ВИЛА THANOS – УРАНОПОЛИС – ГРЦИЈА ЛЕТО 2020

Небесниот Град… тоа е капијата преку која се влегува во независната монашка држава Света Гора, последното место на Халкидики кое наликува на рајот што можете овде да го добиете. Уранополис е тесна граница меѓу ноќниот живот и аскетската духовност… до скоро речиси целосно изолиран за масовен туризам, а сепак најатрактивно летувалиште заради небесно сината вода и волшебните плажи… Старата кула од византискиот период на брегот од морето е симболот на овој град. Одовде секојдневно испловуваат бродови до Дафни-главното пристаниште на Света Гора, како и до ненаселените острови Дрениа и Магарешкиот остров прочуени по прекрасните плажи. Уранополис е преубав приморски град со недопрена природна убавина, златни песочни плажи, чисто море, неповторлива атмосфера.

Во местото има банки, аптеки, маркети, пекари, ресторани, таверни, автобуски линии кои го поврзуваат со Солун и со Ситонија и Касандра. На само десетина километри пред градот е пристаништето Трипити, од каде со траект можете да пристигнете на Амоулиани – единствениот населен остров на Халкидики и тука неколку часа да уживате на преубавата песочна плажа Golden beach…

ВИЛА THANOS – УРАНОПОЛИС

ГРЦИЈА ЛЕТО 2020

ПОПУСТ ОД 15 %  за КОМПЛЕТ УПЛАТИ ДО 31.01.2020 !!!

ИНФО НА 071/451-633 или 02/2774-371

Вилата Thanos се наоѓа на самиот влез од преубавиот приморски град Уранополис на третиот крак Атос. Привилегија е да летувате во местото во кое владее апсолутен мир. Да престојувате во студијата и апартманите кои имаат поглед на раскошната морска непрегледност и на привлечните ненаселените острови Дрениа и Магарешкиот остров. Островите се прочуени по прекрасните плажи. Тука можете да го пиете утринското кафе со поглед кон  единствениот населен остров Амоулиани. На овој осторв се наоѓа преубавата песочна плажа Golden beach

Вилата е на само неколку минути од најблиската плажа која плени со својата недопрена убавина и на околу  300 метри од прекрасната плажа пред хотелот „Xenia“. Студијата и  апартманите се наоѓаат на високо приземје и на вториот спрат од вилата. Сите  имаат  опремени кујни, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Некои од сместувачките капацитети на вториот спрат имаат тераси со директен поглед на море, додека пред студијата на приземје има дворно место за одмор. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

 

ЛОКАЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ

Термин Ноќевања 1 /2 студио приземје 1 /4 студио приземје 1/ 4+1 апп море 1/ 3 студио море 1/ 4 апп без поглед
26.05-05.06.2020 10 9.300 ден (150 €) 12.400 ден (200 €) 18.600 ден (300 €) 15.500 ден (250 €) 12.400 ден (200 €)
05-15.06.2020 10 12.400 ден (200 €) 18.600 ден (300 €) 24.800 ден (400 €) 21.700 ден (350 €) 18.600 ден (300 €)
15-25.06.2020 10 15.500 ден (250 €) 21.700 ден (350 €) 27.900 ден (450 €) 24.800 ден (400 €) 21.700 ден (350 €)
25.06-05.07.2020 10 18.600 ден (300 €) 24.800 ден (400 €) 31.000 ден (500 €) 27.900 ден (450 €) 24.800 ден (400 €)
05-15.07.2020 10 24.800 ден (400 €) 31.000 ден (500 €) 37.200 ден (600 €) 34.100 ден (550 €) 31.000 ден (500 €)
15-25.07.2020 10 27.900 ден (450 €) 34.100 ден (550 €) 40.300 ден (650 €)  37.200 ден (600 €) 34.100 ден (550 €)
25.07-04.08.2020 10 27.900 ден (450 €) 34.100 ден (550 €) 40.300 ден (650 €)  37.200 ден (600 €) 34.100 ден (550 €)
04-14.08.2020 10 27.900 ден (450 €) 34.100 ден (550 €) 40.300 ден (650 €)  37.200 ден (600 €) 34.100 ден (550 €)
14-24.08.2020 10 27.900 ден (450 €) 34.100 ден (550 €) 40.300 ден (650 €)  37.200 ден (600 €) 34.100 ден (550 €)
24.08-03.09.2020 10 24.800 ден (400 €) 31.000 ден (500 €)  37.200 ден (600 €) 34.100 ден (550 €) 31.000 ден (500 €)
03-13.09.2020 10 18.600 ден (300 €)  24.800 ден (400 €)  31.000 ден (500 €) 27.900 ден (450 €) 24.800 ден (400 €)
13-23.09.2020 10 13.640 ден (220 €) 18.600 ден (300 €)  24.800 ден (400 €) 21.700 ден (350 €) 18.600 ден (300 €)

 

Вила Thanos“ – Уранополис

Четирикреветни студиа кое се наоѓаат на високо приземје или на втор спрат во кои што има две простории. Во првата има еден дупли кревет и два единечни кревети со нормални димензии, мебел, телевизор, клима уред. Кујната е издвоена во друга просторија и е опремена со мини шпорет со рерна, аспиратор, основни садови за готвење и јадење и голем фрижидер со издвоена комора. Во овој простор се наоѓа и купатилото кое е со нормална големина. Од собата се излегува на пространо дворче опремено со пластична маса и столчиња. Просторот во дворот е покриен со тенда.

Трокреветно студио на втор спрат во кое има еден дупли и еден единечен кревет со нормални димензии. Опремено е со мебел, телевизор, клима уред. Кујната е во истата просторија и е опремена со решо со две рингли, основни садови за готвење и јадење и голем фрижидер со издвоена комора. Од собата се излегува на тераса која има преубав поглед на море. Опремена е со дрвена маса и столчиња и е заштитена со тенда. Студиото има купатилото со нормална големина.

Двокреветно студио кое има еден дупли кревет со нормални димензии. Опремено е со мебел, телевизор, клима уред. Кујната е во истата просторија и е опремена со решо со две рингли, основни садови за готвење и јадење и фрижидер со мала комора. Во овој простор се наоѓа и купатилото кое е со нормална големина.Од собата се излегува на пространо дворче опремено со пластична маса и столчиња заштитено со тенда.

Напомена:
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци – Јерисос
  • Цена на повратен билет –35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
  • Во сите студија дозволено е сместување на толку лица колку што има кревети.
  • Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
  • Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила.
  • Објектот е во фаза на реновирање, ќе биде готов за новата сезона. Сликите кои се сега поставени се од нереновирани студиа и апартмани.

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2020

УРАНОПОЛИС УРАНОПОЛИС УРАНОПОЛИС УРАНОПОЛИС УРАНОПОЛИС УРАНОПОЛИС УРАНОПОЛИС УРАНОПОЛИС УРАНОПОЛИС УРАНОПОЛИС УРАНОПОЛИС   УРАНОПОЛИС УРАНОПОЛИС УРАНОПОЛИС УРАНОПОЛИС