Кушадаси – Лето 2019

Кушадаси е најголемото летувалиште на турско-егејската обала, но и место каде непрекинато доаѓаат патнички бродови од каде туристите идат да го видат древниот Ефес. Покрај пристаништето се наоѓаат и ѕидините на Стариот град (Caravanserai), во кој се сместени голем број на работилнице, ресторани и места за ноќен провод. Одма поред него се наоѓа Островот на птиците, шарматно островче на кое се наоѓа мала тврдина, како и неколку кафичи и барови. Под островот се наоѓа нова марина во која пристигнуваат јахти од целиот свет. Од таму градот почнува да се шири со голема брзина и секоја година има се повеќе и повеќе хотели, покрај обалата и низ брдата кои го опкружуваат градот. За младите тука е и позната Bar street, каде баровите работат секоја вечер и гарантираат феноменална забава во текот на летувањето.

Кушадаси – Лето 2019

Hotel West Ada Inn 3*,  (Yuksel Yalova Cad No 21 Kadinlar Denizi, 09400 Kušadasi) е потполно реновиран во 2011. година. Се наоѓа на 3 километри од центарот на Кушадаси, а на 500 метри од Ladies Beach од каде се пружа прекрасен поглед на Егејското море. Пред хотелот се наоѓа автобуска станица. Сите соби се климатизирани, имаат купатило (фен), TV. Хотелот има ресторан, два бара, отворен базен, грдина, лифт, бесплатен Wi-Fi, сеф на рецепција и бесплатен паркинг. Со доплата хотелот поседува фитнес, спа и wellness центар, биљард, пинг понг, турско купатило.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

1.Ден / Скопје – Грција:

Скопје, појдовна точка на нашето патување. Пред нас е ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 – 10.Ден / Турција – Кушадаси:

Кушадаси. Пристигнување во Кушадаси и сместување во хотел после 14ч. Слободно време за индивидуални активности. Престојот во Кушадаси искористете го за да уживате во магијата на ориентот, прекрасните плажи, незаборавните забави на bar street кои секој ден траат до утро.

11.Ден / Кушадаси:

Кушадаси. Доручек. Напуштање на хотелот до 10ч. Поаѓање на автобусот за Скопје. Денско и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

12.Ден / Турција – Грција – Македонија:

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

СМЕСТУВАЊЕ

ТИП НА СМЕСТУВАЊЕ

16.07-27.07

25.07-05.08

03.08-14.08

12.08-23.08

Hotel West Ada Inn 3*

1/3

179

179

179

175

Hotel West Ada Inn 3*

1/2

195

195

195

190

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • Сместување на база 9 ноќевања со појадок во двокреветни или повеќе креветни соби во избраниот хотел од табелата во Кушадаси
  • Превоз со високо туритички автобус (AC/TV/DVD)
  • Пратител на групата за времетраење на аранжманот
  • Организација на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување – 550 денари – плаќање во агенција
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци

Напомена:

  • Наведените цени од табелата се однесуваат на ПАКЕТ АРАНЖМАН (СМЕСТУВАЊЕ, ПОЈАДОК, ПРЕВОЗ) за тргнување од Скопје.
  • За патниците кои организизираат превоз во сопствена режија, наведените цени на аранжманот од табелата се намалува за 30 евра.
  • Ве молиме пред да го склучите договотот за патување да се запознаете со програмата на патувањето, со општите услови за патување на Т.А СТАФ и со општите услови на меѓународното осигурување.
  • Сместувањето од оваа програма е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на националната туристичка асоцијација во земјата во која престојуваме.

Наведените описи за излетите се од информативен карактер и може да бидат изменети од страна на локалните партнери кои се задолжени за нивната реализација.

Aqua park

Посета на забавен парк со водени тобогани, базени, вештачки реки езера. Во паркот се на располагање и тениски и кошаркарски терени, како и експрес ресторани и неколку кафичи. Уживање во текот на денот.

Ефес

Единствена прилика да посетите еден од древните светски градови. Посета на Храмот на Артемид (едно од светските 7 чуда), Базиликата Св. Јован, Куката на Дева Марија, Одеон, Хардијановиот Храм, улицата Кариатида, Купатилата, Целзијусовата бибљотека, Амфитеатарот…

Журка на брод

Приватна журка на брод само за патниците на Summer Fun. Ги откриваме скриените плажи и заливи околу Кушадаси. DJ CREW Balkan Fun ќе пуштаат музика се до зајдисонце и додека се вратиме до пристаништето од каде што испловивме.

Shopping centar

Еден од најдобрите шопинг центри во Турција. Спектакуларна понуда на најпрестижните светски брендови на едно место по најповолни цени. Уживајте во понудите на на најпрестижните брендови како што се: : QuikSilver, Jimmy Key, Mudo Outlet, Nike, Benetton, Sisley, Colin’s, Loft, Mavi Jeans, Adidas, Levis, Dockers, Puma…

Miracle beach& Jade night club

Забавата и возбудата никад не престанува во Miracle beach/night club. Барот ви пружа топла добродошлица со 5000м2 дрвена платформа, преубава плажа, тиркизно плаво море, кафичи и шанка барови. Рестораните со своите услуги ви се на располагање преку ден со феноменален избор на брза храна, риба и вегетеријанска храна. За ноќните журки ве очекува најмодерно озвучување и осветлување. Поред него, Club Jade е исто така место каде ќе правиме најлуди журки.

Памуккале

Памуккале или Памучната Тврдина е едно од најинтересните места на светот, воодушевува со својата убавина на геолошката формација кои со термалните минерални извори го создавале векови и векови. Талошењето на минералот калциум-оксид содало чисто бели каскади, со мали базенчиња, кои изгледаат како да се создадени на лед. На самиот извор лежел античкиот град Хиераполис, посветен на кралицата Хиера. Денешните остатоци датираат од римското владеење во Мала Азија-агора, аполоновиот храм, римското купатило и гимназијата…