Истанбул во јули: Хотел со 5* на море и градски екскурзии

Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеќе од само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 13 милиони жители .Не го пропуштајте залезот на сонцето во Истанбул… кога градот се пали како слика, силуетите на џамиите се издигаат над градот, а сонцето и месечината се поздравуваат додека денот се претвора во ноќ… Во тој момент ќе се чувствувате како султан во лулката на цивилизациите. Има многу да се доживее и почуствува во Истанбул. Оваа тура е можност за уживање на море, но и посета на овој посебен град! Дали сте подготвени да го истражите овој магичен град? Ве очекуваме на 071/451-633.

Истанбул во јули: Хотел со 5* на море и градски екскурзии

ПРВ ТЕРМИН: 16.07 ДО 21.07
ВТОР ТЕРМИН: 23.07 ДО 28.07

ПРОМО ЦЕНА: 189€ или 11.718 денари за резервација до 30.06

РЕДОВНА ЦЕНА: 209€ или 12.710 денари

Информации и резервации на 02/2774 – 371 или 071/451-633

Кога некој ќе ти рече тебе не ти треба класичен одмор, туку патување на кое ќе имаш сè тогаш тебе ти треба е овој аранжман. Од хотел со 5* на сама плажа до екскурзии низ Истанбул. Сигурно би сакале од истражување на градот Истанбул да завршите во турска бања или пак на плажа?

Хотелот ќе ви овозможи појадок,користење на спа и базени како и прекраско крајбрежје на Мраморно море. Хотелот Марин Принцес проверете го со еден клинк на линкот: http://www.kumburgazmarinprincess.com/ e хотел со 5 ѕвезди на Мраморно море (околу 45км од Истанбул). Нуди незаборавни зајдисонца. Покрај зајдисонцата преку ден се организираат дополнителни екскурзии низ градот на два континенти.

Ден 1

Ден 1 – 15.07.2019 или 22.07(Понеделник) 

Средба на групата на Дрво декор во 17:00 часот. Поаѓање за Истанбул во 17:30 часот. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Часот на тргнување може и да биде променет, но дополнително се известуваат патниците

Ден 2

Ден 2 – 16.07.2019 или 23.07 (Вторник)

Планирано пристигнување во утринските часови.

По самото пристигнување се сместуваме. Според правилникот на хотелот сместувањето е по 12:00 часот по локално време. Истиот ден на располагање се: Турска бања, сауна, фитнес сала, надворешен и внатрешен базен.

Овој ден е предвиден како слободен ден со слободни активности во рамки на хотелот. Околу хотелот се наоѓаат доста ресторани и места каде што би можеле да се најде храна, пијалоци или исполни слободното време.

Ден 3

Ден 3 – 17.07.2019 или 24.07 (Среда)

Појадок.
Овој ден е предвиден како слободен ден со слободни активности во рамки на хотелот. Околу хотелот се наоѓаат доста ресторани и места каде што би можеле да се најде храна, пијалоци или исполни слободното време. Истиот ден на располагање на патниците се: Турска бања, сауна, фитнес сала, надворешен и внатрешен базен.

Ден 4

Ден 4 – 18.07.2019 или 25.07 (Четврток)

По појадокот, се упатуваме на крстарење по Босфор.

  • 09:30h- КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР.
    Крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул. Ги гледаме сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња. Можност да седнете и да уживате крај морето и да испиете прекрасно турско кафе..
  • 11:30h- ПОСЕТА НА ДОЛМАБАХЧЕ
    Турскиот Версај. Првата историска палата во Османлиската Империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава. Наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја
  • Слободно време за пауза за ручек во договор со водичот.
  • 14:30h- ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД И ПОСЕТА НА АЗИСКИ КОНТИНЕНТ ЗА ПРВ ПАТ.
    Панорамски разглед на европски и азиски дел на Истанбул со лиценциран локален водич со посета на Чамлиџа. Стадионот на Бешикташ, централното подрачје на Истанбул и бизнис зоните каде што се стационирани највисоките облакодери. Панорамскиот разглед ќе ви даде многу одговори околу стабилната економија на градот.
  • 17:00h–НОЌЕН ИСТАНБУЛ: Посета на Emaar Square Mall, Watergarden и Плоштадот „Таксим“.
    Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Имаме времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости.
    Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Оваа дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување. Особено кога ќе го посетиме навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи. Доколку сакате да гледате како изгледа тоа, можете да погледнете со еден клик ОВДЕ!
    Ноќната тура завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Овде се наоѓа главната улица „Истиклал“ која е симбол за ноќен живот. А по истата се протега познатата трамвај линија и големиот број дискотеки и кафулиња.
    Ноќниот разглед завршува на полноќ кога групата се враќа во хотелот. 
Ден 5

Ден 5 – 19.07.2019 или 26.07 (Петок)

Слободен ден за релаксација во хотелот, на плажа и слободни активности.

Ден 6

Ден 6 – 20.07.2019 или 27.07 (Сабота)

Слободен ден за релаксација во хотелот, на плажа и слободни активности.

Ден 7

Ден 7 – 21.07.2019 или 28.07 (Недела)

После појадокот се одјавуваме. Одјавувањето на рецепција е во 09:30, кога заедно со куферите групата се упатува кон автобусот. Пред да се напушти градот се посетува аквариумот „Туркуазу“ кој е во склоп на трговскиот ценар „Форум“. Погледнете како изгледа програмата за последниот ден:

  • 09:30– Фабриката „Коска“. Место каде што можете да ги набавите сите традиционални турски задоволства по доста ниски цени.
  • 12:00– Последна дестинација е трговскиот ценар „Форум“ каде се наоѓа петиот по големина аквариум во Европа. Слободно време од околу 3/4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција. На посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2 , а неговата вредност изнесува 17 милиони евра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.

По завршување со посетата на трговскиот центар „Форум“ се упатуваме кон Македонија. Тргнувањето од Истанбул е во договор со водичот. Предвидено е пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • 5 ноќевања во хотел 5* во населбата Кумбургаз со вклучен појадок, користење на спа и базени;
  • автобуски превоз со високотуристички автобус;
  • туристички придружник за време на целиот престој;
  • Посета на трговски ценар „Форум

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • патничко осигурување (1 евро од ден) ЗАДОЛЖИТЕЛНО
  • Доплата за сингл соба е 30 евра дополнително од аранжманот

ЦЕНИТЕ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:

  • Панорамски разглед на Истанбул
    Посета на европскиот Истанбул- Цена 15 €
  • Крстарење по Босфор
    90 минутно крстарење низ најубавите предели на Истанбул- Цена 20 
  • Долмабахче
    Турскиот Версај на султанит- Цена 20 €

    • Ноќен Истанбул- Цена 25 €
      Ценар: Emaar Square Mall
      Ценар: Watergarden
      Плоштад Таксим.
  • ПАКЕТ 80€ е намален на 60€
    НАПОМЕНА-Факултативите се купуваат само како пакет. Бидејќи програмата е комплекса и мора да се реализира според времето.
  • Аквариум 12€- Напомена: Аквариумот се купува одделно од пакетот бидејќи е последниот ден и е возможно да се посети одделно од останатите екскурзии.
  • НАПОМЕНА: Во случај да не го одберете пакетот екскурзии, агенцијата нема да ви овозможи трансфер до градот. Должност на агенцијата е да ја почитува волјата на оние патници коишто имаат намера да научат нешто повеќе за Истанбул. Слободното време го планираат самите патници.

 

Facebook35k
Instagram3k