ХОТЕЛ SARTI BEACH – САРТИ – ГРЦИЈА ЛЕТО 2019

Сарти е мало селце сместено на источната страна на вториот крак, со прекрасен поглед кон третиот крак и планината Атос. Има долга прекрасна, песочна плажа и кристално чисто море. Според многумина на јмонденското и најпосетено туристичко место на Ситонија. Оддалечено е 144 км. Од Солун и 240 км. Од македонската граница. 

ХОТЕЛ SARTI BEACH – САРТИ

ГРЦИЈА ЛЕТО 2019

Хотелот SARTI BEACH располага со трикреветно студио кое се состои од еден француски и еден единечен кревет. Четирикреветен апартман кој има еден француски и два единечни кревети во делот каде што е сместена и кујната, се наоѓаат на приземје во хотелската зграда. Четирикреветни дуплекс апартмани, со по две одвоени спални соби, во секоја по два единечни кревети. Имаат комплетно опремена кујна, тоалет, голема тераса со директен поглед на море, ТВ, интернет (се доплаќа) и клима (се доплаќа). Истите се на 1, 2 и трет кат во објектот. Комплексот има во својот состав базен и бар на плажа.

Термин

Ноќевања

1/3 студио

1/4 апартман

1/4 дуплекс

26/5-2/6

7*

215*

250*

260*

2/6-12/6

10*

365*

400*

415*

12/6-21/6

9*

425*

460*

480*

21/6-30/6

9*

480*

515*

535*

30/6-9/7

9

515

565

640

9/7-18/7

9

575

625

680

18/7-27/7

9

605

655

740

27/7-5/8

9

605

655

740

5/8-14/8

9

605

655

740

14/8-23/8

9

605

655

740

23/8-1/9

9

565

555

670

1/9-11/9

10

515*

555*

575*

11/9-21/9

10

425*

460*

475*

21/9-1/10

10

285*

320*

335*

Доплата за туристичка такса во Р.Грција, 0,50 € по соба на ден (се доплаќа во објектот)

 

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд. Истите се за наем на цело студио или апартман, за број на ноќевања кој е запишан во табелата.
  • ГРАТИС превоз за термините кои се обележани со ѕвезда (*), за останатите превозот се доплаќа:
    • За возрасни 2.170 мкд. (35 евра)
    • За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра)
    • Деца до 2 години бесплатно, без седиште
  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страницасе само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените.
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, т.а. „СТАФ“ ги објавува информациите според меѓусебно потпишаниот договор со истите.
  • т.а. „СТАФ“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „СТАФ“ и на самата агенција.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ чиј член и еден од основачите е т.а. „СТАФ“.
Тимот на “СТАФ” ви посакува убаво и спокојно лето, пријатен престој и прекрасни спомени, секое добро драги пријатели.

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2019