УБАВИЦИТЕ НА ДУНАВ – АВТОБУС – ВЕЛИГДЕН

Будимпешта– град со прекрасна местоположба за сонување кој ја покажува темпераментната визија на Истокот и на Западот, како и нивната магична халуцинација на убавината.
Главен град на Унгарија истовремено и главен индустриски, трговски и транспортен центар. Познат како Бисерот на Дунав кој нуди широк избор на туристички атракции. Градот окупатор на двата брега на реката Дунав, од десна страна брегот Буда, а од лева страна Обуда со Пешта. Име составено од три градови Обуда, Буда и Пешта кои формирале еден град, односно Будимпешта. Познат по своите бројни топли природни и вештачки извори кои датираат уште од 1934 година, му ја подарија титулата на “Градот на Бањите“.

УБАВИЦИТЕ НА ДУНАВ 

БРАТИСЛАВА, ВИЕНА и БУДИМПЕШТА

ЦЕНА во предпродажба до 09.Март:

8.000 денари (129 евра)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

9.240 денари ( 149 евра)

Ден 1

26. Април (петок) СКОПЈЕ – БРАТИСЛАВА

Состанок на групата пред хотелот „Холидеј ин“ во 12.00 часот. Тргнување за Братислава во 12.30 часот. Се патува преку Р.Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

Ден 2

27. Април (сабота) БРАТИСЛАВА

Пристигнување во Братислава во утринските часови и разглед на градот со локален водич: Средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт… Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

Ден 3

28. Април (недела) БРАТИСЛАВА – ВИЕНА

Појадок. Предлагаме целодневна факултативна посета на Виена.Разглед на градот со локален водич: Плоштадот Рингштрасе, палатата Хофбург, Парламентот, Виенската опера,катедралата св. Стефан,дворците Белведере и Шенбрун. Слободно попладне за виенско кафе и торта, уживање во атмосферата на кралската и елегантна Виена. Враќање во БратиславаНоќевање.

Ден 4

29. Април (понеделник) БРАТИСЛАВА – БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон Будимпешта. Разглед на Будимпешта со локален водич: споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, Црквата Св. Матејас, Рибарската тврдина… Потоа, крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови. Слободно време за кратка прошетка низ центарот на градот. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Ноќно возење со куси попатни паузи. Се патува преку Р.Србија.

Ден 5

30. Април (вторник) СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.

 

 

Во цената на аранжманот e вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
  • Сметување во хотел со 3*** во Братислава на база 2 ноќевања со појадок
  • Разглед на Братислава со локален водич
  • Организација на аранжманот и пратител на групата

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • факултативна посета на Виена со локален водич – 25 евра(минимум 30 патници)
  • Разглед на Будимпешта со локален водич и крстарење со брод по Дунав – 25 евра
  • Задолжително патничко здравствено осигурување

 

Напомени:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници
  • За овој програм важат Општите услови на патување на Т.А. Стаф
  • Начини на плаќање:
  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.
  • Општи напомени за патување:
  • Т.А. Стаф го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
  • Пасошот треба да важи минимум 4 месеци од завршувањето на патувањето
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ВЕЛИГДЕН НА СЛЕДНИОВ ЛИНК

Будимпешта БудимпештаБудимпешта Топ дестинации