Истанбул за 1-ви Мај| 3 ноќи

Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 13 милиони жители . Светски центар од непроценлива вредност во минатото но и во сегашноста… мозаик од бројни историски и културни убавини, главен град на многу цивилизации, денес дом на жители од целиот свет. Истанбул е единствен град, град кој премостува два континенти, град кој ќе разбуди сосема поинакви чувства во Вас. Не го пропуштајте залезот на сонцето во Истанбул… кога градот се пали како слика, силуетите на џамиите се издигаат над градот, а сонцето и месечината се поздравуваат додека денот се претвора во ноќ… Во тој момент ќе се чувствувате како султан во лулката на цивилизациите. Има многу да се доживее и почуствува во Истанбул. Дали сте подготвени да го истражите овој магичен град?

Истанбул 1-ви Мај| 3 ноќевања
Редовна цена: 114 eвра
Термин:30.04 – 04.05.2019

РОДЕНДЕНСКА ЦЕНА 99ЕВРА ДО 15.04.2019

Ден 1

ПРВ ДЕН – 30.04 (Вторник)

Средба на групата на Дрводекор во 15:00 часот. Поаѓање за Истанбул во 15:30 часот. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

Ден 2

ВТОР ДЕН- 01.05 (Среда)

Планирано пристигнување во раните утрински часови. Во хотел се оставаат куферите (просторија за багаж), патниците одмараат од долгиот пат. По одредената пауза, започнува реализација на програмата која што е предвидена.

Во договорено време се тргнува на пешачка тура која се реализира од џамијата во Лалели, Капали Чаршија, Сината Џамија, Хиподоромот до „Аја Софија“. Влегувањето во „Аја Софија“ се доплаќа и влегува во факултативни влезници.

11:00ч– Посета на Аја Софија со локален лиценциран водич. Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на  Божествената мудрост. Изградена е за 10 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим. Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6 до 13 век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османскит освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј.

12:30ч– Посета на Топ Капи палатата. Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни  метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучув различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топ Капи и по преместувањето на султаните во Долмабахче.

14:00- Посета на Јеребатан. Цистерните изградени за потребите на населението во Истанбул, кој со векови беше главен град на Византија и Османлиското царство, денес се незаменлив дел од културното наследство на овој град. Еден вид ризници на културата на Истанбул, градот со долга историја, се цистерните Јеребатан (Базилика), Нуруосманије, Бинбирдирек и Серефије.

Поради недостаток на извори на вода, изградени се голем број цистерни, со цел во текот на летниот период да бидат достапни доволни количини вода. Овие градби, кои потекнуваат од периодот на Римското и Византиското царство, биле од отворен и затворен тип. Изградена е по побуната Ника во 532 година од страна на царот Јустинијан I, а ја граделе 7.000 работници. Бидејќи е изградена на место на базилика, која е уништена во пожар во 475 година, го носи и називот цистерна Базилика.

По завршувањето со посета на „Јеребатан“ групата се враќа назад во хотел и има слободно време за ручек или за индивидуална прошетка.

Ноќевање.

Ден 2

ТРЕТ ДЕН- 02.05 (Четврток)

Третиот ден започнува со доручек во хотелот во којшто се сместени патниците. Доручекот е во времетраење кое го одредува менаџментото на хотелот, а тие информации се дознаваат на рецепцијата во хотелот. По појадокот, групата заминува кон пристаништето од каде е договорено да започне крстарењето по Босфор.

10:00h: Првиот ден е предвидено да започне со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу.

11:30h – Посета на Долмабахче – Турскиот Версај. Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (сопрекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја. 45 до 60 минути слободно време. Заминување према хотел

17:00h– Посета на Emaar Square Mall, Watergarden и Плоштадот „Таксим“. (НОВО)
Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето вљубени во шопингот, забавата и гастрономијата, кое нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници кои што се за првпат достапни во Турција, а одговараат на сечија потреба од современиот урбан млад свет. Гостите може да го користат своето пристуство од шопинг, јадење, пиење до забава. Овој трговски годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости.
Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено доколку го посетувате навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Со овој трговски ценар, Истанбул е рамо до рамо со луксузните центри во Дубаи. Доколку сакате да гледате како изгледа тоа, можете да погледнете со еден клик ОВДЕ!
Ноќната тура се завршува со посета на плоштадот „Таксим“. се посетува плоштадотТаксим на кој се наоѓа главната улица „Истиклал“ која е симбол за ноќен живот. Овде се наоѓа познатата трамвајна линија и големиот број дискотеки и кафулиња. По завршувањето на овие посети, групата се упатува према хотел. Ноќевање.

Ден 4

ЧЕТВРТИ ДЕН- 03.05 (Петок)

Четвртиот ден започнува со доручек во хотелот во којшто се сместени патниците. Доручекот е во времетраење кое го одредува менаџментот.

10:00ч Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со лиценциран локален водич со посета на паркот на лалињата Еmirgân Кorusu (Емиран Корусу). Автобуска екскурзија со која се поминува крај Галата Сарај се до паркот на лалињата, каде што има доста интересни креации коишто се создадени од природно одгледани лалиња.  Враќање во хотел, слободно време. Слободно време до 18:30h.

13:30ч– Посета на кулата „Сафир“ со 4D проекција. Сафир е облакодер кој до пред неколку години важеше за еден од највисоките станбени згради во Истанбул. Сместен во Левент, Сафир е можност за сите љубители на ноќната панорама да направат прекрасни фотографии од највисокиот спрат каде што се наоѓа 360 степени отворена тераса преградена со стакло. Во внатрешноста на највисокиот спрат се наоѓа кино проекција кој виртуелно ги движи патниците низ Истанбул.

Ден 5

ПЕТТИ ДЕН- 04.05 (Сабота)

Денот започнува со доручек на групата во хотел, по што следува одјавување на рецепција. Одјавувањето на рецепција е во 09:30, кога заедно со куферите групата се упатува кон автобусот. Последна дестинација е трговскиот центар „Форум“. Во договорено време групата се чека и се упатуваме кон Македонија. Предвидено е престигнување во Македонија во раните утрински часови на 05.05

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

-Три ноќевања во хотел 3* во Аксарај со појадок

-Автобуски превоз со високотуристички автобус

-Туристички придружник за време на целиот престој

-Туристички водич (локален)

-Пешачка тура до хиподромот ( се минува покрај капали чаршија )

-Туристичка такса

-Посета на трговскиот центар Форум

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-Патничко осигурување (1 евро од ден)

-Доплата за сингл соба е 30 евра дополнително од аранжманот

-Факултативните излети

ЦЕНИТЕ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:

Аја Софиа
Посета на некогашната православна црква, а денес музеј со локален туристички водич (вклучено аудио слушалки)- Цена 15 €

Топкапи Палата
Некогашната палата на султаните-Цена 15 €

Јеребатан
Цистерните изградени за потребите на населението во Истанбул, кој со векови беше главен град на Византија и Османлиското царство. 15 

Панорамски разглед на Истанбул
Посета на европскиот и азискиот дел на Истанбул и паркот на лалињата- Цена 15 €

Аквариум “Туркуазу” – 15 €

Петтиот најголем аквариум по површина во Европа

Посета на кулата „Сафир“ со 4D кино проекција- 15€

Крстарење по Босфор
90 минутно крстарење низ најубавите предели на Истанбул- Цена 20 €

Долмабахче
Турскиот Версај на Султанот- Цена 20 €

Ноќен Истанбул- Цена 25 €
Центар: Emaar Square Mall
Центар: Watergarden
Плоштад Таксим

Пакет – 80 € (Намалување од 95€)- 15 евра заштеда
Крстарење по Босфор
Долмабахче
Дневна панорама до паркот на лалињата
Аквариум „Туркуазу“
Ноќен Истанбул (Таксим, Emmar Square Mall, Watergarden)

ВИП пакет- Цена: 135€ (Намалување од 155€)- 20 евра заштеда
Сите тури

НАПОМЕНА:
Задолжително проверете го вашиот пасош. Не треба да е на шест месеци пред истекување од денот на поаѓање.

Околу превозот! За Истанбул се патува по автопатот Е-75, што значи дека не е неопходно да се качите од Скопје, може да ни се придружите во автобусот од попатната станица која што е најблиску до вашиот дом. На пример: Мотел Македонија, автопатот во близина на Градско, Неготино, Демир Капија, Удово или граничен премин „Богородица“.