Ве водиме на незаборавно патување со колоритни предели и неверојатно убави градови… Не ја пропуштајте можноста да уживате во мирисот на ловори, маслинки, море, јасмин и парфем во воздухот… Сето тоа зачинето со неверојатни приказни и сцени кои ќе Ви го одземат здивот… Кан – монденски центар познат по својот престижен филмски фестивал, Ница – Кралица на Азурниот брег, сместена во заливот на Ангелите, кнежеството Монако со романтичната приказна за една љубов и секако Монте Карло и неговите луксузни коцкарници. Уживајте во магијата на Азурниот брег – најпрестижната ривиера на Медитеранот, која е створена да ги заведе очите, умот и фантазијата…
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 01.03.2018 : 199€ / 12340 ден
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 229€ / 14.200 ден
Поаѓање во 12:00 часот од паркингот спроти салата Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.
Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време (2 часа)за шопинг. Патувањето продолжува кон Милано. По пристигнувањето, одиме на организиран разглед на градот(факултативно): тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м. долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот… Слободно време за индивидуални прошетки . Сместување во хотел. Ноќевање.
Појадок. Поаѓање за Ница. Пристигнување во Ница во попладневните часови, прошека низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата… Сместување во хотел. Ноќевање.
Појадок. Препорачуваме целодневен излет до монденското место Сент Тропез и гламурозниот Кан. Сент Тропез – најидиличното место на Азурниот Брег, марина со луксузни јахти, старата полициска станица на инспекторот Жак Клузо, познати кафулиња како кафулето на познатите глумци – Café Senequer. Пробајте го познатиот колач Tarte Tropezienne… Слободно време за прошетки низ стариот град. Продолжуваме кон Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, Марината. Посета на стариот дел на градот, тврдината и црквата Notre Dame De Esperance. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Ница во попладневните часови. Слободно време. Ноќевање.
Појадок. Одјавување од хотел. Предлагаме целодневна посета на Монако и Монте Карло со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини… продолжуваме по патеката на F1, посета на Монте Карло со познатите коцкарници.Слободно време за посета на казината. Поаѓање кон Македонија во вечерните часови. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 01.03.2018 : 199€ / 12340 ден
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 229€ / 14.200 ден
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ВЕЛИГДЕН НА СЛЕДНИОВ ЛИНК