КАПАДОКИЈА – ВЕЛИГДЕН

Aко постои бајка за магична земја од глина, веројатно ќе изгледа како Кападокија, која се наоѓа во централна Турција и е позната по уникатни карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилишта. Областа Кападокија во покраината Невшехир, Турција, со причина е вклучена во списокот на УНЕСКО за места со културно и природно значење за човечкото наследство. Кападокија некогаш била дел од Византија, а денес изобилува со убавини кои го одземаат здивот. Од самовилските оџаци до подземните градови создадени во вулкански карпи и пештерските цркви. Природата како да си поиграла со ова интересно делче од планетата, кое секојдневно мами голем број туристи. Величествената убавина на оваа област најдобро може да се види од воздух. Колоритните балони се неразделен дел од Кападокија и се надополнување на бајковитата глетка честопати фотографирана од посетителите. Нашата агенција на сите авантуристи годинава им овозможува да го почуствуваат духот на Кападокија, местото каде што започнало да се шири христијанството.

ВЕЛИГДЕН ВО КАПАДОКИЈА

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 28.02.2019169€ / 10.480 ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ199 / 12.340 ден

Ден 1
25.04.2019 СКОПЈЕ – КАПАДОКИЈА – НЕВШЕХИР  

Состанок на групата на паркингот на Дрво Декор во 10 ч..Поаѓање во 10:30 часот. Се патува преку Грција,  граничен премин Богородица ( Солун, Кавала, Истанбул…), со попатни паузи за одмор и царински формалности..

Ден 2
26.04.2019 КАПАДОКИЈА – НЕВШЕХИР:

Пристигнување во Кападокија- Невшехир во пладневните часови. Сместување во хотел, време за одмор, релаксација и слободни активности.Вечера.Ноќевање.

Ден 3
27.04.2019 КАПАДОКИЈА

Појадок во хотел, заминување на факултативен разглед со стручен, локален водич на регионот Кападокија – вулканска област со карпести пејзажи кои датираат од пред десет милиони години. Прекрасната “земја“ на убави коњи Katpatuka (според старото персиско име) е неверојатна земја, волшебна и мистериозна. Кападокискиот  регион е исто така познат и по своите уметности, вклучувајќи рачно изработени керамички производи, рачно ткаени теписи, како и производство на високо квалитетни вина. Прошетката започнува со Замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија. Потоа се упатуваме кон музејот на отворено – ѓореме, срцето на Кападокија. Музејот е познат по фреските што датираат од 9тиот и 10тиот век, опишувајќи го животот на Исус Христос и монасите. Посетата на овој музеј на отворено е од големо значење за секој Христијанин. Сите цркви се изградени во карпи и датираат од 10ти, 11ти и 12ти век, а најдобро сочувани фрески се во црквата на Свети Василиј Велики. Следна станица е Cavusin, напуштено село со стари пештери и грчки куќи. Пауза за ручек.

Потоа одиме на посета на продавница за грнчарство. Пауза за разглед на Pasabagi со невообичаената формација на троглава самовила, посета на Деврент –  Долината на Имагинација со безброја природни камени формации, налик на животни. Посета на локална работилница за рачно ткаени теписи и винарија со можност за дегустација на локални вина. Враќање во хотел. Вечера. Припрема за факултативна посета на традиционален турски ресторан со орјентална музика и танци.(вклучува трансфер, неограничени локални пијалаци и апетисани). Ноќевање..

Ден 4
28.04.2019 КАПАДОКИЈА

ЛЕТ СО БАЛОН(доколку дозволуваат временските услови)

Рано наутро при магичното изгрејсонце на Кападокија околу 04:30 ч, можност за лет со балон, над самовилските оџаци на Кападокија. Ова е авантура што никогаш нема да ја заборавите… уживајте во  убавината и возбудата додека балонот нежно се издига, слушајте го татнежот на печката што го загрева воздухот во балонот, воодушевувајте се на магијата со која Пилотот управува и  восхитувајте се на неверојатниот поглед на повеќе од 80-100 балони во лет, и секако магичнот изгрејсонце. Во состав на екскурзијата е вклучена и лесна закуска со чај/кафе, шампанско на крај на летот и сертификат за летање со балон.

Враќање во хотел. Појадок.

Потоа факултатувно се упатуваме кон подземниот град Деринкују, изграден од вулкански камен во 7 век п.н.е, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови на Кападокија, 8 катови, 55 м. под земја… Продолжуваме кон долината Ихлара, долга 16 км, од двете страно опколена со цркви на карпите. Прошетката е во должина од 3 км. со пауза за освежување во традиционална чајџилница… Пауза за ручек во селото Белисирма, покрај реката Melendis, можност да вкусите свежа пастрамка на жар… Продолжуваме кон манастирот Селиме, најголемиот религиозен објект во областа Кападокија, издлабен во карпите во 13 век од христијанските монаси. Историските записи велат дека за изградба на овој манастир, со димензии на катедрала, биле потребни 200 години. За крај кратка пауза за фотографирање во долината на гулабите. Враќање во хотел. Вечера.

Факултативна посета на традиционална претстава Дервишка церемонија со трансфер. Ноќевање.

Ден 5
29.04.2019 НЕВШЕХИР – АНКАРА – ИСТАНБУЛ

Појадок. Напуштање на хотелот околу 10 чаот. Заминуваме на разглед на главниот град на Турција, со попатна пауза и краток одмор на соленото езеро Туз Ѓолу, кое е едно од најголемите езера во светот од ваков вид, продолжуваме према Анкара… Посета на Мавзолејот на Ататурк основачот на современа Турција. Слободно време за индивидуални активности. Во договор со водичот,во вечерните часови,  состанок на групата и поаѓање кон Истанбул.

Ден 6
30.04.2019 ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови, сместување во хотел и време за одмор.(доколку нес е спремни собите веднаш се упатуваме на пешачка тура).

Пешачка тура со локален водич: Лалели Џамија, Капали Чаршија, Сината Џамија, Стариот Хиподром се до Аја Софија и запознавање на дел од градот.

Факултативните излети започнуваат од Аја Софија, градба која била и црква и џамија, а од 1934год е претворена во музеј. Потоа посета на Топ Капи Палатата. Враќање во хотел и слободно време. Ноќевање

Ден 7
01.05.2019 ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Појадок. Околу 09:30ч се упатуваме на крстарење по Босфор со локален водич, кое што трае 90 минути и нуди прекрасен поглед и приказни на еден поразличен Истанбул. По крстарењето се упатуваме кон Долма Бахче Палатата, наречена Турскиот Версај, прва историска палата од Османлиската Империја, изградена во европски стил. Овде живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк. На крај одиме во трговскиот центар Форум, каде што се наоѓа и најголемиот аквариум во Европа. Слободно време околу 4 часа. Планирано тргнување за Македонија околу 17 часот локално време. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности. 

Пристигнување во Македонија на 02.05.2019 во утринските часови.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • сместување во Кападокија во  Tas Saraj Hotel 4* Ugrup (или сличен хотел) на база 3 ноќевања со појадок и вечера
  • сместување во Истанбул во хотел 3*или 4* во населбата Лалели,  на база 1 ноќевање со појадок
  • Посета на Анкара
  • Посета на соленото езеро Туз Ѓолу
  • Пешачка тура во Истанбул
  • Посета на шопинг центар Форум
  • организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Задолжително патничко осигурување
  • Факултатива од третиот ден со влезници и  вклучен ручек(45€)
  • Турска вечер со шоу програма- (35€)
  • Танц на дервишите /церемонија – (25€)
  • Факултатива од четвртиот ден со влезници и вклучен ручек(45€)
  • Лет со балон  – (145€) – резервација при уплата
  • Аја Софија (15€)
  • Топ Капи (15€)
  • Крстарење по Босфор (20€)
  • Долма Бахче Сарај (17€)

 

НАПОМЕНА:

  • Доплата за еднокреветна соба во Кападокија 2190 ден, во Истанбул 1240 ден
  • Деца до 1.99год бесплатно, 2-11,99год има 30% попуст,
  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 10 дена пред поаѓање.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редослед на излетите и посетите.
  • За сите факултативи се врши резервација во агенција со уплата на 30% од вкупната сума на факултативите(во случај на отказ попатно од страна на патникот, средствата не се рефундираат и нес е префрлаат за друга факултатива)
  •  Цените на влезниците и летот со балон може да претрпат промени во зависност од цените на влезниците во моментот на посета
  • Валидност на пасош минимум 6 месеци по завршување на аранжманот
  • Хотелите се одредуваат во зависност од големината на групата, во кој хотел ќе бидат сместени патниците ќе се информираат 15 дена пред тргнување
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на СТАФ ТРАВЕЛ
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ВЕЛИГДЕН НА СЛЕДНИОВ ЛИНК