Брисел е главен град на Белгија. Овој град од секогаш претставувал раскрсница на јазици и култури по што заслужено е претворен во главен штаб на Европската Унија, НАТО и други Европски институции. Метрополата на Брисел содржи 2 090 000 жители.
Брисел е главен град на Белгија и незванична престолнина на Европа. Градот ќе Ве маѓепса со својата убавина и разновидната понуда, започнувајки од многубројните атракции кој овде можат да се видат, како што се многубројните плоштади, музеи, замоци, паркови, барови и ресторани. Препуштете се на шармот на овој прекрасен град и уживајте во дегустација на белгиското чоколадо или познатото белгиско пиво.
Предлагаме посета на еден од најубавите плоштади во Европа “Grand Palace”, Катедралата Св.Михаил, Конгресната хала, познатиот Атомиум, Судот, градската куќа, плоштадот Ројал, црквата и квартот Шаблон, Кралската палата, Парламентот. Ноќевање.
Предлагаме да го посетите паркот Мини Европа во кој се претставени 80 европски градови и над 350 најзначајни архитектонски згради.
Посетете го божиќниот маркет на некој од плоштадите во градот, каде ќе може да ја вкусите вкусната храната и греаното вино или пак засладете се во познатата продавница за чоколади Wottamer. Ноќевање.
Дозволете си прошетка низ прекрасните паркови на градот, прошетајте низ тесните улички на стариот град и седнете на некој од плоштадите за да го вкусите познатото овошно пиво од цреша, капини или праска.
Одјавување од хотел. Приватен трансфер до аеродромот. Препорачуваме на аеродромот да бидете 2 часа пред летот.
***Цената зависи од моментално расположливи места во авио компанијата и хотелите