Апартхотел Лазаридис – Неа Рода – Грција Лето 2019

Живописното приморско место Неа Рода е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во истовреме да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа закитена со Плаво знаме на Медитеранот, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека, па дури и кино на отворено…На спротивниот дел од Неа Рода се наоѓа мало пристаниште од каде секој ден од локалните риболовци можете да купите свежа риба и морски плодови по многу поволни цени. Целосно затскриениот залив е исто така популарен меѓу сурферите и љубителите на глисери. Скриена во преубавиот залив Akanthios, во непосредна близинана апартхотелот Lazaridis, меѓу два зелени рида се наоѓа плажата Voulitsa. Атрактивната песочна плажа ќе Ве остави без здив најпрво со бојата на морската вода, па со нејзината чистота, со лежалките и чадорите за сонце и на крај со забавата што ја нуди преку целиот ден на истоимениот бар од каде допираат звуците на убавата музика, студените пијалаци и локалните специјалитети. Доколку Вашиот избор ова лето биде Неа Рода, тогаш задолжително посетете ја фантастичната песочна плажа Komitsa, оддалечена само 4,5 км. Плажата која ќе Ве фасцинира со својата раскошна убавина со право е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина. Во непосредна близина на плажата се наоѓа и истоимениот камп.

Апартхотел Лазаридис – Неа Рода

Грција Лето 2019

ПОПУСТ ОД 7 %

за КОМПЛЕТ УПЛАТИ

ДО 31.03.2019 !!!

На околу 100 метри од плажата, во мирниот дел на Неа Рода на третиот крак Атос се наоѓа хотелот од апартмански тип Лазаридис . Располагаме со двокреветни и трокреветни студија (со фотелја на расклопување) на високо приземје, прв и втор спрат. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел соодветен на хотелско сместување, мини кујна, телевизор  и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата имаат сопствени купатила и пространи тераси со поглед на море. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со бојлери, а вилата е покриена со безжичен интернет. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила. Апартхотел Лазаридис има рецепција, сеф, снек бар и прекрасна тераса која можат да ја користат гостите, а нуди и можност за хотелски појадок (со доплата на рецепција).

До центарот на ова живописното приморско место имате десетина минути бавно пешачење. Доколку се одлучите да ги обиколите околните плажи, тогаш изборот задолжително нека биде на атрактивната плажа Voulitsaкоја уште на првата средба  ќе Ве остави без здив (се наоѓа во непосредна близина на хотелот). На 4,5 км. од хотелот пак се наоѓа фантастичната песочна плажа Komitsa, која токму заради својата раскошна убавина е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина.

 

Напомена:

Во студијата 1/2+1 можат да се сместат макимално 3 лица-двајца возрасни и дете до 12 години. Во овие студија невозможно е да се сместат 4 лица-двајца возрасни и две деца без оглед на возраста на децата.

Двокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли кревет, мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има купатило со сопствен бојлер. Терасата е со нормална големина, опремена е со пластична маса и столчиња и има директен преубав поглед на море.

 

ЛОКАЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ

Апартхотел Лазаридис – Неа Рода
Термин: Ноќевања: 1/2  студио (море) 1/2+1 студио (море)
26.05-05.06.2019 10 11.160 ден (180 €) 13.640 ден (220 €)
05.06-15.06.2019 10 14.880 ден (240 €) 16.120 ден (260 €)
15.06-25.06.2019 10 19.220 ден (310 €) 20.460 ден (330 €)
25.06-05.07.2019 10 23.560 ден (380 €) 24.800 ден (400 €)
05.07-15.07.2019 10 27.900 ден (450 €) 29.140 ден (470 €)
15.07-25.07.2019 10 32.240 ден (520 €) 33.480 ден (540 €)
25.07-04.08.2019 10 32.240 ден (520 €) 33.480 ден (540 €)
04.08-14.08.2019 10 32.240 ден (520 €) 33.480 ден (540 €)
14.08-24.08.2019 10 32.240 ден (520 €) 33.480 ден (540 €)
24.08-03.09.2019 10 27.900 ден (450 €) 29.140 ден (470 €)
03.09-13.09.2019 10 23.560 ден (380 €) 24.800 ден (400 €)
13.09-23.09.2019 10 17.360 ден (280 €) 18.600 ден (300 €)

 

 

Апартхотел Лазаридис – Студио бр.11 (поглед на море)

Двокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли кревет, мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има купатило со сопствен бојлер. Терасата е со нормална големина, опремена е со пластична маса и столчиња и има директен преубав поглед на море.

Апартхотел Лазаридис –  Студио бр.12 (поглед на море)

Двокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли кревет, мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има купатило со сопствен бојлер. Терасата е со нормална големина, опремена е со пластична маса и столчиња и има директен преубав поглед на море.

Апартхотел Лазаридис – Студио бр. 13 (поглед на море)

Двокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли кревет, мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има купатило со сопствен бојлер. Терасата е со нормална големина, опремена е со пластична маса и столчиња и има директен преубав поглед на море.

Апартхотел Лазаридис – Студио бр.41 (поглед на море)

Двокреветно студио на високо приземје кое има еден дупли кревет и еден помошен кревет со нормални димензии (во ценовникот студиото е назначено како 1/2+1) Опремено е со мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има купатило со сопствен бојлер.Терасата е со нормална големина, опремена е со пластична маса и столчиња и има поглед на море. Напомена: Приземјето е на исто ниво со терасата на хотелот.

Апартхотел Лазаридис – Студио бр.42 (поглед на море)

Двокреветно студио на високо приземје кое има еден дупли кревет и еден помошен кревет со нормални димензии (во ценовникот студиото е назначено како 1/2+1) Опремено е со мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има купатило со сопствен бојлер. Терасата е со нормална големина, опремена е со пластична маса и столчиња и има поглед на море и прекрасно природно опкружување. Напомена: Приземјето е на исто ниво со терасата на хотелот.

Апартхотел Лазаридис – Студио бр.43 (поглед на море)

Двокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли кревет и еден помошен кревет со нормални димензии (во ценовникот студиото е назначено како 1/2+1) Опремено е со мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има купатило со сопствен бојлер. Терасата е со нормална големина, опремена е со пластична маса и столчиња и има поглед на море и прекрасно природно опкружување.

 

Напомена:
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци – Неа Рода
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот
  • Цена на повратен билет –35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
  • Агенцијата како организатор на патувањето не може да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2019

 

Неа Рода