Неа Рода – Вила Мариа Пасхалиду – Грција Лето 2019

Живописното приморско место Неа Рода е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во истовреме да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа закитена со Плаво знаме на Медитеранот, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека, па дури и кино на отворено… Скриена во преубавиот залив Akanthios, во непосредна близинана апартхотелот Lazaridis, меѓу два зелени рида се наоѓа плажата Voulitsa. Атрактивната песочна плажа ќе Ве остави без здив најпрво со бојата на морската вода, па со нејзината чистота, со лежалките и чадорите за сонце и на крај со забавата што ја нуди преку целиот ден на истоимениот бар од каде допираат звуците на убавата музика, студените пијалаци и локалните специјалитети. Доколку Вашиот избор ова лето биде Неа Рода, тогаш задолжително посетете ја фантастичната песочна плажа Komitsa, оддалечена само 4,5 км. Плажата која ќе Ве фасцинира со својата раскошна убавина со право е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина. Во непосредна близина на плажата се наоѓа и истоимениот камп.

Неа Рода – Вила Мариа Пасхалиду

Грција Лето 2019

Вила Мариа Пасхалиду е лоцирана во непосредна близина на строгиот центар, на само 20 метри од плажата во Неа Рода, на третиот крак Атос. Пред вилата има играчки за децата. Во вилата располагаме со трoкреветни  апартмани на прв и на втор спрат и еден петкреветен дуплекс апартман на прв спрат. Апартманите имаат спална соба, купатило, тераса со директен поглед на море, издвоена кујна опремена со мини електрично решо, фрижидер со одделна комора за замрзнување, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Вила „Maria Pashalidou” – Неа Рода
Термин: Ноќевања: 1/3 апартман 1/5 дуплекс апартман
26.05-05.06.2019 10 14.260 ден (230 €) 17.360 ден (280 €)
05.06-15.06.2019 10 18.600 ден (300 €) 21.700 ден (350 €)
15.06-25.06.2019 10 21.700 ден (350 €) 27.900 ден (450 €)
25.06-05.07.2019 10 24.800 ден (400 €) 34.100 ден (550 €)
05.07-15.07.2019 10 27.900 ден (450 €) 37.200 ден (600 €)
15.07-25.07.2019 10 31.000 ден (500 €) 40.300 ден (650 €)
25.07-04.08.2019 10 31.000 ден (500 €) 40.300 ден (650 €)
04.08-14.08.2019 10 31.000 ден (500 €) 40.300 ден (650 €)
14.08-24.08.2019 10 31.000 ден (500 €) 40.300 ден (650 €)
24.08-03.09.2019 10 27.900 ден (450 €) 34.100 ден (550 €)
03.09-13.09.2019 10 21.700 ден (350 €) 27.900 ден (450 €)
13.09-23.09.2019 10 17.360 ден (280 €) 23.560 ден (380 €)

Вила Мариа Пасхалиду – Неа Рода – Апартман бр.3 (прв спрат)

Простран трокреветен апартман со една посебна спална соба одделена со врата од кујната. Се наоѓа на првиот спрат во вилата. Во просторот пред спалната соба  на самиот влез во апартманот се поставени елементите од кујната: мини електрично решо, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора, садови за готвење и јадење. Од овој простор се влегува во купатилото. Во спалната соба има три  единечни кревети со нормални димензии, гардеробер, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Од собата се излегува на пространа тераса која е опремена со пластична маса и столчиња и има директен поглед на море. Собата е заштитена со ролетни и комарници.

Вила Мариа Пасхалиду – Неа Рода – Апартман бр.5 (прв спрат)

Вила Мариа Пасхалиду – Неа Рода – Апартман бр.2 (втор спрат)

Трокреветен апартман со една посебна спална соба одделена со врата од кујната. Се наоѓа на вториот спрат во вилата. Во просторот пред спалната соба  на самиот влез во апартманот се поставени елементите од кујната: мини електрично решо, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора, садови за готвење и јадење. Од овој простор се влегува во купатилото. Во спалната соба има три единечни кревети со нормални димензии, гардеробер, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Од собата се излегува на пространа тераса која е опремена со пластична маса и столчиња и има директен поглед на море. Собата е заштитена со ролетни и комарници.

Вила Мариа Пасхалиду – Неа Рода – Апартман бр.5 (втор спрат)

Простран трокреветен апартман со една посебна спална соба одделена со врата од кујната. Се наоѓа на првиот спрат во вилата. Во просторот пред спалната соба  на самиот влез во апартманот се поставени елементите од кујната: мини електрично решо, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора, садови за готвење и јадење. Од овој простор се влегува во купатилото. Во спалната соба има три  единечни кревети со нормални димензии, гардеробер, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Од собата се излегува на пространа тераса која е опремена со пластична маса и столчиња и има директен поглед на море. Собата е заштитена со ролетни и комарници.

Вила Мариа Пасхалиду – Неа Рода – Апартман бр.6 (прв спрат)

Петкреветен дуплекс апартман со две посебни спални соби и целосно издвоена кујна. Се наоѓа на првиот спрат во вилата. Во просторот пред спалните соби на самиот влез во апартманот е поставен клима уредот чие користење е вклучено во цената. Во првата просторија се наоѓа  кујната која е опремена со мини електрично решо, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора, садови за готвење и јадење. Втората просторија е спална соба во која има еден дупли кревет со нормални димензии, гардеробер и телевизор. Од спалната соба се излегува на долга тераса опремена со пластични маси и столчиња која има страничен поглед кон морето. Во третата просторија има уште една спална соба со три единечни кревети со нормални димензии, гардеробер и телевизор. Од собата се излегува на истата тераса од првата спална соба која е заштитена со тенда. Купатилото е со нормална големина, опремено е со када.

Напомена:
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци – Неа Рода
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот
  • Цена на повратен билет –35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
  • Агенцијата како организатор на патувањето не може да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2019