Ставрос – Апартхотел “Alexander Inn” – Грција Лето 2019

Ставрос е идеално место за семејно летување, за оние кои сакаат да поминат релаксирачки одмор, како и за млади. Има особено блага клима, песочни плажи кои во еден дел од градот се со нагласено плитко море и развиена трговска мрежа која за време на летниот период е во постојана функција на туристите. Градот е оддалечен од Солун само 80 километри, а во непосредна близина се наоѓаат туристичките места Неа Врасна и Аспровалта со кои е поврзан со автобус кој сообраќа преку целиот ден. Градот изобилува со маркети, ресторани, таверни, кафетерии, слаткарници, пекари, продавници за гардероба и сувенири… Во центарот на градот има луна парк и најразновидни забавни игри за децата, убаво уреден парк, мало пристаниште, банка… Во близина на Ставрос се наоѓа познатото место Олимпијада каде Ви препорачуваме да ја посетите фантастичната Платинеста плажа.

Ставрос – Апартхотел “Alexander Inn”

Грција Лето 2019

Апартхотелот „Alexander Inn“ е лоциран на само 50 метри од плажата во Ставрос. Хотелот има пица-ресторан и кафе бар, а во дворот на хотелот има преубав базен опкружен со лежалки и чадори кој им е на располагање на гостите. Во прекрасниот амбиент на хотелскиот комплекс посебен простор е уреден за најмладите-детското катче е опремено со играчки каде децата безбедно можат да се забавуваат. Во нашата понуда имаме трокреветни студија на високо приземје и на прв спрат кои имаат тераси со директен и бочен поглед кон базенот. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел соодветен на хотелско сместување. Во нив има купатила, мини кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Што се однесува до постелнината и крпите тие се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целиот објект е со сончеви колектори, а хотелот е покриен со безжичен интернет.

Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Хотелот има сопствен паркинг.

 

ЛОКАЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ

Апартхотел „Alexander Inn” – Ставрос
Термин: Ноќевања: 1/3 студио (улица) 1/3 студио (базен)
26.0505.06.2019 10 11.160 ден (180 €) 12.400 ден (200 €)
05.06-15.06.2019 10 17.360 ден (280 €) 18.600 ден (300 €)
15.06-25.06.2019 10 20.460 ден (330 €) 21.700 ден (350 €)
25.06-05.07.2019 10 26.660 ден (430 €) 27.900 ден (450 €)
05.07-15.07.2019 10 32.860 ден (530 €) 34.100 ден (550 €)
15.07-25.07.2019 10 35.960 ден (580 €) 37.200 ден (600 €)
25.07-04.08.2019 10 35.960 ден (580 €) 37.200 ден (600 €)
04.08-14.08.2019 10 35.960 ден (580 €) 37.200 ден (600 €)
14.08-24.08.2019 10 35.960 ден (580 €) 37.200 ден (600 €)
24.08-03.09.2019 10 29.760 ден (480 €) 31.000 ден (500 €)
03.09-13.09.2019 10 26.660 ден (430 €) 27.900 ден (450 €)
13.09-23.09.2019 10 17.360 ден (280 €) 18.600 ден (300 €)

 

Апартхотел “Alexander Inn” – Ставрос – Студио бр. 9

Трокреветно студио на високо приземје кое има еден дупли и еден единечен кревет, мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има сопствено купатило со нормална големина. Студиото располага со пространа тераса која има директен поглед на базенот, опремена со пластична маса и столчиња. Терасата е поврзана со терасата на студиото бр. 10.

Апартхотел “Alexander Inn” – Ставрос – Студио бр. 10

Трокреветно студио на високо приземје кое има три единечни кревети, мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има сопствено купатило со нормална големина. Студиото располага со пространа тераса која има директен поглед на базенот, опремена со пластична маса и столчиња. Терасата е поврзана со терасата на студиото бр. 9.

Апартхотел “Alexander Inn” – Ставрос – Студио бр. 11

Трокреветно студио на високо приземје кое има еден дупли и еден единечен кревет, мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има сопствено купатило со нормална големина. Студиото располага со тераса опремена со пластична маса и столчиња која има поглед во дворот на хотелот и кон паркингот, како и бочно кон базенот.

Апартхотел “Alexander Inn” – Ставрос – Студио бр. 17

Трокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли и еден единечен кревет, мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има сопствено купатило со нормална големина. Студиото располага со тераса со пластична маса и столчиња која има поглед во дворот на хотелот и кон паркингот, како и бочно кон базенот.

Апартхотел “Alexander Inn” – Ставрос – Студио бр. 19

Трокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли и еден единечен кревет, мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има сопствено купатило со нормална големина. Студиото располага со пространа тераса која има директен поглед на базенот, опремена со пластична маса и столчиња. Терасата граничи со терасата на студиото бр. 20.

Апартхотел “Alexander Inn” – Ставрос – Студио бр. 20

Трокреветно студио на прв спрат кое има три единечни кревети, мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има сопствено купатило со нормална големина. Студиото располага со пространа тераса која има директен поглед на базенот, опремена со пластична маса и столчиња. Терасата граничи со терасата на студиото бр. 19.

Напомена:
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци – Ставрос
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот
  • Цена на повратен билет –35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
  • Агенцијата како организатор на патувањето не може да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2019