Истанбул за 23 Октомври – СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА

Искористете ги прекрасните есенски денови за прошетка низ улиците на Истанбул полни со традиција, култура и забава. Градот на Босфорот е секогаш одличен избор за овој период од годината!
За патување во Турција, не е потребен PCR тест! Резервирајте на 071/451-633, Ве очекуваме!

Истанбул за 23 Октомври – СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАН: 79 евра/ 4898 мкд 

РЕДОВНА ЦЕНА: 99 евра / 6,138 мкд

Програма:

Ден 1
ПРВ ДЕН –  22.10 (четврток)

Турата стартува од паркингот на Вип Хотел во 15:00 часот. Тргнување во 15:30. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три денови. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање. Седиштата во автобусот се нумерирани. Со самото потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција..

Ден 2
ВТОР ДЕН- 23.10 (петок)

Пристигнувањето на групата во Истанбул. Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Првиот ден по самото пристигнување започнува реализацијата на пешачка тура која од џамијата во Лалели, Капали Чаршија, Сината Џамија, Хиподоромот завршува пред „Аја Софија“. Кој сака може да ја посетат Аја Софија со водич (се доплаќа 20 турски лири). Ова пешачка тура се реализира со лиценциран локален водич од кого ќе научите доста за  стариот град. Истата тура е вклучена во цената.

 

10:30h-Посета на Топкапи палатата-Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни  метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучув различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топ Капи и по преместувањето на султаните во Долмабахче. По завршувањето со посетата на Топкапи палатата,групата се враќа во хотелите и одмара до 14:30h.

 

14:30h-Посета на Миниатурк-Минијатурк е минијатурен парк сместен на северо-источниот брег на Голден Рог во Истанбул, Турција. Отворен е на 2 мај 2003 година. Минијатурк зафаќа вкупна површина од 60.000 квадратни метри . Тој е еден од најголемите минијатурни паркови во светот со модел на површина од 15,000 м2 . Паркот содржи 122 модели во размер 1:25. Содржи структури од и околу Турција, како и толкувања на историски структури.

 

 

17:30h- Посета на Сафир 4Д кула. Ова станбена зграда важеше за една од највисоките објекти во Истанбул. Се наоѓа во Левент, област која турците ја нарекуваат истанбулскиот „Менхетен“. Патниците коишто ќе се решат да ја посетат Сафир кулата ќе имаат можност да го набљудуваат градот од една птичка перспектива и тоа на отворен балкон кој го опкружува најгорниот спрат на кулата и е ограден само со стакла. Досегашната пракса покажала дека Сафир е место од каде може да се направат едни од најубавите фотографии за социјалните мрежи. Во самата внатрешност на објектот на најгорниот спрат се наоѓа кино проекција, која не е обична туку 4Д проекција која виртуелно те вози низ Истанбул. Ова проекција со 3Д наочари е вклучена во цената на пакетот. Сафир има и трговски центар на четири спрата.

 

Ден 3
ТРЕТ ДЕН- 24.10 (сабота)

Сакате да го доживеете вистинското истанбулско уживање? Тогаш придружете ни се на турата на 21ви август бидејќи ние ги посетиме најзначајните места во градот. Сакате поглед од милион долари додека сте на крстарење? Ние ја направивме најдобрата комбинација за вас. Третиот ден ќе се реализира според следната програма:

  • 09:00h-ПОСЕТА НА ДОЛМАБАХЧЕ-Турскиот Версај. Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (сопрекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја
  • 11:00h-КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР.
    Третиот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич.
    Ова е 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите и сите познати вили од играните серии ќе можете да ги погледнете одблизу.
  • 12:30h-МОМИНСКА (ДЕВОЈАЧКА) КУЛА (Kiz Kulesi).По крстарењето, групата се упатува кон Женската Кула позната како Кулата на Леандрос, која потекнува од средновековниот византиски период. Женската кула е стационирана на мал остров кој се наоѓа на јужниот влез на Босфорскиот теснец од Ускудар. Внатрешноста на кулата е претворена во место за кафе и ресторан, со поглед на поранешната римска, византиска и османлиска престолнина. Ќе имате можност да го видите брегот на Истанбул од еден различен аспект и да ги слушнете митовите и легендите за изградбата и локацијата на кулата.
  • 13:30h-УСКУДАР Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Девината кула е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме  босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм.
  • 16:00hEMAAR SQUERE MALL
  • Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.
  • Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи. Турата завршува со посета на плоштадот Таксим, главниот центар на градот и се поминува низ познатата Истикал улица по која се движи познатиот трамвај. Овде има многу познати дискотеки и кафулиња.

Ден 4
ЧЕТВРТ ДЕН- 25.10 (недела)

Појадок во хотелот, одјавување и време е за шопинг во најдобриот трговски аутлет 212 во Истанубл.

Времетраењето на шопинг е до 16:00 часот кога групата се собира и упатува назад. Предвидено е пристигнување во раните утрински часови на 26.10

 

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАН: 79 ЕВРА 

РЕДОВНА ЦЕНА: 99 ЕВРА

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
  • Две ноќевања во хотел со 3* со појадок
  • Автобуски превоз
  • Лиценциран придружник
  • Лиценциран туристички водич
  • Тура низ стариот град на Истанбул со посета на Капали Чаршија
  • Шопинг во 212 центарот
  • Посета на Аја Софија
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
  • Задолжително патничко – здравствено осигурување

Дополнителна понуда на хотел со 4* со појадок и користење на:

  • Турска бања
  • Парна бања
  • Сауна

Доплата за овој хотел 300 мкд по лице за целосниот престој во Истанбул

 

ЦЕНИТЕ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:

Топкапи палата 20евра

Сарајот Топкапи е една од најголемите градби во срцето на Истанбул. Оваа исклучително важна палата била седиште на Отоманската империја повеќе од 4 века, а денес претставува еден од најпосетените музеи во „Главниот град на светот“. Палатата Топкапи се наоѓа помеѓу Мраморно Море и Златниот Рог, недалеку од Света Софија. Овој објект бил седиште на Османлиските султани и административен центар на Отоманската империја во периодот од 1456 до 1853 година, кога султанот Абдул Меџид решил да го подигне Долмабахче Сарај и таму да го пресели целиот државен апарат.

Пакет:Миниатурк парк и Сафир 4Д Кула 30евра

Минијатурк е минијатурен парк сместен на северо-источниот брег на Голден Рог во Истанбул, Турција. Отворен е на 2 мај 2003 година. Минијатурк зафаќа вкупна површина од 60.000 квадратни метри . Тој е еден од најголемите минијатурни паркови во светот со модел на површина од 15,000 м2 . Паркот содржи 122 модели во размер 1:25. Содржи структури од и околу Турција, како и толкувања на историски структури.

Сафир кула претставува облакодер кој што од 2016 година е прогласен за највисока градба во Истанбул лоцирана во централната деловна област Левент. По завршувањето на изградбата Сафир кулата била четврта по ред по височина кула во светот со вклупно 64 ката, 54 над земјата и 10 под земја. Она што е интересно е што овде се качуваме на најгорниот кат, 53 кат, каде ќе имаме прилика да влеземе во 4D кино и од сосема поинаков агол да ги погледнеме сите знаменитости во Истанбул. Иста така, можеме да излеземе на огромната стаклена тераса од која се гледа целиот Истанбул.

Посета на палатата Долмабахче 25евра

Долмабахче Сарај е палата што се наоѓа во областа Бешикташ во Истанбул, на европската страна од протокот Босфор. Комплексот служел како резиденција на Отоманските султани и главен административен центар, од 1856 година, до падот на Империјата во 1922 година. Денес, Долмабахче Сарај претставува туристичка атракција од неколку причини. Грандиозноста е нешто што секогаш ќе ги привлекува посетителите што сакаат барем за миг да ѕирнат во минатото и да го почувствуваат амбиентот во кој живееле отоманските благородници. Палатата, исто така, е дом и на најголемиот лустер од бохемиски кристали во светот, со 750 светилки и тежина од 4,5 тони, кој бил подарок од британската кралица Викторија. Покрај овој лустер, во палатата може да се најде и најголемата колекција на слични лустери. Сарајот е познат уште и по тоа што таткото на модерната Турција, Мустафа Кемал Ататурк, ги поминал своите последни денови во една од одаите, каде што и починал на 10 ноември, 1938 година.

Пакет 1:Крстарење по Босфор,Моминска кула,Ускудар,Нокен Истанбул(Emmar Square Mall,Watergarden) 50евра

Пакет 1 – 50евра намалување од 55евра
Крстарење по Босфор
Моминска Кула
Ускудар
Ноќен Истанбул (Emmar Square Mall, Watergarden)

Пакет 2:Крстарење по Босфор,Моминска Кула,Ускудар,Ноќен Истанбул,Миниатурк парк,Сафир 4Д Кула 80евра

Пакет 2:80евра намалување од 85евра

-Крстарење по Босфор

-Моминска Кула

-Ускудар

-Ноќен Истанбул(Emmar Square Mall,Watergarden)

-Миниатурк Парк

-Сафир 4Д Кула

Ви посакуваме убав престој во Истанбул.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА 23 ти ОКТОМВРИ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК

Истанбул