Белград е еден од најстарите градови во Европа, кој се наоѓа на сливот на реките Сава и Дунав. Тоа е неверојатен град кој едноставно повикува со својата уникатна и мистериозна атмосфера, како и бизарна мешавина на источната и западната култура.
Нови Сад е главен град на северната српска покраина Војводина. Втор град по големина во Србија, по Белград. Градот изобилува со стари историски градби, со многу цркви, катедрала, синагога, тврдина, плоштади и други историски знаменитости. Покрај српскиот јазик, се користат и унгарскиот, словачкиот и панонскорусинскиот јазик.
Инфо и резервации на 071/451-633
Белград е еден од најстарите градови во Европа, кој се наоѓа на сливот на реките Сава и Дунав. Тоа е неверојатен град кој едноставно повикува со својата уникатна и мистериозна атмосфера, како и бизарна мешавина на источната и западната култура.Па затоа имате одлична можност по повод денот на жената да го посетите Белград за 8ми март.
05.03.2021- Петок
Состанок на групата во 02:30 на паркингот спроти хотел Holiday INN. Тргнување за Белград во 03:00. Патување во раните утринските часови со попатни паузи. Пристигнување во Белград во претпладневните часови, сместување во хотел.. Следува разглед на Белград со придружба на водич (Булевар Револуција, Собрание, плоштад Никола Пашиќ, Теразиска чешма (хотел Москва), Кнез Михајлова, Калемегдан (Калемегданска тврдина), Скадарлија (Боемски кварт)..По разгледот е предвидено факултативно крстарење по реките Сава и Дунав и запознавање на градот од поинаков агол. Во вечерните часови (доколку епидемиолошката состојба во тој момент дозволи реализација) е предвидено факултативна посета на некоја од Белградските кафани каде ќе го запознаеме надалеку познатиот Белградски ноќен живот. Ноќевање.
06.03-.2021 Сабота
Појадок. Факултативен излет до Нови Сад. Разглед на градот со локален водич: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петро варадинската тврдина…Слободно време. Враќање во хотел. Во вечерните часови е предвидена факултативна посета на традиционалните Белградски кафани. Ноќевање
07.03.2021- Недела
Појадок. Напуштање на Хотел. Се упатуваме во новоотворениот трговски центар Галерија, кој се наоѓа на новата атракција во градот позната како Београд на води. Слободно време. Во попладневните часови тргнување за Македонија. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
Тип на сместување |
Цена по лице |
1/2 двокреветна соба Hotel Prince Hall 4* |
99 евра |
1/3 трокреветна соба Hotel Prince Hall 4* |
89 евра |
1/2 двокреветна соба Hotel Nobel 4* |
89 евра |
1/3 трокреветна соба Hotel Nobel 4* |
79 евра |
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
За овој програм важат Општите услови на патување на Стаф
Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.
Т.А.Стаф го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.