САНТОРИНИ – ГРЦИЈА ЗА 11-ти ОКТОМВРИ (СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА)

 Издигнувајќи се од сините води на Егејското море, тркалезниот архипелаг на вулкански острови, 200 километри југоисточно од копното на Грција, со своите живописни и разнобојни карпи раскажува своја историја. Симболот на грчкиот туризам, наречен Санторини, а препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви е еден од 10-те најромантични дестинации во светот. Како што ќе се доближувате до островот, се потешко е да сфатите дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце.Како што рековме Санторини се наога во егејското море и припага на групата острови Киклади.Опфака територија од околу 96 км2,должина на обала од околу 69 км.Западната страна на островот,онаа која е свртена према вулканот е карпеста и стрмна и се вика KALDERA.На југоисточниот дел се наога варовитовулканска планина MESA VOUNO со највисок врв Prophifitis Ilias.Климата е умерена и е медитеранска.Во текот на летото дувка североисточен ветер познат по името meltemi,а во текот на зимата температурата никогаш не пага испод 10 степени.Дожд врне понекогаш во зима ,а во текот на летото нема врнежливи денови.

САНТОРИНИ – ГРЦИЈА ЗА 11-ти ОКТОМВРИ

Цена за уплати до 31.08

175 евра (10.850,00 мкд)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

195  евра (12,090,00 мкд)

ИНФО НА 071/451-633 или 02/2774-371

Опис на дестинација

Жителите на Санторини претежно се занимаваат со туризам, но и со одгледување на специфични видови на винови лози ,од кои се добива најубавото вино NYCHTERI,потоа со одгледување на добро познатите ситни мали санторински домати кои се со неверојатен вкус и од кои се подготвуваат преубави специјалитети во санторинските таверни.На островот не постојат извори на слатка вода,почвата се наводнува од умерената влага на островот,а водата за пиење е исклучиво флаширана.Главен град на островот е FIRA кој е изграден на самиот срт на калдерата,на 260 м над површината на морето. Посетете го Санторини за 11-ти октомври.

 

ПРОГРАМА ЗА ПАТУВАЊЕ:

Ден 1
09 Октомври 2019  СКОПЈЕ – ПИРЕА

Состанок на групата на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во 15 30ч. Се патува преку граничниот премин Богородица со попатни паузи.

Ден 2
10 Октомври 2019  ПИРЕА – САНТОРИНИ

Пристигнување на пристаништето Пиреа во раните утрински часови. Качување во брод и испловување во 07:25 часот. Пристигнување на пристаништето во Санторини во 15:30 часот. Трансфер од пристаниште до хотел со автобус. Сместување во хотел. Информативен состанок за презентација и уплата на факултативните излети. Слободно време. Ноќевање.

Ден 3
11 Октомври 2019 САНТОРИНИ

Појадок.Слободен ден или факултативно Kaldera morning – cruise. Ексурзијата започнува со мал традиционален брод кој Ве води по Калдерата до Nea Kameni – новиот вулкан, каде со локален водич се искачуваме до врвот на вулканот, каде што на врвот ќе го видиме и активниот кратер. Слободно време за фотографирање. Враќање на брод со кој се продолжува до Palia Kameni – стариот вулкан, каде што ќе имате можност да се капете во термалните води.

Враќање на старото пристаниште од каде што од бродот ќе ги видите двете стари пристаништа, пловидбата е долж сртот на Санторини.  Ја продолжуваме екскурзијата со посета на главниот град Фира, до каде се искачуваме пеш или со жичара или со магариња. Слободно време во Фира за индивидуални прошетки низ Фира и ручек во некоја од грчките таверни. Враќање во хотел во попладневните часови. Ноќевање.

Ден 4

12 Октомври 2019 САНТОРИНИ

Појадок. Целодневен факултативен излет – FULL DAY SANTORINI.Посета на селцето Акротири,одиме кон црвената плажа каде што ќе има можност за фотографирање на импресивната плажа.

Продолжуваме кон автентичните  живописни селца на островот, Мегалохори и Емпорио… Продолжуваме кон Имеровигли, балконот на Калдерата, највисокиот и најлуксузниот дел на градот Фира. Пешачка тура низ тесните улички меѓу пештерните куќи се до Фиростефани.

Како шлаг на денот Ве водиме во Oia (Иа) од каде ќе го видите најубавото зајдисонце. Слободно време за прошетки низ теснните улички каде ќе ги видите белите црквички со сини куполи.

Враќање во хотел во вечерните часови.Ноќевање

Ден 5
13 Октомври 2019 САНТОРИНИ – ПИРЕА – СКОПЈЕ  

Појадок. Напуштање на собите. Предлагаме посета на винаријата со посета на музеј на традиционално производство на вино во последните 450 години, единствен музеј во Грција кој се наоѓа на 8 метри длабоко во вулканска пештера. Дегустација на 4 различни видови на вулкански вина.

Во 14 часот трансфер до пристаниште. Испловување на бродот во 15:30. Пристигнување во Пиреа во 23:30. Ноќно возење со попатни паузи.

Ден 6
14 Октомври 2019  СКОПЈЕ  

Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

 

Цена за уплати до 31.08

175 евра (10.850,00 мкд)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

195  евра (12,090,00 мкд)

ИНФО НА 071/451-633 или 02/2774-371

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобусна релација Скопје – Пиреа – Скопје
  • Трансфер со брод на релација Пиреа – Санторини – Пиреа
  • Трансфер пристаниште – хотел – пристаниште
  • 3 ноќевања со појадок  во хотел со 2*/3* во Камари / Периса
  • Организација и придружник на патувањето

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

Факултатувни излети и програми

  • Full day Santorini– 35 € (превоз + водич)
  • Влезница на вулканот 2,5 евра
  • Kaldera morning  -( крстарење со брод+водич-влезница за вулканот)-35€
  • Жичара или магаре до Фира – 6 €
  • Посета на винарија со дегустација на 4 вина и вински музеј( превоз+влезница за винарија+водич) – 16 €
  • Грчка вечера со музика
  • Кабина на брод 6.200 денари
  • Авионско седиште на брод 4.000 денари
  • Еднокреветна соба 2.000 денари
  • Задолжително патничко осигурување 210 денари
  • Туристичка такса ( 4.5 еур по лице за три ноќи- се плаќа во агенција)

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА 11ти ОКТОМВРИ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК

 

 

мај