Хотел Olympion – Потос – Тасос – Грција Лето 2019

Островот Тасос се наоѓа на североисточна Грција. Тасос е помал остров и има скоро совршена форма на круг. Со обем од околу 100км, опкружен е со прекрасни песочни плажи. Дури и во најтоплите денови кога секаде е прополно со туристи, овде ќе најдете мирна плажа во некој од тиркизните заливи. Внатрешноста на островот е недопрен планински предел во кој се распрскани селца непроменети од времето. Целиот остров е прекриен со богата шума од црн и македонски бор. Најшумовитиот и најблискиот остров уште се нарекува и „зелен остров“. Синото море, зелените шуми и блескавит бел мермер ќе ви овозможат незаборавно искуство.

Хотел Olympion – Потос – Тасос

Грција Лето 2019

Хотел Olympion се наоѓа централно во местото Потос. Хотелот е комлетно реновиран пред 4 години. Во состав, хотел Olympion има 54 соби на приземје, прв и втор спрат, рецепција, ресторан за доручек на база шведска маса. Собите поседуваат wi-fi, клима уред (вклучен во цената), ТВ, WC, тераса, сеф, фен за коса, телефон (со доплата), мини бар (со доплата). Хотелот нуди стандардни двокреветни соби (два единечни кревети) а во некои има можност за дополнително легло. Хотелот е одалечен од на само 100 м. од прекрасната песочна плажа, а се наоѓа на чекор од главното шеталиште, продавници, пекари, ресторани, таверни и сите видови забава. Гостите имаат можност за доплата на вечера во таверна која е во близина на хотелот (на сама плажа). Гостите на хотел Olympion можат да го користат базенот во хотел Anna Star кој се наоѓа на околу 100 м. одалеченост со нарачување на пијалок од барот на базенот.

За целосна уплата до 01.03.2019 попуст од 10%

Период

Услуга: ноќевање со појадок

Бр. на ноќевања 1/2

студио

02.06-09.06.19 7 150
09.06-16.06.19 7 190
16.06-23.06.19 7 210
23.0630.06.19 7 230
30.06-09.07.19 9 320
09.07-18.07.19 9 360
18.07-27.07.19 9 399
27.0705.08.19 9 399
05.08-14.08.19 9 399
14.08-23.08.19 9 399
23.0801.09.19 9 360
01.0908.09.19 7 260
08.09-15.09.19 7 240
15.09-22.09.19 7 220
22.09-29.09.19 7 190

 

Напомена:
  • Цените во табелата се по лице за 7 или 9 ноќевања со појадок, за минимум 2 лица во соба
  • 1-во дете 2-11,99 год. во двокреветна соба на дополнително легло со двајца возрасни – 50% доплата од цената за возрасен
  • Во цената на аранжманите е вклучено користењето на клима
  • За резервирани два последователни аранжмани одобруваме 10% попуст на втората смена (не се комбинира)
  • Сместување во собите е после 14 часот по локално време а напуштање на собите до 09 часот по локално време
  • Цените се изразени во ЕУР за плаќање во денарска противвредност 1€ = 62 денари.

 

Цената на превозот на релација Скопје – Тасос – Скопје изнесува:

  • возрасни: 50 €
  • деца од 2 до 12 години: 35 €
  • деца до 2 години: БЕСПЛАТНО (не користи седиште)

 

Агенцијата оргранизатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата

Туристичка такса од 0,5€ на ден по сместувачка единица се плаќа на лице место по пристигнување (check in) во објектот.

 

ХОТЕЛ „OLYMPION“ – ПОТОС       

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2019