ПОПОВА КУЛА – Викенд дестинација 2020

Околината на Винаријата Попова Кула ви нуди можност да уживате во една поразлична приказна.

Покрај тоа што имате можност да научете нешто повеќе за душата и аромите на виното,имате можност и да се поврзете со недопрената природа во околината.

ПОПОВА КУЛА – ВИКЕНД ДЕСТИНАЦИЈА 2020 НИЗ МАКЕДОНИЈА

ЈАВИ СЕ И РЕЗЕРВИРАЈ НА 02/2774-371 или 071/451-633

 

Околината на Винаријата Попова Кула ви нуди можност да уживате во една поразлична приказна.

Покрај тоа што имате можност да научете нешто повеќе за душата и аромите на виното,имате можност и да се поврзете со недопрената природа во околината.

Заменете го секојдневието со следниве прошетки:

Ден 1

РЕКА ДОШНИЦА

Една од најчистите реки во околината,богата со вкусна пастрмка Од нејзиниот извор што се наоѓа околу 20 км јужно-југозападно од Демир Капија под највисокиот врв на Кожуф Планина, па сé до  Демир Капија нема населби или населени места. Пред да се влее во р. Вардар кај Демиркаписката Клисура, р. Дошница минува низ низините на демиркаписката долина сокриена од старата шума што расте долж нејзиното течение. Реката е позната кај авантуристите и трагачите по злато, бидејќи се смета дека во минатото околу речното корито била вршена експлоатација на злато.

Ден 2

ДОЛИНА НА КАКТУСИ

Долините на кактусите се дел од многуте креации на природата која несебично и ги дарила. Иако е добро познато дека кактусот е растение кое расте во пустинските делови на Мексико и САД, во Македонија како необичен природен феномен е пронајден на неколку места. Особено е впечатлива Долината на кактусите која се наоѓа во близина на напуштеното село Клисура, на околу 5 км јужно од градот Демир Капија. На јужната падина на висорамнината Краставец, еден посебен вид на џуџест кактус, кој како форма е многу редок, успеал да се прилагоди на тамошните природни климатски услови и да опстане, благодарејќи на влијанието на медитеранската клима од Егејот.

Ден 3

КАЧУВАЊЕ ПО КАРПИ

Демир Капија е едно од најдобрите места во Македонија за качување, планинарење, пешачење, риболов и други активности на отворено.

Има 16 сектори за спортско искачување, повеќе од 200 правци имаат различна категорија на потешкотии.Многу карпи се наоѓаат во близина на патиштата и инфраструктурата, што овозможува брз пристап до повеќето од качувачките сектори; повеќето од нив се погодни за почетници и групи со деца. Повеќето од карпите се варовнички, но еден час оддалечени се и песочник и гранитни карпи за искачување, планинарење и касарење.

Ден 4

ТВРДИНА ПРОСЕК

Старата градска населба, што се наоѓала на овие простори, имала посебно значајна стратегиска и воена позиција во минатите епохи. На ова упатува и присуството на цел систем на утврдувања на камените масиви од двете страни на Вардар, меѓу кои најистакнати се Марков Град и Кале-Стрезов Град од левата страна и Рамниште од десната страна на реката. Од сите нив се зачувани остатоци од бедеми. Внатрешната тврдина-акрополот на Марков Град, е изградена од големи квадери од варовник, без малтер. Наодите од керамика од класичното и хеленистичкото време и неколкуте хеленистички монети укажуваат дека таа била користена многу векови пред римската доминација. Освен историја на дофат имате и прекрасна панорама.

Ден 5

ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ

Инспирирани од прекрасната живописна природа, маркирани се десет велосипедски патеки во околината на Демир Капија за проширување на велосипедизмот во Македонија.

На патот ќе ве пресретнат:водопади, карпи, дива природа, лозја, овоштарници, историски објекти.

Ден 7

ТОПЛИ ВИРОВИ НА РЕКАТА ДОШНИЦА

Вистинско скриено богатство за посетителите – освежете се и сплотете се со природата. Пред самиот влез на р. Дошница во демиркаписката долина, реката има формирано природни вирови погодни за освежување. Водата во вировите  летно време е затоплена од сонцето, но и од акумулираната топлина од карпите коишто ги опкружуваат.

Едно ноќевање + дегустација на 3 вина и ордевер

Цена по лице

-двокреветна соба 1.530 мкд

-еднокреветна соба 1.840 мкд

→Две ноќевање + едно ноќевање гратис + дегустација на 3 вина и ордевер

Цена по лице

-двокреветна соба 3.075 мкд

-еднокреветна соба 3.680 мкд

Цените се со вклучен доручек

За деца до 12 години е бесплатно,од 12 до 18 години се доплаќа 600мкд,а за трето лице над 18 години се доплаќа 1200 мкд.

Плаќањето се врши во денарска противвредност- може да се користат и Ваучери за туризам во Македонија РЕЗЕРВИРАЈТЕ НА 071/451-633 или 02/2774-371

Целосната понуда за Македонија погледнете ја на овој ЛИНК

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА 23 ти ОКТОМВРИ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК