ЛЕТО НА КЕФАЛОНИЈА 2020 – KEFALONIA SAGA vol.3

Кефалонија е најголемиот Јонски остров, сместен јужно од Лефкада и Итака и северно од Закинтос. Кефалонија е грчки остров, кој ќе Ве маѓепса на прв поглед. Обалата му е преполна со заливи. Плажите претежно се каменести, но има и песочни плажи. Тоа што најмногу ќе ве воодушеви на овој остров е кристално чистото море! Кефалонија е остров со чудесни пејзажи, преубави плажи, симпатични места, љубезни домаќини, остров на мирот и спокојот, кое ќе ве натера повторно да го посетите.

ЛЕТО НА КЕФАЛОНИЈА 2020

KEFALONIA SAGA vol.3

📍ЦЕНИ ОД 149 евра по лице ЗАШТЕДИ 50 евра ПО ЛИЦЕ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 07.03.2020

🌍 ЗГРАПЧИ #FIRSTMINUTE 📲 071/451-633

Порос е едно од најубавите и најатрактивните места на Кефалонија. Сместно е во подножјето на планините Атрос и Пахни и окружено е со бујна вегетација. Не е класично туристичко летувалиште, повеќе е активно гратче и е пристаниште во кое доаѓаат туристи најмногу од Западна Европа. Од главниот град Аргостоли е одалечен 41км, а до пажата Скала 12 км. Порос ги има скоро сите содржини, од убави плажи, романтични шеталишта, до најубавите таверни и ресторани на Кефалонија, односно продавници, бутици и сувенирници. Порос е сместен во југоисточниот дел на островот Кефалинија, а тоа е трето пристаниште на островот од кое тргнуваат траектите за Пелопонез.

 

Дали знаете?

  • Национален танц на жителите на Кефалонија е познатиот “balos” – танц на орли, кој со слична кореографија може да се види кај жителите на Киргистан.
  • Кефалонија најчесто се поврзува со книгата и филмот “Мандолината на Капетанот Корели”. Филмот е снимен на островот во 2001 година, а главни актери биле Николас Кејџ и Пенелопе Круз.
  • Се зборува дека и Момо Капор има летувано на овој остров.

Едно од географските чуда на Кефалонија е езерото Мелисани, кое според легендите името го добило по нимфата Мелисани, која се удавила во истото поради невозвратената љубов од богот Пан.

 

Програма:
Ден 1

Плажа Миртос

Најубава плажа на островот е познатата Myrthos Beach која се наоѓа на Северозападниот дел на Кефалонија, која е заштитен знак на островот. Плажата е 12 пати прогласувана за најубава плажа во Грција. Оваа плажа е со бели камчиња и токму заради тоа бојата на морето е сина како на сликовница, оваа плажа многу наликува на плажите на Лефкада.

Овој ден продолжуваме и на плажа Макрос Гиалос, во beach bar Costa Costa, каде што ќе можете да уживате со музика, релаксација на плажа или водни спортови.

Ден 2

Плажа Антисамос

Антисамос плажата е втората плажа по убавина после Миртос. На самата плажа е сместен манастирот Агрилион, од каде погледот остава без здив. Белиот песок и ситните бели камчиња ја прават волшебна.

Ден 3

Плажа Скала

Кристално чиста вода, вегетација која расте речиси на плажата која е долга преку 3км. Ова се само неколку причини поради кои Скала е еден од најважните туристички центри на Кефалонија. Ова е идеална плажа за вистински да се одморите со книга или пиво во рака  🙂

 

Ден 4

Крстарење до Островот Закинтос

Да се посети уште еден остров за време на вашето патување, ова е прекрасна можност. Овој прекрасен ден ќе ја посетиме прекрасната плажа Навагио. А истовремено ќе ги видиме Сините пештери и местото Агиос Николаос, каде што ќе имаме слободно време за кафе или ручек.

Овој остров ќе ве воодушеви со прекрасното тиркизно море.

Ден 5

Главниот град на Кефалонија – Аргостоли

Аристоли е главниот град на Кефалонија и е сместен на едниот крај од  заливот, а со другата страна на заливот е поврзан со преубавиот камен мост кој е заштитен знак на Островот.

Овој мост е еднинствениот кој го преживеал земјотресот од 1953 година кога цел град бил срамнет со земја.

Во овој град ќе можете да  посетите некој од поголемиот број на кафичи, ресторани, таверни, сувенирници и да прошетате по преубаво уреденото шеталиште покрај самото море, кое е исто така заштитен знак на овој преубав град.

Ден 6

Етно Тура

Овој ден го поминуваме во посета на културни дестинации на Кефалонија.

На источниот брег на Кефалонија, во близина на градот се наоѓа и неверојатната пештера Мелисани и истоименото живописно подземно езеро.

Ова место со право се смета за едно од најубавите природни знаменитости на Грција. Да ја посетите Кефалонија а да не го посетите ова чудо на природата е навистина жално.

Од овде одиме да го посетиме манастирот свети Герасимос- чудотворецот и заштитникот на овој остров.

Потоа винаријата Робола, каде што ќе може да дегустирате од ова прекрасно вино. И од овде го завршуваме денот повторно на плажа Макрос Гиалос. 

 

Ден 7

Вечерен излет во Скала

Скала е место што веќе преку ден ќе го посетиме, но истото сосем различно изгледа навечер. Ова е најгостопримливото место во близина на Порос кое е гнездо на најромантични ресторани со најголем избор на грчка традиционална кујна и медитерански специјалитети. Идеален излет за сите гурмани и романтичари.

термин 1/ 5 1 /5 1 /4 1 /4 1 /3 1 /3 1 /2 1 /2
28.06-07.07 199 149 209 159 229 189 239 199
07.07 -16.07 209 169 219 179 239 199 249 209
16.07 -25.07 229 189 249 209 269 229 269 239
25.07-03.08 239 199 249 209 319 279 329 289
03.08 -12.08 239 199 249 209 319 279 329 289
12.08 -21.08 239 199 249 209 319 279 329 289
21.08 -30.08 219 179 229 189 269 229 279 239
30.08-08.09 219 169 229 179 269 229 279 239
08.09 -17.09 199 149 209 159 239 199 249 209

НАПОМЕНА:

Термините се датум на започнување на аранжманот, тргнувањето е ден порано.

Цените со црвено се промо цени и важат за резервација и уплата од 50% до 15.02.2020

ВИЛА  КРИСТИ

Вила Кристи се наоѓана само 150метри од плажа Рагиа во Порос, а на само 5 минути пешачење од центарот каде што може да уживате во некои од рестораните, таверни или барови. Секоја соба располага со мини кујна, со решо и фрижидер и балкон. Интернет има во заедничка просторија за гостите. Оцена на  booking за оваа вила е 9,5.

ВИЛА АЛЕКОС

Вила Алекос располага со двокреветни и трокреветни студија и еден петокреветен апартман.
Сите соби имаат клима ( доплата на лице место), кујна и тераса.Вилата се наоѓа на 50 метри од центарот на градот и 150 метри од градската плажа.

    

 

ВИЛА АСТИР

Вила Астир располага со двокреветни студија. Сите соби имаат  клима (доплата на лице место), кујна и тераса.

Се наоѓа на 100 метри од центарот на градот и на 10 метри од море.

 

ХОТЕЛ МИХАЕЛА

Хотел Михаела располага со двокреветни и трокреветни студија. Сите соби имаат  клима (доплата на лице место) мини фрижидер и Wi – Fi.

Се наоѓа на 600 метри од центарот на градот и на 250 метри од плажа.

 

 

ВИЛА  ЛУИЗА

Вила Луиза се наоѓа во срцето на Порос, на само 150 метри од гратската плажа и на 120 метри од главната улица во центарот.Сите соби имаат кујна и балкон, а на остите им е овозможен интернет пристап во заедничка просторија. Климата се доплаќа на лице место.

 

 

 

Цената на аранжманот вклучува:
  • Сместување на база 9 ноќевање на Кефалонија/Порос по лице
  • Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Порос – Скопје
  • Превоз со брод на релација Килини – Порос – Килини
  • Организација на аранжманот и пратител на групатa

 

Цената на аранжманот не вклучува:
  • Факултативни излети
  • Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: приватно сместување – 0,5 евра, се плаќа во агенција)
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко и здравствено осигурување

 

 

Напомена:

  • За патниците кои не користат превоз од агенцијата цената не се намалува .
  • Наведените цени од табелата се однесуваат за тргнување од Скопје.
  • Доколку тргнувате од друг град, а не Скопје, може да се информирате на 02/2774-371

 

Тргнувањето од Скопје – состанок на група во 17:30 часот, тргнување 18:00 часот.

Напуштање на собите е во 09:00 часот.

Тргнувањето од Кефалонија/Порос  е предвидено во попладневните часови.

Користење само на превоз е 99евра.

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2020