рим со локален стручен водич
  • Организација и водство на патувањето

Во цената не се вклучени следниве услуги:

  • Туристичка такса во Рим (6 еур на ден-се плаќа во хотел)
  • Бродска карта и разглед на Венеција со локален водич (20 еур)
  • Посета на Тиволи со локален водич (30 еур)
  • Посета на Ватикан со локален водич (50 еур)
  • Влезници за посета на музеи и галерии
  • Патничко и здравствено осигурување 210 мкд
  • Доплата за еднокреветна соба: 55 еур (3.410 мкд)
*** Цените на влезниците може да бидат променливи во зависност од цената на локалотетите во моментот ***

 

НАПОМЕНИ:
  •  За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  •  Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  •  За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  •  Попустите не се комбинираат
  •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 7 дена пред поаѓање.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ВЕЛИГДЕН НА СЛЕДНИОВ ЛИНК

во рим во рим ВО РИМ за велигден за велигден за велигден за велигден за велигден за велигден за велигден за велигден за велигден ВО РИМ Во Рим    Во Рим  

 

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ВЕЛИГДЕН НА СЛЕДНИОВ ЛИНК