ШПАНИЈА – ВЕЛИГДЕН (СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА)

Кралството Шпанија е сместено на југозападот од Европа, завзема најголем дел од Пиринејскиот полуосторов. Шпанија на јужниот и источниот дел излегува на Средоземното море, додека северниот и северозападниот дел излегува на Атланскиот океан. Шпанија е европска држава која по својата местоположба е најблиску до африканскиот континент. Средоземната обала од Шпанија има најмогу сончеви часови во Европа, поради што ја прави една од најпоседените туристички дестинации во Европа.

ШПАНИЈА ЗА ВЕЛИГДЕН

РОДЕНДЕНСКИ ПОПУСТ ЗА 1/2 СОБА – 189ЕВРА ПО ЛИЦЕ  ДО 15.04.2019

ЛОРЕТ ДЕ МАР

Лорет де Мар – “Цвет на море”, е туристички центар во шпанскиот регион Коста Брава (Дивата обала). Коста Брава е регион кој се простира во североисточна Катанија, од француската граница до Барселона. Медитеранскиот брег се протега во правец север – југ, во должина од 200 километри.

Самата локација на Коста Брава е идеална за посета и разглед на Барселона, која се наоѓа во непосредна близина. Денеска Барселена е модерен град, со широки булевари и просторни плоштади, монументални споменици и големи пристаништа. Ова е град на еден од најголемите фудбалски клубови во светот.

Место кое не треба да се пропушти да се посети секако е и шеталиштето Лас Рамблас, на кое се наоѓа и пазарот Ла Бокерија на кој може да најдете зачини и овошје од целиот свет. На крајот од шеталиштето се наоѓа и споменикот на Кристофер Колумбу, од каде имате преубав поглед на морето.

Долгите песочни плажи, преубавата обала на Средоземното море во комбинација со прекрасната природа, медитерснската клима, големиот број сончеви часови и богатото културно наследство, го прават едно од најатрактивните летувалишта во Шпанија, но и во Европа. Тука летото е топло, но подносливо, плажите се песочни и чисти, што дури пет плажи се носители на Плаво знаменце, меѓународно признание за квалитет, а најголема плажа е Санта Марија.

По должината на плажата се лоцирани голем број барови, ресторани и кафичи во кои можете да направите пауза и да се сокриете од сонцето. Овој топол и темпераментен медитерански град ќе Ви овозможи на Вас се она што сте очекувале од Шпанија: сонце, сангрија и добар провод со незаборавниот фламенко. За љубителите на добрата забава и музика, имаат голем број дискотеки и барови кои им пружаат одлична забава до раните утрински часови.

Ден 1

1 Ден 21.04.2019 /Скопје – Србија – Хрватска – Словенија – Италија:

Поаѓање  во утринските часови од пред спортскиот центар Борис Трајковски-Скопје. Патување преку гр.премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

 

Ден 2

2 Ден 22.04.2019 /Италија – Кавалино – Венеција – Монако/Монте Карло – Франција:   

Во раните утрински часови пристигнување во туристичката зона Кавалино. Можност за факултативен излет (со брод) до Венеција. Разглед на Венеција: Дуждева Палата, плоштадот и базиликата San Marco, Венецијанските столбови, каналот Grande, мостот Rialto, Santa Maria della Salute, мостот на воздишките. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Враќање кон Punta Sabbioni и трансфер до Кавалино. Тргнување за Монако. Следува разглед на бајковитиот град: Палата Грималди, катедралата Св.Никола, Океанографскиот музеј, егзотичните градини, патеката  на Формула 1. Посета на магичниот град на коцката и обиколка на познатите Casina, со прошетка на преубавите паркови на Монте Карло. После обиколката на оваа мала монденска држава следува ноќно возење и продолжување на патувањето преку Франција и Шпанија…

Ден 3

3 – 6  Ден 23.04.-27.04.2019 / Шпанија – ЛОРЕТ ДЕ МАР:

Пристигнување во Лорет де Мар најпознатото туристичко летувалиште на Коста Брава кое е одалечено само 65 километри од градот Барселона. Следува сместување во соби и слободно време за релаксирање, капење. Секоја вечер факулативно посета на некоја од најдобрите дискотеки. Ноќевање. Можност за факултативни излети на најинтересните места: FLAMENKO LA SIESTA, BARCELONA PANORAMICA, COSTA BRAVA, BARCELONA BY NIGHT, PORT AVENTURA, NOU CAMP, AQUARIUM, DALI… Покрај тоа секоја вечер приредуваме на ексклузивни тематски забави во најпознатите ноќни клубови во Барселона и Лорет де Мар.

Ден 7

7 Ден 27.04.2019 / Лорет де Мар – Барселона – Шпанија – Франција:

Напуштање на сместувањето. Слободно време во Лорет де Мар или можност за факултативен излет “Барселона shopping & Магични фонтани”. Тргнување кон Азурната обала во касните вечерни часови. Ноќно возење преку Шпанија и Франција…

Ден 8

8 Ден 28.04.2019 / Ница – Франција – Италија – Словенија – Хрватска:  

Утринско будење на Азурниот брег. Разглед на Ница: Promenade des Anglais, хотел Negresco, брдото Chatou, плоштадот Massena, операта, стариот дел на градот преполн со шармантни кафулиња. Слободно време за индивидуални прошетки, шопинг. Во вечерните часови тргнување за Македонија, преку Франција, Италија, Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи заради регулирање на гранични формалности.

Ден 9

9 Ден 29.04.2019 / Македонија – Скопје: 

Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

Сместување

Тип на соба

Цена

Хотел 3*

1/4

199

1/3

199

1/2

225

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • Автобуски превоз на горенаведената релација со високотуристички автобус
  • 4 ноќевања на база полн пансион во Лорет де Мар во Хотел 3*
  • Водичи според програмата и пратител на групата за време на целото патување
  • Организација и водство на патувањетo
  • Напомена: Сместувањето е во повеќекреветни соби.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 450 денари
  • Задолжителна туристичка такса за регионот Каталонија (од 01.11.2012) –  во хотели со 1*, 2* и 3* – 0,5 € по ноќевање/по патник, а за сместување во хотели со 4* – 1 € по ноќевање/по патник – се плаќа на рецепција од хотелот
  • Факултативни излети и влезници
  • Трансфер со брод до Венеција
  • Индивидуални трошоци на патникот.

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ

Наведените описи за излетите се од информативен карактер и може да бидат изменети од страна на локалните партнери кои се задолжени за нивната реализација.

БАРСЕЛОНА ПАНОРАМА

Откако ќе се искачиме на брдото Монжуик, ќе ја имате Барселона на дланка и ќе добиете впечаток и ориентација за градот. Оттаму како на ѓердан се нижат скапоцени изданија за чија чистота и вековност са грижат градот и УНЕСКО. Ремек делата на Антони Гауди се неизбежни во обиколка на Барселона на најелегантната авенија Passeig de Gracia ќе ги видите неговите куќи како од бајка, Casa Batllo и Casa Mila. Неговото најголемо ремек дело црквата Sagrada Familia.  Нема да ве остават рамнодушни ни плоштадите Каталуња и Еспања, Националната палата, арените за корида. А за крај прошетка по најшарената улица на светот. Ла Рамбла, улица која ќе посакате да нема крај…(20 евра)

КОСТА БРАВА

Коста е и Шпански збор за “брег“, а Брава значи “карпест” или ”див”. Што во превод би дошло дива (карпеста) обала. Посета на Tossa de Mar, град со типичен Шпански шмек, автентичен на Шпанската архитектура со прекрасната средновековна тврдина. Посета на ботаничката градина Pinya de Rosa со преко 100 видови на кактуси… излетот завршува со дегустиција на вино и сангрија во винарска визба.(25 евра)

ФЛАМЕНКО И ВИТЕШКИ ИГРИ

Шпанска вечер со традиционалниот шпански танц Фламенко кој го изведуваат екипа на врвни танчерки и танчери. Шоуто е поделено во неколку дела, каде ќе уживате во феноменалниот глас на тенорот Сам, и специјалната изведба на светскиот рекордер во најбрз фламенко танц Хосе Леон. Вкусот на сангријата (кој можете да го конзумирате во неограничени количини) ќе го збогати уживањето во традиционалните танци и шпанската гитара…. и на крајот сме сигурни дека некој од вас ќе го поведе ритамот и ќе заигра.(35 евра)

ФИГЕРАС И МУЗЕЈ САЛВАДОР ДАЛИ

Посета на родниот град Салвадор Дали и неговиот музеј отворен во 1974 година. Дали Театар – музеј е изграден врз остатоците од поранешниот Figueres театар. Тој соджи најширока палета на дела кои ги опфаќа уметничката кариера на Салвдор Дали (1904-1989), од неговите најрани уметнички искуства и неговите надреалистички креации се до делата на последните години од неговиот живот. Музејот на Дали нуди уникатно искуство да бидете во можност да ги почуствувате делата и да уживате во работата и мислите на еден гениј.(30 евра)

CAMP NOU

Стадионот Камп ноу со капацитет од 99.354 седишта, го прави најголемиот стадион во Европа и дванаесеттиот по големина во светот. Доживејте ја магијата на најубавиот стадион на светот, каде ќе имате можност да го посетите музејскиот дел со сите трофеи освоени од FC BARCELONA, трибинте, сликајте се со најпознатите фудбалски ѕвезди, купете сувенир и испишете го своето име на дрес…(25 евра)

АКВАРИУМ

Во огромните аквариуми живеат 11.000 животни од 450 различни видови кои пливаат во 6 милиони литри вода, а движејќи се низ подводен тунел долг 80 метри ќе може да ги запознаете и истражите сите. Чуството да се биде толку близу до водениот свет што живее во водите на медитеранот е уникатно и незаборавно. Аквариумот на Барселона е најголемиот аквариум во Европа, посетен од над 14 милиони посетители до сега.(20 евра )

ДИСКО ВО ЛОРЕТ ДЕ МАР

Секоја вечер приредување на ексклузивните тематски забави во најпознатите ноќни клубови во Барселона и Лорет де Мар.(20 евра)

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ВЕЛИГДЕН НА СЛЕДНИОВ ЛИНК