МЕСЕЦОТ НА ЛАЛЕТО ВО ИСТАНБУЛ!

Истанбул е единствен град, град кој премостува два континенти, град кој ќе разбуди сосема поинакви чувства во Вас. Не го пропуштајте залезот на сонцето во Истанбул… кога градот се пали како слика, силуетите на џамиите се издигаат над градот, а сонцето и месечината се поздравуваат додека денот се претвора во ноќ… Во тој момент ќе се чувствувате како султан во лулката на цивилизациите. Има многу да се доживее и почуствува во Истанбул. Дали сте подготвени да го истражите овој магичен град?

ИСТАНБУЛ Е НАЈУБАВ ВО АПРИЛ!
МЕСЕЦОТ НА ЛАЛЕТО ВО ИСТАНБУЛ!

ПРОМО ЦЕНА: 75 ЕВРА/4650 ДЕНАРИ (УПЛАТА ДО: 15.03)
РЕДОВНА ЦЕНА: 85 ЕВРА /5270 ДЕНАРИ

 

Ден 1

ПРВ ДЕН – 04.04 (Четврток)
Средба на групата на Дрводекор во 16:30 часот. Поаѓање за Истанбул во 17:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

Ден 2

ВТОР ДЕН- 05.04 (Петок)
Планирано пристигнување во раните утрински часови. Во хотел се оставаат куферите (просторија за багаж), патниците одмараат од долгиот пат. По одредената пауза, започнува реализација на програмата која што е предвидена.

  • 10:00h: Првиот ден е предвидено да започне со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу. На самото пристаниште можете да пробате традиционален турски сендвич со риба, се продава од интересно украсени бродчиња, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.
  • 11:30h – Посета на Долмабахче – Турскиот Версај. Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (сопрекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја
  • 13:30h – Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со лиценциран локален водич со посета на паркот на лалињата Еmirgân Кorusu (Емиран Корусу). Автобуска екскурзија со која се поминува крај Галата Сарај се до паркот на лалињата, каде што има доста интересни креации коишто се создадени од природно одгледани лалиња.  Враќање во хотел, слободно време. Слободно време до 18:30h.
  • 18:30h– Посета на кулата „Сафир“ со 4D проекција. Сафит е облакодер кој до пред неколку години важеше за еден од највисоките станбени згради во Истанбул. Сместен во Левент, Сафир е можност за сите љубители на ноќната панорама да направат прекрасни фотографии од највисокиот спрат каде што се наоѓа 360 степени отворена тераса преградена со стакло. Во внатрешноста на највисокиот спрат се наоѓа кино проекција кој виртуелно ги движи патниците низ Истанбул.

Групата се враќа назад кон хотелот околу 23:00 часот.

Ден 3

ТРЕТ ДЕН- 06.04 (Сабота)
Третиот ден започнува со доручек во хотелот во којшто се сместени патниците. Доручекот е во времетраење кое го одредува менаџментото на хотелот, а тие информации се дознаваат на рецепцијата во хотелот. По појадокот, групата заминува на пешачка тура која се реализира од џамијата во Лалели, Капали Чаршија, Сината Џамија, Хиподоромот до „Аја Софија“. Влегувањето во „Аја Софија“ се доплаќа и влегува во факултативни влезници.

  • 09:30h– Посета на Аја Софија со локален лиценциран водич. Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на  Божествената мудрост. Изградена е за 10 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим. Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6 до 13 век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османскит освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј.
  • 11:30h– Посета на Топ Капи палатата. Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни  метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучув различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топ Капи и по преместувањето на султаните во Долмабахче.

По завршувањето со посета на „Топ Капи“ групата се враќа назад во хотел и има слободно време за ручек. Во 17:00h започнува реализација на ново додадената факултатива која преставува вистинско ноќно доживување на Истанбул.

  • 17:00h– Посета на Emaar Square Mall, Watergarden и Плоштадот „Таксим“. (НОВО)
    Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето вљубени во шопингот, забавата и гастрономијата, кое нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници кои што се за првпат достапни во Турција, а одговараат на сечија потреба од современиот урбан млад свет. Гостите може да го користат своето пристуство од шопинг, јадење, пиење до забава. Овој трговски годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости.
    Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено доколку го посетувате навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Со овој трговски ценар, Истанбул е рамо до рамо со луксузните центри во Дубаи. Доколку сакате да гледате како изгледа тоа, можете да погледнете со еден клик ОВДЕ!
    Ноќната тура се завршува со посета на плоштадот „Таксим“. се посетува плоштадотТаксим на кој се наоѓа главната улица „Истиклал“ која е симбол за ноќен живот. Овде се наоѓа познатата трамвајна линија и големиот број дискотеки и кафулиња.

Ноќниот разглед завршува на полноќ кога групата се враќа во хотелот.

Ден 4

ЧЕТВРТ ДЕН- 07.04 (Недела)
Денот започнува со доручек на групата во хотел, по што следува одјавување на рецепција. Одјавувањето на рецепција е во 09:30, кога заедно со куферите групата се упатува кон автобусот. Пред да се напушти градот, патниците имаат шанса да го посетат аквариумот „Туркуазу“ кој е во склоп на трговскиот ценар „Форум“.

  • 10:45h– Фабриката „Коска“. Место каде што можете да ги набавите сите традиционални турски задоволства по доста ниски цени.
  • 13:00h– Последна дестинација е трговскиот ценар „Форум“ каде се наоѓа петиот по големина аквариум во Европа. Слободно време од околу 3 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2 , а неговата вредност изнесува 17 милиониевра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.

По завршување со посетата на трговскиот центар „Форум“ групата се упатува кон Македонија. Тргнувањето од Истанбул е во договор со водичот. Предвидено е престигнување во Македонија во раните утрински часови.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • две ноќевања во хотел 3* во населбата Аксарај со вклучен појадок
  • автобуски превоз со високотуристички автобус
  • туристички придружник за време на целиот престој
  • туристички водич (локален) кој ќе ви го презентира Аксарај
  • Пешачка тура (прв ден) (Хотел- Капали Чаршија- Сината Џамија)
  • Посета на трговски ценар „Форум“

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • патничко осигурување (1 евро од ден) ЗАДОЛЖИТЕЛНО
  • Доплата за сингл соба е 30 евра дополнително од аранжманот

 

ЦЕНИТЕ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:

  • Аја Софиа
    Посета на некогашната православна црква, а денес музеј со локален туристички водич (вклучено аудио слушалки)- Цена 15 
  • Топкапи Палата
    Некогашната палата на султаните-Цена 15 
  • Панорамски разглед на Истанбул
    Посета на европскиот и азискиот дел на Истанбул и паркот на лалињата- Цена 15 €
  • Аквариум “Туркуазу” – 12 €
  • Посета на кулата „Сафир“ со 4D кино проекција- 15€ 
  • Крстарење по Босфор
    90 минутно крстарење низ најубавите предели на Истанбул- Цена 20 
  • Долмабахче
    Турскиот Версај на султанит- Цена 20 €
  • Ноќен Истанбул- Цена 25 €
    Ценар: Emaar Square Mall
    Ценар: Watergarden
    Плоштад Таксим
  • Пакет 2- 80 € (Намалување од 92€)
    Крстарење по Босфор
    Долмабахче
    Дневна панорама до паркот на лалињата
    Аквариум „Туркуазу“
    Ноќен Истанбул (Таксим, Emmar Square Mall, Watergarden)
  • ВИП пакет- Цена: 125€ (Намалување од 137€)
    Сите тури

 

 

 

Истанбул Истанбул