CHRISTMAS MARKET ВО ПРАГА, ДРЕЗДЕН, ВИЕНА

Прага – еден од најпопуларните градови во Источна Европа. Неговата привлечност е во 600 години старата архитектура, недопрена во текот на војните. Центарот на градот е под заштита на UNESCO. Градот е изграден покрај реката, Влтава, и никогаш не престанал да ги маѓепсува посетителите, сликарите, фотографите и поетите. Идеално место за заљубените и за оние кои сакаат да се заљубат. Така се зборува, проверете сами.

Прага е главен град на Република Чешка, основан на обалата на реката Влтава на височината Вишеград, која и денес се смета за колевка на Чешката држава. Со текот на развојот градот се ширел и спрема север и према денешно Ново место, Старо место, Мала страна и Храдчаним. Градот најголема ренесанса има достигнато во времето на владеењето на Карло IV во текот на XIV век, кој го изграден Карловиот мост, ја започнал изградбата на катедралата Света Вита, како и Карловиот универзитет кој претставува најстар словенски универзитет. Прага, која поради својата 500 години стара архитектура, која била недопрена за време на војните, денска претставува еден од најубавите градови во Источна Европа и едно најатрактивните дестинации…

Christmas market во Прага, Дрезден, Виена

Три држави во едно волшебно патување: Чешка, Германија, Австрија. Магијата на Christmas market никогаш не била поубава. Посетете ја Златната Прага, Дрезден и Виена за празникот 8-ми декември.

Прага е идеална дестинација за познавачите и љубителите на божиќните пазари со четири големи Christmas маркети во непосредна близина. Божиќните пазари во Прага се едни од најстарите божиќни пазари во Европа, буквално празник и за очи и за стомак. Божиќна музика, високи новогодишни елки и убави светла, традиционалните колбаси на скара, трделник, варено вино и топлото чоколадо ја надополнуваат магијата на шармантните дрвени куќички, кои се преполни со ракотворби и храна низ стариот градски плоштад и плоштадот Венцеслас. Само една вечер на стариот градски плоштад на Прага во текот на божиќните празници е искуство кое никогаш нема да се заборави. А во снежните вечери, стариот град е вистинска бајка.
Специјалитети: чешките пива се особено популарни кај туристите, а може да пробате и нешто типично празнично – домашна медовина и “svařák” (варено вино).

 

 

Ден 1

06.12 (четврток)
Собир на групата на Дрводекор околу 12:30 часот попладне. Тргнување за Прага во 13 часот. Денско и ноќно возење преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи за освежување и царински формалности.

Ден 2

07.12 (петок)
Очекувано пристигнување во Прага во утринските часови. Од тука групата веднаш се упатува на разглед на Стариот град со локален водич, прекрасниот Карлов мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, цркавата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито. По разгледот следува слободно време за ручек.

Во попладневните часови сместување во хотел и слободно време за одмор се до 19 часот, кога групата се чека пред хотел и се упатува на крстарење по реката Влтава. Прекрасно вечерно крстарење од каде се поминува низ срцето на Прага. По завршувањето на крстарењето следува слободно време се до 12 часот на полноќ, каде ќе можете да уживате во магијата на Christmas Market на градот и да дегустирате од традиционалното слатко ТРДЛО или пак познатата чешка кобасица, сето тоа збогатено со магијата и убавината на Божиќната атмосфера.

Ден 3

08.12 (сабота)
По појадокот, следува посета на градот Дрезден, град кој е четврт по големина во Германија, после Берлин, Хамбург и Келн. Како град прв пат се појавува во 1206-та година. Поради исклучителното културно значење се нарекува уште и Фиренца на Елба. Разглед на градот: прочуената дрезденска опера Готфилд Земпер, хотелот Кемпински (палатата Ташенберг – некогашните градски ѕидини), палатата Цвингер Фрауенкирхе (црквата на Света Богородица), Августовиот мост. Слободно време за прошетка и ручек. Враќање во Прага и хотелот во доцните попладневни часови.

Вечерта можност за посета на ресторан – пивница каде можете да пробате традиционална чорба со кромид, гулаш со кнедли и колач. По вечерата повторно слободно време за уживање во убавините на стариот дел на Прага. Враќање во хотел по договорено време.

Ден 4

09.12 (недела)
По појадокот, групата се одјавува од хотелот и се упатува  Поаѓање за Виена со попатна посета на FREEPORT FASHION OUTLET. Слободно време за шопинг. Потоа групата се упатува према Виена, каде следува панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за уживање на виенскиот Christmas Market и поаѓање за Скопје во попладневните часови.

Ден 5

10.12 (понеделник)
Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

ПРОМО ЦЕНА 109 евра со задолжителен пакет факултативи (со попуст) и уплата до 20.11

редовна цена 129 евра

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ CHRISTMAS MARKET ВО ПРАГА ВКЛУЧУВА:
  • Автобуски превоз на релација Скопје-Прага-Скопје
  • Сместување во хотел 3* во Прага на база 2нп. (хотелот е во околината на Прага 3, поврзан со градски превоз до центарот на градот)
  • Панорамски разглед на Виена
  • Посета на трговскиот центар Freeport Fashion Outlet
  • Организација и водство на патувањето

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ CHRISTMAS MARKET ВО ПРАГА НЕ ВКЛУЧУВА:
  • Разглед на Прага со локален водич – 10 евра
  • Вечерно крстарење по В`лтава – 15 евра
  • Посета на Дрезден – 30 евра
    ЦЕНА НА ФАКУЛТАТИВИТЕ: 55 евра. Со резервација на пакетот во нашата канцеларија, цената е 50 евра по лице!
  • Вечера во пивница-ресторан со мени – 15 евра (не е вклучено во пакетот факултативи)
  • Патничко осигурување

 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ ЗА АРАНЖМАНОТ CHRISTMAS MARKET ВО ПРАГА:
  • Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот
  • Нема намалување на цената за сопствен превоз
  • ПОПУСТ за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/2+1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел)

 

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 5 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

 

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
  • Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
  • Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
  • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
ВАЖНО:
  • Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
  • Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
  • Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
  • Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
  • Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
  • Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
  • За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
  • Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
  • Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Агенцијата ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.
  • Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
  • Агенцијата не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
  • Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
  • Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)

 

ВАЖНО:
  • Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
  • Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
  • Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 евра во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
  • Аранжманот е правен врз база на 40 патници. Доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.

 

Доколку сакате да прочитате нешто повеќе за Christmas markets стиснете на линкот http://bit.ly/2y0ElBH

 

Christmas