Рим во април – 3нп (авионски)

Рим – Срцето на Италија, град на седум рида, најголем и најброен град во Италија… според легендата основан од Ромул и Рем во 753 год. п.н.е. Во современиот живот на градот се преплетуваат историјата и архитектурата, стари повеќе од 3000 год, па затоа овој град е единствен, неповторлив и не личи на ниедна друга метропола во светот… и со право го носи името Вечен Град. Историјата на градот ја создавале императори, папи, цареви и конзули а изгледот му го дале најеминентните архитекти и уметници. Рим ќе Ве опчини со величенствените антички монументи, триумфални порти, раскошни дворци, колоритни плоштади, ренесансни фонтани, романтични фасади, Колосеумот… стариот дел на градот е вистински музеј на отворено. Сите патишта водат кон Рим!

Рим во април

Посетете го “Вечниот град” Рим во јануари. “Градот на седум брда” или “Престолнината на светот” кој всушност е една од најатрактивните и најпосетени европски дестинации. Рим е културно-историски центар на Италија и Европа, а стариот дел на градот е вистински музеј на отворено исполнет со остатоци од древни згради, триумфални капии, плоштади со фонтани, Цркви и Катедрали и познатиот Колосеум кој е најголемиот амфитеатар воопшто изграден во Римското Царство. Не пропуштајте ја посетата на Ватикан, на Колосеумот, Црквата Св. Петар, Шпанските скали, Виа Венето и секако фрлете паричка во фонтаната Ди Треви со желба повторно да дојдете во овој град кој ќе ви остане во незаборавно сеќавање.

 

Предлог програма: 08.04-12.04.2019
Ден 1

Пристигнување во Рим во вечерните часови. Ви препорачуваме прошетка до Пијаца Република.

Ден 2

Ви препорачуваме прошета по Виа Венето, Шпански скали, Пјаца дел Пополо, Виа дел Корзо, Фонтана ди Треви, Пјаца Венеција, Колосеумот, Виа Национале.

Ден 3

Посетете го Ватикан со Ватиканските музеи, Систинската палата и црквата Св.петар. Прошетка до Castel di Angelo или Замокот на Ангелите и преку мостот на Ангелите до Пјаца Нова позната коко уметничка четврт на Рим. Вечерта ви предлагаме вечера во национален ресторан во квартот Трастевере.

Ден 4

Можност за прошетка и посета на црквите Санта Марија Маџоре, Сан Џовани Латерано, Сан Клементе и гробот на Св.Кирил. Вкусете ги најразличните видови на тестенини или пак нарачајтего своето омилено кафеСлободно време за шопинг.

Ден 5

Приватен трансфер до аеродром. Ви препорачуваме да бидете на аеродромот два и пол часа пред поаѓање.

 

 

Цена од:  209 еур (12.958 мкд)

 

Во цената е вклучено:
  • Авионски превоз Скопје-Рим-Скопје со Wizz Air
  • Аеродромски такси
  • Бесплатна рачна торба  до 8кг со димензии (40x30x20 cm)
  • Хотел со 2*/3* -услуга 4 ноќевања со појадок
  • (Предлог хотел Tre Stelle  3* на 3км од центарот, во близина на Термини)

 

Во цената не е вклучено:
  • Трансфер од/до аеродром-хотел (информативно: 7 еур шатл бус; 50 еур такси)
  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса 3 еур на ден по лице (се плаќа во хотел)

Летови: Понеделник и Четврток

  • Скопје-Рим  17:50-19:25
  • Рим-Скопје  20:00-21:40

 

**Цената зависи од моментално расположливи места во авио компанијата и хотелите

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ АВИОНСКИ ПОНУДИ ТУКА