БАРСЕЛОНА – ВЕЛИГДЕН – АВИОНСКИ (СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА)

Барселона е признаена за глобален град поради нејзината голема улога во финансиите, трговијата, медиумите, забавата, уметностите и меѓународната трговија. Барселона е главен економски центар со едно од најзначајните средоземни пристаништа, додека пак Меѓународниот Аеродром Барселона е втор по големина после Аеродромот Барахас во Мадрид. Основан како римски град, Барселона станала главен град на грофовите од Барселона. По спојувањето со Кралството Арагон, таа станала еден од најзначајните градови во него. Покрај тоа што често пати била освојувана во историјата, денес Барселона е значаен културен центар и главна туристичка дестинација со богато културно наследство. Особено добро познати се архитектонските дела на Антони Гауди и Луис Доменак Монтанер чии дела денес се под заштита на УНЕСКО. Од неодамна градот стана познат по Летните Олимписки игри од 1992 година.
Како главен град на Каталонија, во Барселона се наоѓа седиштето на Каталонската влада, позната како Генералитат де Каталунја. Доста важни институции се и извршната власт, парламентот и Врховниот Суд на Каталонија.

Барселона – Велигден           

4 Дена / 3 ноќевања / Авион

Цена со попуст до 28.02.2019: 24.740,00 мкд (399 евра)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 27.840,00 мкд (449 евра)

Барселона,Шпанија

Софистицираната, елегантна и романтична стара дама – Барселона, Шпанија. Импресивните и необични градби на Антонио Гауди го чинат овој град единствен, благодарение на широкоградиот дух на Шпанците тој не е само станица на илјадници туристи туку и место каде ќе ја почуствувате топлината на домот. Искористете ја уникатната можност да ги посетите и искусите од прва рака сите културни и архитектонски зданија кои овој град ги нуди на дофат и уживајте во Паркот Гуел, плоштадот на Кристофер Колумбо, плажата Барселонета, плоштадот Каталунија од каде започнува светски познатата пешачка и шопинг улица La Rambla, плоштадот Еспања со импресивните фонтани, Олимпиското село, брдото Монтжуик, олимпискиот стадион, Камп Ноу, музејот на Дали во Фигерас, како и огромен број на други класични и модерни архитектонски ремек дела.

 

Ден 1

26.април.2019 (петок) СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА

Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во 16:15 часот. Полетување за Барселона во 18:15 часот. Пристигнување во Барселона во 21:05 часот. Организиран трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.

Ден 2

27.април.2019 (сабота) БАРСЕЛОНА

Организиран панорамски разглед на градот: булеварот Дијагонал – главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, готската Катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија – централниот плоштад, точката каде стариот град се сретнува со новиот, во продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик, Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија, прекрасните Магични фонтани… Можност за факултативна посета на Аквариумот – еден од најголемите и најубавите аквариуми во Европа. Слободно време за шопинг во познатиот шопинг центар Maremagnum. Ноќевање.

Ден 3

28.април.2019 (недела) БАРСЕЛОНА (факултатива: Фигерас+Герона)

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, прошетки. Можност за факултативна посета на Фигерас со Герона – препорачуваме целодневна посета на Фигерас каде се наоѓа музејот на Салвадор Дали, што е предизвик за сите љубители на уметноста и оние кои сакаат да видат нешто потполно оригинално. Место во кое е роден и цел свој живот творел Дали, и насекаде може да се забележи Далиевото влијание. Сите негови дела прикажани на посебен начин и на посебно место ја прикажуваат неговата генијалност. Музејот во кој може да се види најголемата и најразновидната колекција, скулптури, 3Д колажи, како и приватно колекции на Дали од други уметници. Попатно на враќање посета на убавото, живописно градче Герона, кој се наоѓа на североисток на Шпанија непосредно до Француската граница. Прошетка низ историскиот центар на градот, неговата тврдина изградена како систем на одбрана во римскиот период, катедралата која се наоѓа во срцето на тврдината, колористичниот куќички на брегот на реката Onyar…. Ноќевање.

Ден 4

29.април.2019 БАРСЕЛОНА

Појадок. Факултативно, препорачуваме посета на стадионот Камп Ноу, музејот на ФК Барселона – модерен интерактивен музеј со прекрасни аудио и визуелни приказни. Посета на Шпанското село кое ја обединува иприкажува разноликоста на архитектурата на Шпанија. Прошетката продолжува кон паркот “Гуел” – ремек дело на познатиот шпански архитект Антони Гауди, препознатлив по својата уникатност, денес е дел од листата на светското културно наследство под заштита на UNESCO. Можност за посета на видиковецот Тибидабо, кој нуди прекрасен поглед на градот. Трансфер до аеродром. Во 21:50 часот полетување за Скопје. Пристигнување во Скопје во 00:35 часот по полноќ.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на наведената релација Скопје – Барселона – Скопје со Wizzair
  •  Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)
  •  Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  •  Сместување во хотел 3*** на база 3 ноќевања со појадок
  •  Организиран разглед на Барселона по програмата
  •  Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето.

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси по лице се 3.950 денари
  • Кабинска торба до 10кг (со димензии 55х40х23см) ден 1.300 ден
  •  багаж за чекирање – куфер до 10 кг 1800 ден,
  • багаж за чекирање куфер до 20 кг 3300 ден,
  • Влезници за Камп Ноу 25 евра, Аквариум 20 евра
  • Посета на Парк Гуел, Шпанско село и Тибидабо 55 евра (превоз и влезници)
  • Посета на Фигерас и Герона 60 евра
  • Фламенко шоу со пијалок 40 евра
  •  Доплата за еднокреветна соба 9.000 ден
  • Туристичка такса 560 ден се плаќа во агенција
  • Билети за јавен превоз со метро
  • Патничко – здравствено осигурување

Напомена:

  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупнот износ на аранжманот.
  • Целосна уплата, 10 дена пред започнување на аранжманот
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
  • Доколку не се оствари минималниот број на патници, Организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
  • Плаќањето се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€
  • ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА  НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 20 ПАТНИЦИ
  • Пасошот треба да важи минимум 180 дена по завршувањето на патувањето
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ВЕЛИГДЕН НА СЛЕДНИОВ ЛИНК