Истанбул ВЕЛИГДЕН 2020

Посетете го градот на два континенти за Велигден. Истанбул е секогаш убав, но на пролет со лалињата нуди незаборавно искуство. Не размислувајте, резервирајте на 071/451-633!

 

ИСТАНБУЛ ЗА ВЕЛИГДЕН (17-21.04)

Промо цена 80 евра/ 4.960 мкд

Редона цена 90 евра / 5.580мкд

ИНФО НА 071/451-633 или 02/2774-371

Ден 1

ПРВ ДЕН 17.04.2020 ПЕТОК
Средба на групата на паркингот пред Вип хотел во 15:00 часот. Поаѓање за Истанбул во 15:30 часот.Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. 

Ден 2

ВТОР ДЕН 18.04.2020 САБОТА
Планирано пристигнување во раните утрински часови. Во хотел се оставаат куферите (просторија за багаж), патниците одмараат од долгиот пат. По одредената пауза, започнува реализација на програмата која што е предвидена. Првиот ден по самото пристигнување започнува реализацијата на пешачка тура која од џамијата во Лалели, Капали Чаршија, Сината Џамија, Хиподоромот завршува пред „Аја Софија“. Ова пешачка тура се реализира со лиценциран локален водич од кого ќе научите доста за  стариот град. Истата тура е вклучена во цената.

Влегувањето во „Аја Софија“ се доплаќа и влегува во факултативни влезници.

  • 10:00h: Посета на Аја Софија со локален лиценциран водич. Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на  Божествената мудрост. Изградена е за 10 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим. Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6 до 13 век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османскит освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј.
  • СЛОБОДНО ВРЕМЕ ДО 15:30часот
  • 16:00h: Посета на Сафир 4Д кула. Ова станбена зграда важеше за една од највисоките облјекти во Истанбул. Се наоѓа во Левент, област која турците ја нарекуваат истанбулскиот „Менхетен“. Патниците коишто ќе се решат да ја посетат Сафир кулата ќе имаат можност да го набљудуваат градот од една птичка перспектива и тоа на отворен балкон кој го опкружува најгорниот спрат на кулата и е ограден само со стакла. Досегашната пракса покажала дека Сафир е место од каде може да се направат едни од најубавите фотографии за социјалните мрежи. Во самата внатрешност на објектот на најгорниот спрат се наоѓа кино проекција, која не е обична туку 4Д проекција која виртуелно те вози низ Истанбул. Ова проекција со 3Д наочари е вклучена во цената на пакетот. Сафир има и трговски центар на четири спрата.
  • Завршуваме со вечерна прошетка на плоштадот „Таксим“. Овде се наоѓа главната улица „Истиклал“ која е симбол за ноќен живот, а по истата се протега познатата трамвај линија и големиот број дискотеки и кафулиња.

Ноќевање.

Ден 3

ТРЕТ ДЕН 19.04.2020 НЕДЕЛА
Третиот ден започнува со доручек во хотелот во којшто се сместени патниците. Доручекот е во времетраење кое го одредува менаџментото на хотелот, а тие информации се дознаваат на рецепцијата во хотелот. По појадокот, групата заминува на крстарење по Босфор.  Програмата за вториот ден е следната:

  • 09:30h- КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР.
    Вториот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете прекрасно турско кафе.

    • 11:30h- ПОСЕТА НА ДОЛМАБАХЧЕ
      Турскиот Версај. Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (сопрекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја
    • 10:15h ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД НА ИСТАНБУЛ: Панорамскиот разглед на истанбул трае од самиот старт на денот до самиот крај. Меѓутоа мора да се нагласи во делот по Долмабахче бидејќи ова возење е низ најубавиот предел на градот. Автобусот движи во непосредна близина на стадионот Ортакој, старата турска касарна, во непосредна близина на доста луксузни хотели, а самата панорама е збогатена со многу информации од лиценцираниот водич кои ги презентира во автобусот.
    • 13:00h ПОСЕТА НА ЕМИРГАН „ПАРКОТ НА ЛАЛИЊАТА“. Она по што се разликуваме од останатите агенции е тоа дека на секоја екскурзија вметнуваме нешто ново, а симболично за периодот во кој се посетува Истанбул. Затоа за ова патување ние го имаме Емирган. Со своите шарени павилјони, милиони лалиња и неверојатни погледи на Босфорот, овој парк важи за еден од главните локации на фестивалот на лалето. Многу концерти, изложби на традиционална турска уметност, калиграфија, изработка на стакло и фотографски изложби се одржуваат во паркот во месец април.
    • 16:30h ПОСЕТА НА EMMAR SQUARE MALL И WATERGARDEN. Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.
      Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.

По завршувањето на овие посети, групата се враќа во хотел, ноќевање.

Ден 4

ЧЕТВРТ ДЕН 20.04.2020 ПОНЕДЕЛНИК
Денот започнува со доручек на групата во хотел, по што следува одјавување на рецепција. Одјавувањето на рецепција е во 09:30, кога заедно со куферите групата се упатува кон автобусот. Пред да се вратиме назад правиме панорамски разглед и посета на

  • Посета на Фабрика за кожа.
  •  Фабриката „Коска“. Место каде што можете да ги набавите сите традиционални турски задоволства по доста ниски цени.
  • Трговски центар.

По завршување со посетата на трговскиот центар  групата се упатува кон Македонија. Тргнувањето од Истанбул е во договор со водичот. Предвидено е престигнување во Македонија во раните утрински часови на 21.04 Вторник..

 

 

ИНФОРМАЦИИ ЗА ДОПЛАТИ:

  • За деца до 11,99 години аранжманот се наплаќа на пола цена.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • две ноќевања во хотел 3* во населбата Аксарај со вклучен појадок
  • автобуски превоз со високотуристички автобус
  • туристички придружник за време на целиот престој
  • туристички водич (локален) кој ќе ви го презентира Аксарај
  • Пешачка тура (прв ден) (Хотел-Капали Чаршија и Хиподромот)
  • Посета на фабриката „Коска“
  • Посета на трговски ценар.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • патничко осигурување (1 евро од ден)
  • Доплата за сингл соба е 30 евра дополнително од аранжманот
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временскиот редослед на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.

ЦЕНИТЕ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ:
Истите се уплаќаат за време на патувањето:

  • Аја Софиа
    Посета на некогашната православна црква, а денес музеј со локален туристички водич (вклучено аудио слушалки) – Цена 20 €
  • Посета на кулата „Сафир“ со 4D кино проекција – 25€
  • Панорамски разглед на Истанбул со посета на Паркот на Лалето – Цена 15 €
  • Аквариум  – 13 €
  • Крстарење по Босфор
    90 минутно крстарење низ најубавите предели на Истанбул- Цена 20 €
  • Долмабахче
    Турскиот Версај на султаните – Цена 20 €
  • Ноќен Истанбул – Цена 20 €
    Ценар: Emaar Square Mall
    Ценар: Watergarden
    Плоштад Таксим

Праксата покажала дека доста од патниците се одлучуваат за повеќе факултативи. Затоа ние комбиниравме факултативи кои ќе ви заштедат на џебот. Досегашната пракса покажала дека екскурзиите коишто се вклучени во пакет 2 се најбараните екскурзии, па затоа нашата агенција ви нуди попуст доколку ги купите сите како пакет.

  • Пакет 2 – 65 € (Намалување од 80€)
    Крстарење по Босфор
    Долмабахче
    Панорамски разглед на Истанбул со посета на паркот на лалето
    Ноќен Истанбул (Таксим, Emmar Square Mall, Watergarden) без аквариумот

Патувате во Истанбул и сакате градот да ви остане во паметење? Патувате во Истанбул затоа што шопингот ви е во втор план, а пред се сакате да научите нешто во вашиот живот и да дознаете нови работи за историјата на луѓето коишто дејствувале на ова подрачје? Сакате култура? Сакате да бидете оној/она кои ќе се вратат дома исполнети со многу слики и спомени од градот? Тогаш вие го имате ВИП пакетот со сите екскурзии.

  • ВИП пакет- Цена: 120€ (Намалување од 138€)
    Сите тури
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ВЕЛИГДЕН НА СЛЕДНИОВ ЛИНК