Велигден 2019 – Венеција, Милано, Сирмионе РАСПРОДАДЕНО

Венеција – главен град на регионот Венето и провинцијата Венеција во североисточна Италија. Изградена е на 118 мали острови во устието на реката Бренте во венецијанскиот залив. Позната е и како „град на каналите“. Повеќе од илјада години Венеција била главен град на Венецијанската Република. Градот бил основан во 569 година.
Венеција има над 170 канали по кои пловат гондоли, чамци, мали параброди и моторни бродови. Најголем е Големиот канал на кој се наоѓа познатиот мост „Ријалто“, а околу 380 помали и поголеми мостови служат за премин преку каналот.
Венеција има многу познати архитектонски и уметнички споменици: Дуждова палата, црквата Свети Марко и деведесет други цркви, богати музеи, уметнички галерии, познатата академија на уметностите, опсерваторија и други научни и културни установи. Во неа се одржуваат и познатиот Венецијански филмски фестивал, Биеналето, Тетарскиот фестивал. Позната е и по изработката на предмети од стакло (потекнува од островот Мурано), чипка, сребро, злато, кожа. Во предградијата на Венеција се наоѓа индустриска зона, а во близина се многубројните плажи, од кои најпозната е Лидо.

Велигден 2019 – Венеција, Милано, Сирмионе

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

149 евра (9.240,00 денари)

РОДЕНДЕНСКА ЦЕНА 119ЕВРА ДО 15.04.2019

Ден 1

 

Ден 1 – 26.04.2019 СКОПЈЕ-ВЕНЕЦИЈА

Поаѓање за Венеција во 14.30 часот на паркингот на Holiday Inn. Патување преку Србија со попатни паузи и царински формалности. Ноќно возење.

Ден 2

Ден 2 – 27.04.2019 ВЕНЕЦИЈА

Пристигнување во Венеција и разглед на градот: Плоштадот и црквата св. Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, мостот Риалто, каналот Гранде… Продолжување кон Лидо ди Јесоло. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошеткиНоќевање.

Ден 3

Ден 3 – 28.04.2019 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – МИЛАНО

Појадок. Можност за факултативен излет до Милано… Разглед на убавините на градот: Замокот Сфорцеско, пешачката улица Данте, Плоштадот Дуомо и Катедралата Дуомо, Galleria Vittorio Emanuele што ги поврзува Катедралата Дуомо и една од најпознатите оперски куќи во светот, Миланската Скала, градската куќа на Милано… Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Лидо во вечерните часови. Ноќевање.

Ден 4

Ден 4 – 29.04.2019 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – СИРМИОНЕ – ВЕРОНА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотел и факултативно заминување кон  Верона.Прошетка низ градот: арената,минхенска фонтана,куќата на Јулија….продолжување за Сирмионе (место на јужниот брег од познатото езеро,,Гарда,,) омиленото место за богаташи,познато по сулфурните извори,термални лековити бањи ( Вирџилио и Катуљо),прошетка до куќата на познатата Мариа Калас,замокот Скалигер од XIII век, црквата Сан Пиетро,Санта Мариа Маџореможност за прошетка со бродче по езерото.Ноќно возење преку Словенија, Хрватска, Србија..

Ден 4

Ден 5 – 30.04.2019 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

Аранжманот вклучува:

*автобуски превоз на наведената релација

*2 НП (ноќевање со појадок) во хотел 3* во Лидо ди Јесоло

*лиценциран пратител и организација на аранжманот

* разглед на Венеција со локален водич

Аранжманот не вклучува:

*карта за брод Венеција 20 евра

*факултативна посета наМилано 35 еур (факултативата се организира со минимум 25 патници)

*задолжителна факултативна посета на Верона и Сирмионе 10 евра

*патничко осигурување

НАПОМЕНИ:

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.

– Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат!

– За факултативните излети најдобро е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот .

– За овој програм важат Опшите Услови на патување на Т.А.Стаф

– Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

 

Општи напомени за патување:

– Т.А.Стаф го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ВЕЛИГДЕН НА СЛЕДНИОВ ЛИНК