8 МИ МАРТ – СУБОТИЦА – ПАЛИЧ – НОВИ САД

Суботица се наоѓа на северот на Република Србија, долж главните европски коридори и помеѓу две реки, Дунав и Тиса.Извонредно културно наследство, богато украсени градби, мулти културален дух и европски шарм се карактеристиките кои овој град го прават различен.Суботица е позната по опуштената атмосфера, добрата храна и квалитетното вино.Фестивали, концерти, живописен културен живот во текот на целата година е уште една причина за да го ставите овој град на Вашата листа за патување.Покрај тоа, Суботица нуди и места за разонода и одмор, како и за многубројни активности околу езерото, на ергелите, салашите..

Палич, езерото и населбата со исто име, се ноаѓа на 8км источно од Суботица.Тука секогаш се нуди нешто ново и неповторливо, а секоја сезона содржините се се побогати.Извонредните објекти од почетокот на 20ти век ( Големата тераса, Женски Штранд и Музичкиот Павиљон ), прекрасниот парк, препознатливото езеро, го прават Палич идеален простор за одмор и уживање.

ВИНАРИЈА БОГДАН – ја обединува специфичноста и традицијата на Паличките лозја и најсовремена француска технологија за правење вина, а го носи името на познатиот суботички пејач на староградски песни, г-дин Звонко Богдан.

Нови Сад во последните години е постојано на топ листите за најпосетени дестинации во Европа.Доживување е да се посети Петроварадинската тврдина, наречена Гибралтар на Дунав чиј камен темелник е поставен уште во 17 век, а градењето траело 88 години.Ова е ремек дело на војна архитектура, од каде се овозможува прекрасен поглед на градот и на многуте подземни тунели.Еден симбол од тврдината е големиот часовник на видиковецот, поставен за патниците кои пловат по Дунав.

СУБОТИЦА – ПАЛИЧ – НОВИ САД

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 31.12:    109€ + гратис посета на винарија “Звонко Богдан“

РЕДОВНА ЦЕНА: 119€

1ден 07.03.2019 четврток

 Состанок на групата на паркингот наспроти Холидеј Ин во Скопје во 22:00 часот.

2ден 08.03.2019 петок

Пристигнување околу 10 часот во Суботица со попатни паузи. Посета на винаријата “Звонко Богдан” Разглед и дегустација на вино. Сместување во хотел. Потоа следи разглед на Суботица со локален водич:Општината, палатата Рајхл, палатата Леовиќ, најстарата синагога на Балканот , Суботичка гимназија, Српскатацрква. Можност за организирана вечера во некој од салашите како” Јелен Салаш” или” Мајкин Салаш”(факултативно). Ноќевање.

3 ден 09.03.2019 сабота

Појадок. Поаѓање на пикник (факултативен)на ергелата”Келебија”, разглед,можност за јавање на липи цанери,возење со фијакери.. Организиран факултативен ручек во ”Вила Мајур”. Уживање во богато мени на традиционални специјалитети и локални пијалоци. Враќање во хотел.Слободна вечер за индивидуални прошетки. Ноќевање

4ден 10.03.201недела

Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање во 09:30ч на Паличко Езеро. Разглед со локален водич време за за прошетка по малото и симпатично туристичко место Палиќ. Слободно време за ручек.Предлог Ресторан Мала Гостиона (факултативно). Околу 14:00 Поаѓање за Нови Сад, организиран разглед на Нови сад со локален водич:“Српско Народно Позориште“ со истоимениот плоштад, плоштадот “Слобода” на кој се наоѓа катедралната црква “Имена Маријаниног” – една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година, улицата “Змај Јовина” покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад – “Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина ( со доплата).  Посета на Инџија, Шопинг центар.  Во вечерните часови  поаѓање за Скопје. Пристигнување во доцните вечерни часови.

Во цената се вклучени следниве услуги:

✔ Организиран превоз со автобус од Скопје –Суботица – Скопје

✔ 2 ноќевања во Суботица услуга ноќевање со појадок во двокреветна соба во хотел со 3*

✔ Разглед на Суботица со локален водич

✔ Разглед на Нови Сад со локален водич

✔ Пратител на групата од Скопје

✔ Организација на патувањето

 

Во цената се вклучени следниве услуги:

✘ Вечера со музика во“Мајкин салаш” или “Јелен Салаш”со превоз, храна и пијалок 20 еур

✘ Пикник на ергелата“Келебија 10 еур

✘ Ручек во Вила Мајур 15 еур

✘ Посета на винаријата на ”ЗвонкоБогдан” со дегустација на вина 10еур

✘ Ручек на Палиќ 15еур

✘ Влезница во Петроварадинска тврдина 4 еур

✘ Патничко и здравствено осигурување 150 мкд

✘ Услуги кои не се наведени во програмата

Погледнете ги останатите наши понуди за 8ми март на следниот ЛИНК