АЗУРЕН БРЕГ ЗА 11-ТИ ОКТОМВРИ – 3НП (СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА)

Ве водиме на незаборавно патување со колоритни предели и неверојатно убави градови… Не ја пропуштајте можноста да уживате во мирисот на ловори, маслинки, море, јасмин и парфем во воздухот… Сето тоа зачинето со неверојатни приказни и сцени кои ќе Ви го одземат здивот… Кан – монденски центар познат по својот престижен филмски фестивал, Ница – Кралица на Азурниот брег, сместена во заливот на Ангелите, кнежеството Монако со романтичната приказна за една љубов и секако Монте Карло и неговите луксузни коцкарници. Уживајте во магијата на Азурниот брег – најпрестижната ривиера на Медитеранот, која е створена да ги заведе очите, умот и фантазијата…

АЗУРЕН БРЕГ ЗА 11-ти Октомври – 3НП

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

219  евра (13.580,00 мкд)

ИНФО НА 071/451-633 или 02/2774-371

Ден 1
08 Октомври 2019 СКОПЈЕ – МИЛАНО:

Поаѓање во 10:30 часот од паркингот спроти салата Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.

Ден 2
09 Октомври 2019  МИЛАНО: 

Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време за  шопинг. Патувањето продолжува кон Милано. Сместување во хотел. По краткиот одмор,  одиме на организиран разглед на градот(факултативно): тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наоѓа најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м. долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланска опера една од најпознатите оперски куќи во светот… Слободно време за индивидуални прошетки . Враќање во хотел.  Ноќевање.

Ден 3
10 Октомври 2019 МИЛАНО – НИЦА :

Појадок. Поаѓање за Ница. Пристигнување во Ница во попладневните часови. Сместување во хотел. Во вечерните часови предлагаме прошека низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата…   Ноќевање.

Ден 4
11  Октомври 2019  НИЦА – СЕНТ ТРОПЕЗ – КАН:

Појадок.  Препорачуваме целодневен излет до монденското место Сент Тропез и гламурозниот Кан. Сент Тропез – најидиличното место на Азурниот Брег, марина со луксузни јахти, старата полициска станица на инспекторот Жак Клузо, познати кафулиња како кафулето на познатите глумци – Café Senequer. Пробајте го познатиот колач Tarte Tropezienne… Слободно време за прошетки низ стариот град. Продолжуваме кон Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, Марината. Посета на стариот дел на градот, тврдината и црквата Notre Dame De Esperance. Слободно време за индивидуални прошетки.  Враќање во Ница со попатна посета и прошетка низ Антиб. Ноќевање.

Ден 5
12  Октомври 2019 НИЦА – ЕЗ – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО – СКОПЈЕ: 

Појадок. Одјавување од хотел. Предлагаме целодневна посета на Монако и Монте Карло со  попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини… продолжуваме по патеката на F1, посета на Монте Карло со познатите коцкарници.Слободно време за посета на казината. Поаѓање кон Македонија во вечерните часови. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

Ден 6
13 Октомври 2019   СКОПЈЕ: 

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ219 /13.580 ден

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ АЗУРЕН БРЕГ ЗА 11-ти ОКТОМВРИ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • Сместување во Милано во хотел 3* на база 1 ноќевање со појадок,
  • Сместување во Ница во Хотел Azurea 3*,  на база 2 ноќевања со појадок,
  • Разглед на Ница,
  • Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ АЗУРЕН БРЕГ ЗА11-ти ОКТОМВРИ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  •  Задолжително патничко осигурување 210 мкд,
  •  Разглед на Милано со локален водич (10€)
  •  Посета на Ез,  Монако и Монте Карло (25€)
  •  Посета на Кан и Сент Тропез (30€)
  •  Туристичка такса во Милано (5€ по лице, се плаќа во агенција)
  •  Туристичка такса во Ница (1,5€ ден по лице на ден, се плаќа во агенција)
  •  Влезници за културно историски споменици, музеи.
  •  Билети за јавен превоз
  •  Доплата за еднокреветна соба 4.400 ден

НАПОМЕНИ:

  •  За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  •  Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  •  За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  •  Попустите не се комбинираат
  •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  •  Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време  и место на поаѓање.

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА 11ти ОКТОМВРИ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК

 

Азурен Брег за Велигден