Стразбур – Колмар за 8-ми Март 3НП(СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА)

СТРАЗБУР – еден од најзначајните центри на Европската Унија. Карактеристично за овој регион се лозовите насади кои ги даваат едни од најпознатите сортни вина, врв на светскиот квалитет на бели вина од ароматични сорти на грозје. Најпознатиот дел на градот е Пети Франс (Мала Франција), со убавата архитектура од времето на француското владеење. Во околината се наоѓаат градби од времето кога градот бил под германска власт, како: Операта од 19 век, во која опери поставувал Вагнер, како и црквата Св. Тома, во која свирел Моцарт. Секако, најпознатата градба во Стразбур е готската катедрала, чие целосно име е „Катедрала Нотр-дам де Стразбур“.
Градот Колмар во Франција се смета за еден од најубавите градови во Европа кој изгледа како да излегол од бајките. Овој мал град нуди разнобојност која доминира во стариот дел на градот. Колмар со својата околина е вториот најсув град во Франција, што го прави идеален за одгледување на винова лоза – токму затоа градот ја доби титулата „Главниот град на елзаски вино“. Освен титулата, Колмар со своите прекрасни плоштади, фонтани и канали исто така се нарекува „Мала Венеција“ (Le Petite Venise). Овој мултиград е дом на Фредерик Бартолд, кој ја дизајнирал Статуата на слободата, како и на сликарот Мартин Шонгауер.

Стразбур – 8-ми Март 3НП

ЦЕНА: 279 евра

Важи за уплати од 04.02 – 10.02.2019

Цена на аранжманот:

359€ (22.260,00 мкд)

08 март Скопје – Базел – Стразбур

Состанок на групата во 12:20 часот на аеродромот во Скопје. Полетување за Базел во 14:05 часот, слетување во 16:25 часот. Трансфер до центарот на Базел, прошетка и запознавање на знаменитостите. Заминување за Стразбур, пристигнување и сместување во хотел.Ноќевање.

09 март Стразбур

Појадок. Разглед на Стразбур – град во покраината Алзас на истокот на Франција на реката Ил. Во Стразбур се наоѓаат седиштата на Европскиот совет и на Европскиот парламент, Маѓународниот суд за човекови права и други важни европски и светски институции. Разглед на историскиот центар на градот: величенствената катедрала Нотр Дам градена од 12-ти до 15-ти век во готски стил, висока 142 метри, Старата царина, Палатата Рохан, куќата Камерзел, плоштадот Гутенберг. Стариот дел на градот, познат и како мала Франција, заштитен како светско културно наследство од УНЕСКО во 1988-ма година, е најсликовит дел на Стразбур и изобилува со шарени градби од дрво кои се градени помеѓу 16-ти и 17-ти век, покриени мостови и одбранбени кули од 13-ти век. Слободно попладне, можност за факултативно крстарење по каналите на Стразбур. Ноќевање.

10 март Шварцвалд: Баден Баден и Фрајбург

Појадок. Целодневен факултативен излет во Шварцвалд: Баден-Баден, кое се наоѓа во подножјето на Шварцвалд, на реката Ос и птретставува вистинска оаза на Германската култура и историја. Во градот се наоѓаат 14 термални извори, познати по своите лековити својства, отука градот е и идеално место за бански туризам. За неговото славно минато светочат големите раскошни палати и вили со прекрасно уредени паркови и 3 километри долгото шеталиште. Продолжуваме кон градчето Фрајбург кој го носи епитетот бисерот на Шварцвалд. Иако за време на Втората светска војна бил сосема уништен, полека и прецизно е реставриран до последниот детал, па денес важи за еден од најубавите средновековни градови во Европа. Прошетка по главниот плоштад со катедралата Мунстер и камбанаријата висока 116 метри, познатата трговската зграда од 16-ти век со темноцрвена фасада, градското собраниеод 16-ти век, плоштадот на Аугистините со манастирот каде има скали налик на познатите Шпански скали во Рим. Слободно време. Враќање во Стразбур. Ноќевање.

11 март Алзас: Риквир и Колмар – Скопје

Појадок. Целодневен факултативен излет во Алзас: селото Риквир едно од најубавите села во Франција со годишна посетеност од околу милион туристи. Тесните улички потсетуваат на сценографија за некој филм чие дејство се одвива во средниот век. Интересни се кулата на северната капија од 13-ти век, црквата од 14-ти век, станбените згради кои потекнуваат од 16-ти и 17-ти век. Посета на винарија и можност за дегустација на вино. Слободно време. Патувањето продолжува кон Колмар, сместено во подножјето на планината Вогези на реката Лаух, која со канал е поврзана со Рајна. Поради многубројните мостови, канали и преубави плоштади се нарекува мала Венеција. Стариот и зачуван средновековен центар на градот од 9-ти век е главна туристичка атракција која привлекува огромен број на туристи. Во старите дрвени градби се наоѓаат цркви, продавници, сувенирници, кафулиња, ресторани… Религиските и културни знаменитости во Колмар се протегаат низ многувековната Германско-Француска историја. Слободно време во историскиот центар на градот: црквата Свети Мартин, Доминиканска црква, куќата Пфистер, квартот Танеурс, музејот Бартолди, музејот Унтерлинден. Трансфер до аереодромот во Базел. Лет на Визер во 22:25 часот. Пристигнување во Скопје во 00:35 часот.

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Авионски билет на релација Скопје – Базел –Скопје

– Кабинска торба со димензии 10х30х20цм до 8кг.

– Сите трансфери по програмата со автобус

– Сместување во хотел IBIS STYLE STRASBOURG CENTRE GARE 3* во Стразбур, на база 3 ноќевања со појадок

– Организиран разглед на Стразбур

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Аеродромски такси 3.990,00 мкд

– Доплата за чекиран багаж – куфер до 10kg 1.200 мкд *(цената може да се промени како наближува летот)

– Туристичка такса 600 мкд (се плаќа во агенција)

– Крстарење по каналите на Стразбур 20 евра

– Целодневен факултативен излет – Шварцвалд (изјаснување во агенција при уплата/резервација) 75евра

– Целодневена задолжителна посета на Алзас 40 евра

– Влезници за локалитети и културно-историски споменици

– Доплата за еднокреветна соба 5.600,00 мкд

– Задолжително патничко осигурување (инфо во агенција)

 

Напомена:

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.

– За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ и Стаф Травел.

– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

– Т.А.Стаф Травел го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена нараспоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Начини на плаќање:

– Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпроидажба). Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

 

Колмар

 

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА 8-МИ МАРТ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК