ПАРИЗ ЗА ВЕЛИГДЕН – (Париз – Прага – Минхен) 5НП (СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА)

Париз – главен град на Франција, а воедно претставува и административен, политички, стопански, културен и образовно-научен центар на таа земја. Градот лежи на бреговите на реката Сена во северниот дел на Франција, во регионот Ил де Франс т.е. парискиот регион.
Големината на градското подрачје е ограничено уште во 1860 година и поради тоа Париз е со константен број на население од околу 2.200.000 жители. Меѓутоа во поширокото градско урбано опкружување, живеат над 12 милиони жители и со тоа овој регион е еден од најнаселените региони во Европа, по регионите околу Москва и Лондон.
Париз веќе неколку столетија наназад има значење за економијата, културата, политиката, образованието, уметноста и науката во светот. Во најново време Париз е и седиште на високата мода, модните брендови, како и луксузот и естетиката на живеењето.

ПАРИЗ ЗА ВЕЛИГДЕН

(Париз – Прага – Минхен) 5НП

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 345 / 21.390 денари

РОДЕНДЕНСКИ ПОПУСТ: ЦЕНА 315 ЕВРА ДО 15.04.2019

Ден 1

24.04.2019 – Скопје – Виена

Состанок на групата во 11.30 ч. на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски. Поаѓање за Виена во 12.00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Белград, Будимпешта. Ноќно возење.

Ден 2

25.04.2019 – Виена – Прага

Пристигнување во Виена во утринските часови. Утринска панорамска прошетка: Рингот, Операта, Парламентот, стариот дел на градот со црквата Св. Стефан. Слободно време. Патувањето продолжува кон Прага каде се пристигнува во вечерните часови. Сместување во хотел.  Ноќевање.

Ден 3

26.04.2019 – Прага – Париз

Појадок. Претпладне, предлагаме панорамско разгледување на Прага: Горниот град – Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашkата кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад, Националниот музеј. По разгледот, препопрачуваме крстарење по реката В’лтава со локален водич. Слободно попладне. Поаѓање кон Париз во вечерните часови. Ноќно возење.

Ден 4

27.04.2019 – Париз

Во утринските часови пристигнување во Париз – најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја. Предлагаме панорамски разглед на Париз со автобус и локален водич: плоштадот Бастиља, Универзитетската четврт, Сорбона, Нотр Дам, Трокадеро, Ајфелова Кула, Марсовите полиња, плоштадот Конкорд, зградата на Парламентот, Домот на Инвалидите, Елисејските полиња, Триумфалната капија. Сместување во хотел. Слободно попладне.  Ноќевање.

Ден 5

28.04.2019 – Париз

Појадок. Предпладне препорачуваме прекрасен излет со автобус и локален водич: Кралскиот Париз. Разгледот го започнуваме со животот на француските кралеви посетувајки го кралскиот замок Версај, последната резиденција на француските кралеви и еден од најубавите дворци во светот. Веднаш потоа, посета на некогашниот кралски дворец, денеска музеј – Лувр. По посета на Лувр, можност за организирана прошетка низ  најпознатата париска авенија  Шанзелизе. Ноќевање.

Ден 6

29.04.2019 – Париз (СРЦЕТО НА ПАРИЗ – АЈФЕЛ- СЕНА)

Појадок.Препорачуваме прошетка со наш водич и неговите приказни: “Срцето на Париз”: прошетка низ Латинскиот кварт, влегуваме во Богородичната црква, се искачуваме на Мон Мартр, ја посетуваме црквата на Светото срце, се одмараме со топло чоколадо* на плоштадот на уметниците. Ќе прошетаме по булеварот на ноќниот живот на Пигал и ќе го видиме најпознатиот ноќен клуб Мулен руж. (Метро). Веднаш потоа,  Ја продолжуваме прошетката со наш водич и неговите приказни: “Париз-градот на светлоста”: Ајде да се искачиме на Ајфелова кула, да  крстариме 1 час со брод по Сена – единствено доживување. Ноќевање.

Ден 7

30.04.2019 – Париз – Минхен

Препорачуваме целодневен излет во имагинарниот свет на Дизни – Дизниленд. Прекрасна забава во 2 тематски паркoви или можност за целодневна посета наVal d’Europe Shopping Center (Marne-la-Vallee). Секако дека може да се остане во Париз и да посетите некои од прочуените музеи и места: Домот на Инвалидите и гробот на Наполеон Бонапарта, куќата на Балзак, музејот на Пикасо, да се искачите на триумфалната капија, да купувате во најпознатата стоковна куќа Галерија Лафает. Во вечерните часови поаѓаме кон Минхен. Ноќно возење.     

Ден 8

01.05.2019 – Минхен

Пристигнуваме во Минхен во  утринските часови. Предпладне прошетка низ стариот дел на градот: Плоштадот Карл, Фрауен Кирхе, Новата општинска зграда, Мариен плац, Виктуалиен маркет, Операта. Ви препорачуваме да ја посетиме најголемата  Кралска пивница ХБ ( пиво и свински коленици).  Сместување во хотел. Ноќевање.    

Ден 9

02.05.2019 –МИНХЕН-САЛЗБУРГ-СКОПЈЕ

Појадок. Патувањето продолжува кон Салзбург каде се пристигнува во пладневните часови. Прошетка низ стариот дел : Катедралата, плоштадот на Моцарт, Стариот плоштад, црквата Св.Петар, куќата на Моцарт, палатата Мирабел. Слободно време за индивидуални прошетки. Преполни со спомени, се упатуваме кон Скопје. Ноќно возење низ Италија, Словенија, Хрватска, Србија.

Ден 10

03.05.2019 – Скопје

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за уплата до 01.03.2019: 315 / 19.530 денари  

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 345 / 21.390 денари

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
  • Превоз со високотуристички автобус на дадната релација
  • 1 ноќевања во хотел 3* НП во Прага (околина)
  • 3 ноќевања во хотел 3* НП во Париз (околина)
  • 1 ноќевања во хотел 3* НП во Минхен (околина)
  • Прошетка низ Виена, Минхен и Салзбург
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
  • Задолжително патничко осигурување – 350мкд
  • Разглед на Прага со локален водич – 10
  • Крстарње по Влтава – 15€
  • Разглед на Париз со локален водич – 15
  • Версај (превоз, влезница, локален водич) – 50€ (задолжителна резервација при уплата)
  • Лувр (влезница) – 20€
  • Крстарење по Сена – 20
  • Срцето на Париз – 10€
  • Дизниленд – цена за влезница во моментот на резервација + 20€ превоз
  • Билети за градски превоз во Прага, Париз, Минхен
  • Доплата за еднокреветна соба 8.200 ден

 Агенцијата го задржува правото за промена на излетите по денови и сатници.

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање
  • Организиран БЕСПЛАТЕН трансфер на патниците од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Неготино, Велес, Струмица, Радовиш и Штип.

 

     

 

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ВЕЛИГДЕН НА СЛЕДНИОВ ЛИНК