Белград 8ми Март 2019 (СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА)

Занимливо е да споменеме дека еден од најпознатите светски туристички водичи Lonely Planet, ја објави листата на светски градови по разновидноста и понудите за ноќен живот и забава, каде несомнено на првото место на светско ниво е рангиран токму Белград. Приматот го носи токму поради рестораните, баровите и клубовите како и добро познатите сплавови на реките Дунав и Сава, и би рекле секако поради ентузијастичкото домашно население кое придонесува за пријатна атмосфера и добра забава.

Белград 8ми Март  

Цена по лице : 5.270 ден.

1 ден  08.03.2019 Скопје – Белград

Состанок на групата во 02:00 часот пред Хотел ВИП наспроти Саем. Патувањето води преку граничен премин Табановце со царински формалности и попатни планирани паузи. Пристигнување во Белград околу 10:00 часот. Организиран панорамски разглед на Белград со водич со посета на: Црква „Св. Сава“, Собрание на Белград и Србија, црква „Св. Марко“, споменик на кнез Михајло, стадионот на ФК Црвена Звезда, куќата на атрактивната балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ, потоа атрактивниот дел на градот – Дедиње како и куќата на цвеќето каде се наоѓа гробот на Јосип Броз Тито. Пешачки разглед на тврдината Калемегдан и прошетка по најпознатата белградска улица – Кнез Михајлова. Сместување во хотел. Слободно време за одмор или индивидуална прошетка. Ноќевање

2 ден 09.03.2019 Белград

Појадок. После појадокот следува посета на  шопинг центар Ушќе – слободно време за шопинг... слободно време за ручек и индивидуални активности .Слободно попладне за одмор. Вечерта организирана свечена вечера на најгорниот кат во ресторанот на хотелот (17-ти кат) со музика во живо, и богато мени. Ноќевање.   

3 ден 10.03.2019 Белград- Нови Сад – Скопје

Појадок. Одјавување од хотелот.Организиран факултативен излет до Нови Сад. Разглед на градот: Улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петроварадинската тврдина… Во попладневните часови враќање во Белград околу 16 часот. Пристигнување во вечерните часови.

Во цената е вклучено:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • Сместување на база 2 ноќевање со појадок во хотел SRBIJA 3***
  • Разглед  на Белград со локален туристички водич
  • Водство, организација и реализација на програмата со лиценциран придружник
  •  свечена вечера на 09.03 (музика во живо, салата, главно јадење, десерт);
  •  посета на шопинг центар Ушче.

Во цената НЕ е вклучено:

  • Патничко осигурување (задолжително)
  • Туристичка такса 1.50 евра дневно (задолжително) – се плаќа во агенција
  • Факултативна посета на Нови Сад – 10 € ( минимум 35 лица – пријавување при резервација на аранжманот)
  • Влезници за културно-историските споменици

        Доплата за SNGL соба +1.240мкд / трет возрасен 4.990мкд

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на програмата потребен е минимален број од 40 патници, во спротивно агенцијата го задржува правото на измена на цената или аранжманот да го сторнира, со известување на патниците минимум 7 дена пред датата на поаѓање, со што агенцијата не сноси никаква одговорност..
    Агенцијата не е надлежна да ја цени исправноста на патните документи на патниците….
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
  • За ова патување важат Општите услови за патување на СКТМ во согласност со Законот затуристичка дејност и Законот за облигациони односи на Република Македонија.
    Аранжманот може да претрпи промени во зависност од условите. 
Погледнете ги останатите наши понуди за 8ми март на следниот ЛИНК