Милано за 8ми МАРТ (СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА) РАСПРОДАДЕНО

Милано е еден од најголемите градови во Италија и во главниот град на провинцијата Ломбардија. Неговото население е околу 3,5 милиони луѓе, кои себеси се нарекуваат Mиланези. Тој се наоѓа во северниот дел на Италија и се смета за “економско срце” на Италија. Од околу 200 најголеми фирми во Италија, речиси половина од седиштето е токму во Милано. Во 1910 тука е основана фабриката за автомобили “Алфа Ромео”, која денеска е дел од големата корпорација FIAT. Исто така, светски познатата компанија за гуми “Пирели”, се наоѓа во Милано. Градот е исто така светски познат моден центар. Во деновите на миланската мода односно Milan fashion week, два пати годишно, градот се претвора во огромна модна писта. Првата недела од април, традиционално се одржува ден на дизајнот односно Milan design week. И јавните простори се трансформираат во изложбените сали. Милано се нарекува и “Бисер на Северот”, поради бурна историја. Таа започнува во античките времиња кога Римјаните го подигнале по поразувањето на Галите. Токму затоа е и посетен од толкав голем број на туристи. Важно е да се напомене дека еден краток период, Милано бил главена престолнина на семоќната и цврста Римска империја.

Милано за 8-ми МАРТ

МИЛАНО-ЛУГАНО-КОМО-ВЕРОНА

ПРОМО цена со уплата до 15.02 е само 119 евра

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 149 евра

Милано е градот на модата, културата и фудбалот! Се наоѓа во покраината на Ломбардија, во близина на езерото Комо и Лугано, претставува скапоцен камен на италијанскиот туризам. Замокот Сфорца е вистински “празник за очи” за љубителите на уметноста и архитектурата. Прекрасни плоштади, живописни ресторани. Миланската Скала е една од најпознатите и најценети оперски куќи. Место каде што се Леонардо да Винчи создаде ремек-дело “Тајната вечера”. Почувствувајте ја високата мода во најпознатата модна икона Galleria Vittorio Emanuele. Доживејте ја Италија со порција паста, пица, единственото капучино и црвено миланско вино!

 

ПРОГРАМА:
06.03.2019 – среда  СКОПЈЕ-МИЛАНО

Состанок на групата на паркингот спроти хотелот Холидеј Ин (Дрводекор) во 11:30,
поаѓање за Италија во 12:00 часот. Денско и ноќно патување низ Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности.

07.03.2019 – четврток МИЛАНО

Пристигнување во Милано во утринските часови. Разглед на Милано со лиценциран локален водич: Sforcesco Cstle,,Pizza de Duomo-централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедрала, во светот- ДУОМО-катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи.
Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci,Prada,Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера,една од најпознатите оперски куќи во светот.

По разгледот сместување во хотел. Во вечерните часови слободно време или  ноќна прошетка во Милано, по договор со групата.
Ноќевање.

08.03.2019 – петок  МИЛАНО-ЛУГАНО-КОМО

Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на Милано или факултативен излет до Швајцарија. Време предвидено за посета на Лугано-градот кој што се наоѓа на езерото Лугано, на падините на Алпите, познат како швајцарското Монте Карло. Обиколка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк Parco Civico, еден од најубавите паркови во Швајцарија.

Прошетката продолжува со посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа.
Посета на Комо, посета на мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата Бролето, ѕидините кои го обиколуваат скоро целиот град. Можност за факултативно крстарење со брод по езерото и да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Мадона, Макартни итн. Враќање во хотелот во попладневните часови. Слободна вечер или организација во договор со групата. Ноќевање.

09.03.2019 – сабота  МИЛАНО-ВЕРОНА-СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање према градот на љубовта Верона. Прошетка низ Стариот Град, плоштадите Бра и Ербе, Арената, познатата куќа на Јулија и нејзината тераса, како и статуата на Јулија.

По посетата на Верона, групата се упатува према познатиот аутлет Палманова, каде има познати брендови на гардероба по пониски цени. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот води преку Словенија, Хрватска,Србија… Пристигнување во Скопје во претпладневните часови на 10.03 – недела.

 

ПРОМО цена со уплата до 15.02 е само 119 евра

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 149 евра

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • 2 ноќевања во хотел 3* со појадок
  • Автобуски превоз на релација Скопје- Италија – Скопје
  • Разглед на Верона
  • Посета на Палма трговски центар
  • Туристички придружник
  • Организација и релизација на аранжманот

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжителна доплата за туристичка такса во хотелот 2.5 евра по лице од ден
  • Разглед на Милано со професионален водич – 20евра
  • Посета на Лугано – Комо – 20 евра
  • Крстарење по езерото Комо – 20 евра
  • Патничко осигурување 300 денари по лице

СПЕЦИЈАЛЕН 8мо мартовски пакет со сите вклучени факултативи (Разглед Милано, Посета на Лугано-Комо и крстарење) – 50 евра по лице (со резервација во агенција)

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА 8-МИ МАРТ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК

 

Нова Година 2017 во Милано Нова Година 2017 во Милано Нова Година 2017 во Милано Нова Година 2017 во Милано Нова Година 2017 во Милано Нова Година 2017 во Милано Нова Година 2017 во Милано Нова Година 2017 во Милано Нова Година 2017 во Милано Нова Година 2017 во Милано Нова Година 2017 во Милано Нова Година 2017 во Милано Нова Година 2017 во Милано Нова Година 2017 во Милано Нова Година 2017 во Милано Нова Година 2017 во Милано