Јерисос Вила Мариа – Грција Лето 2019

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители се наоѓа покрај морето и има долга, песочна плажа која се простира до бесконечност па можете да шетате неколку километри пред да Ви исчезне песокот од под стапалата.На плажата која има Сино Знаме за чистота мноштвото дрвја им прават природна ладовина на туристите, а жедта од сонцето можете да ја угасите во неколкуте барови кои се распослани во линија на морскиот брег. Пред плажата е големо шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. На крајот од шеталиштето во Јерисос се наоѓа старата Ветерница во која е сместен Музејот на историја, а на самото шеталиште е големиот аквариум.

Јерисос Вила Мариа

Грција Лето 2019

ПОПУСТ ОД 7 %

за КОМПЛЕТ УПЛАТИ

ДО 31.03.2019 !!!

Доколку сте љубители на мирот и спокојството, тогаш наша препорака е да ги посетите околните плажи Kakoudia и KsiropotamiKakoudia е вистинско чудо на природата, се наоѓа на 1,5 км од Јерисос и ја карактеризираат карпи кои се издигнуваат и до десетина метри од плажата. Ksiropotami е сосема дива плажа, оддалечена 6 км од Јерисос и место за љубителите на мирот и спокојството-без многу туристи, без барови и музика-само песок и бистро море кое секогаш е мирно, дури и кога во Јерисос водата умее да се разбранува.

На 6 км од Јерисос се наоѓа местото Каково, или Мило Арсеница каде имаат пристап и жените. Манастирот е имот на српскиот манастир Хиландар на Света Гора, има околу 2000 хектари шума и сопствена пилана, езеро со рибник, маслинки…Според прикажувањата, Хиландар го добил овој имот пред многу векови од еден турски бег кој не можел да има деца. Со помош на неколку зрна грозје од чудотворната лоза која веќе осум века расте и раѓа на гробот на Свети Симеон на Хиландар турскиот бег добил добил наследник. Во знак на благодарност сакал својот син да го подари на манастирот, но кога монасите го одбиле,тој им го дарувал имотот кој имал преку 2000 хектари површина. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амоулиани.

Вила Мариа

Вилата се наоѓа на само 8од плажата во централниот дел на Јерисос, на третиот крак Атос. Апартманите се наоѓаат на прв и на втор спрат од вилата. Сите имаат опремени кујни кои се целосно издвоени од спалните соби и имаат прозор, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Дел од сместувачките капацитети имаат тераси со поглед во дворот на вилата, а останатите се со поглед на улица. Сите тераси се заштитени со тенди. Гостите можат секојдневно да се одмараат во дворот на вилата кој е опремен со пластични маси и да ја користат скарата. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. 

Вила Мариа – Јерисос

Термин: Ноќевања: 1 / 2 апартман 1 /2+1 апартман 1/4 апартман

1/4 апартман

 (2 соби)

26.05-05.06.2019

10 9.920 ден (160 €) 11.160 ден (180 €) 13.020 ден (210 €) 16.120 ден (260 €)
05.06-15.06.2019 10 14.260 ден (230 €) 15.500 ден (250 €) 17.360 ден (280 €)

20.460 ден (330 €)

15.06-25.06.2019

10 18.600 ден (300 €) 19.840 ден (320 €) 21.700 ден (350 €) 24.800 ден (400 €)
25.06-05.07.2019 10 21.700 ден (350 €) 22.940 ден (370 €) 24.800 ден (400 €)

27.900 ден (450 €)

05.07-15.07.2019

10 24.800 ден (400 €) 26.040 ден (420 €) 27.900 ден (450 €) 31.000 ден (500 €)
15.07-25.07.2019 10 27.900 ден (450 €) 29.140 ден (470 €) 31.000 ден (500 €)

34.100 ден (550 €)

25.07-04.08.2019

10 27.900 ден (450 €) 29.140 ден (470 €) 31.000 ден (500 €) 34.100 ден (550 €)
04.08-14.08.2019 10 27.900 ден (450 €) 29.140 ден (470 €) 31.000 ден (500 €)

34.100 ден (550 €)

14.08-24.08.2019

10 27.900 ден (450 €) 29.140 ден (470 €) 31.000 ден (500 €) 34.100 ден (550 €)
24.08-03.09.2019 10 24.800 ден (400 €) 26.040 ден (420 €) 27.900 ден (450 €)

31.000 ден (500 €)

03.09-13.09.2019

10 18.600 ден (300 €) 19.840 ден (320 €) 21.700 ден (350 €) 24.800 ден (400 €)
13.09-23.09.2019 10 13.640 ден (220 €) 14.880 ден (240 €) 16.740 ден (270 €)

19.840 ден (320 €)

 

Апартман бр. 1

Двокреветен апартман кој се наоѓа на прв спрат во вилатаАпартманот има издвоена кујна која е опремена со електрично решо, фрижидер со мала комора и садови за готвење и јадење. Спалната соба има два единечни кревети со нормална големина, мебел, телевизор и клима уред. Од собата се влегува во купатилото кое е со нормална големина. Терасата е пространа, опремена со пластична маса и столчиња и има поглед во дворот на вилата и кон улицата.

Апартман бр. 2

Четирикреветен апартман кој се наоѓа на прв спрат во вилатаАпартманот има издвоена кујна која е опремена со електрично решо, фрижидер со мала комора и садови за готвење и јадење. Спалната соба има два единечни кревети со нормална големина, два кревета на спрат, мебел, телевизор и клима уред.Купатилото е со нормална големина, а терасата е пространа, опремена со пластична маса и столчиња и има поглед во дворот на вилата во задниот дел.

Апартман бр. 3

Четирикреветен апартман кој се наоѓа на прв спрат во вилатаАпартманот има издвоена кујна која е опремена со електрично решо, фрижидер со мала комора и садови за готвење и јадење. Спалната соба има два единечни кревети со нормална големина, два кревета на спрат, мебел, телевизор и клима уред. Купатилото е со нормална големина, а терасата е пространа, опремена со пластична маса и столчиња и има поглед во дворот на вилата во задниот дел.

Апартман бр. 5

Двокреветен апартман кој се наоѓа на втор спрат во вилатаАпартманот има издвоена кујна која е опремена со електрично решо, фрижидер со мала комора и садови за готвење и јадење. Спалната соба има два единечни кревети со нормална големина, мебел, телевизор и клима уред. Од собата се влегува во купатилото кое е со нормална големина. Терасата е пространа, опремена со пластична маса и столчиња и има поглед во дворот на вилата и кон улицата.

Апартман бр. 6

Четирикреветен дуплекс апартман кој се наоѓа на втор спрат во вилата.Апартманот има три простории, од кои две се посебно издвоени спални соби со врати и посебна кујна која е опремена со електрично решо, фрижидер со мала комора и садови за готвење и јадење. Во едната спална соба која е помала има два единечни кревети со нормална големина, мебел и прозор. Во другата спална соба има два единечни кревети со нормална големина, мебел, телевизор и клима. Од оваа соба се излегува на пространа тераса опремена со пластична маса и столчиња и има поглед во дворот на вилата во задниот дел. Купатилото е со нормална големина.

Апартман бр. 7

Четирикреветен апартман кој се наоѓа на втор спрат во вилатаАпартманот има издвоена кујна која е опремена со електрично решо, фрижидер со мала комора и садови за готвење и јадење. Спалната соба има два единечни кревети со нормална големина, два кревета на спрат, мебел, телевизор и клима уред.Купатилото е со нормална големина, а терасата е пространа, опремена со пластична маса и столчиња и има поглед во дворот на вилата во задниот дел.

Апартман бр. 8

Трокреветен апартман кој се наоѓа на втор спрат во вилата (во ценовникот студиото е назначено како 1/2+1). Апартманот има издвоена кујна која е опремена со електрично решо, фрижидер со мала комора и садови за готвење и јадење. Спалната соба има два единечни кревети со нормална големина, еден помал единечен кревет наменет за деца, мебел, телевизор и клима уред. Од собата се влегува во купатилото кое е со нормална големина. Терасата е пространа, опремена со пластична маса и столчиња и има поглед во дворот на вилата и кон улицата.

Напомена:
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци – Јерисос
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот
  • Цена на повратен билет –35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
  • Во сите студија дозволено е сместување на толку лица колку што има кревети.
  • Во заеднички кревет заедно со возрасно лице може да се смести дополнително едно дете до 4 години.
  • Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
  • Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила.

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2019