КАПАДОКИЈА ЗА 11-ти ОКТОМВРИ ( СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА)

Областа Кападокија во покраината Невшехир, Турција, со причина е вклучена во списокот на УНЕСКО за места со културно и природно значење за човечкото наследство. Кападокија некогаш била дел од Византија, а денес изобилува со убавини кои го одземаат здивот. Од самовилските оџаци до подземните градови создадени во вулкански карпи и пештерските цркви. Природата како да си поиграла со ова интересно делче од планетата, кое секојдневно мами голем број туристи.

Величествената убавина на оваа област најдобро може да се види од воздух. Колоритните балони се неразделен дел од Кападокија и се надополнување на бајковитата глетка честопати фотографирана од посетителите. Нашата агенција на сите авантуристи годинава им овозможува да го почуствуваат духот на Кападокија, местото каде што започнало да се шири христијанството. Велигден е одличен период од годината кога може да се посети овој дел на Турција, поради тоа што климата во овој период од годината е извонредна.

Доколку се водиме според нашата програма, можеме да кажеме дека пред самото пристигнување во Кападокија нас ќе ни каже едно големо добредојде второто по големина солено езеро Туз Ѓоли. Овде групата прави кратка пауза за фотографии, а потоа продолжува кон Кападокија.

КАПАДОКИЈА ЗА 11-ти ОКТОМВРИ

Цена за уплати до 31.08

155 евра (9,610,00 мкд)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

175  евра (10,850,00 мкд)

ИНФО НА 071/451-633 или 02/2774-371

Ден 1
08 Октомври 2019  СКОПЈЕ – КАПАДОКИЈА

Состанок на групата на паркингот кај спортскиот центар Борис Трајковски во 09 30 ч.. Поаѓање во 10:00 часот. Се патува преку Грција,  граничен премин Богородица ( Солун, Кавала, Истанбул…), со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Ден 2
09 Октомври 2019 СОЛЕНО ЕЗЕРО ТУЗ ЃОЛУ – КАПАДОКИЈА:

Патуваме кон Кападокија со попатна пауза кај големото солено езеро Туз Ѓолу, едно од најголемите солени езера во светот… долго 8о км. Широко 50 км. Длабоко 50 см. ( во зимскиот период достига длабочина и до 1.5 метар). Најголемиот дел од залихите со сол во Турција се црпат токму од ова езеро…  По одморот продолжуваме кон Кападокија. Пристигнувањее во пладневните часови. Сместување во одбран хотел. Индивидуална прошетка и запознавање со местото. Во пoпладневните часови започнува магијата на Кападокија. Предлагаме возбудлива посета на ЦРВЕНА ДОЛИНА, број 1 место на најубавиот залез на сонцето. Излетот го комплетираме со ATV-QUAD SAFARI тура. (факултативно). Вечера.

По вечерата можност да присуствувате на религиозна церемонија – Танц на Дервишите, во автентичен амбиент на   SARIHAN Керван Сарај од 1259, сместен покрај некогашниот пат на свилата. Ноќевање.

Ден 3
10 Октомври 2019  КАПАДОКИЈА :   ЛЕТ СО БАЛОН –  ГОЛЕМА ТУРА – ТУРСКА ВЕЧЕР

Денот е предвиден за 3 возбудливи факултативни излети:

1. ЛЕТ СО БАЛОН:

Рано наутро при магичното изгрејсонце на Кападокија, можност за лет со балон, над самовилските оџаци на Кападокија. Ова е авантура што никогаш нема да ја заборавите… уживајте во  убавината и возбудата додека балонот нежно се издига, слушајте го татнежот на печкаташто го загрева воздухот во балонот, воодушевувајте се на магијата со која Пилотот управува и  восхитувајте се на неверојатниот поглед на повеќе од 80-100 балони во лет, и секако магичнот изгрејсонце. Во состав на екскурзијата е вклучена и лесна закуска со чај/кафе, шампанско на крај на летот и сертификат за летање со балаон.

Враќање во хотел. Појадок.

2КАПАДОКИЈА ГОЛЕМА ТУРА: Ве водиме во подземниот град Деринкују, изграден од вулкански камен во 7 век п.н.е, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови на Кападокија, 8 катови, 55 м. под земја… Продолжуваме кон долината Ихлара, долга 16 км, од двете страно опколена со цркви на карпите. Прошетката е во должина од 3 км. со пауза за освежување во традиционална чајџилница… Пауза за ручек во селото Белисирма… Продолжуваме кон манастирот Селиме, најголемиот религиозен објект во областа Кападокија, издлабен во карпите во 13 век од христијанските монаси. Историските записи велат дека за изградба на овој манастир, со димензии на катедрала, биле потребни 200 години. За крај кратка пауза за фотографирање во долината на гулабите. Враќање во хотел. Вечера.

3ТУРСКА ВЕЧЕР:После вечерата ве водиме на Турска вечер со традиционални игри и стомачен танц во автентичен амбиент од Кападокија. Шоуто го следиме со дегустација на локално вино, турско мезе и апетисани. Враќање во хотел. Ноќевање.

.

Ден 4
11 Октомври 2019  КАПАДОКИЈА:  СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА – АНКАРА

Појадок.  Одјавување од хотел. Ве водиме во Срцето на Кападокија (факултативно). Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме… продолжуваме кон Ѓореме – срцето на Кападокија, со посета на  “Ѓореме музејот на отворено– огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 9ти век , на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од периодот 10-12 век, велелепни цркви вклесани во карпите, со преубави фрески со бои кои до денес ја задржале својата свежина, најзначајна од нив е црквата Св. Василиј… Комплексот е под заштита  на УНЕСКОод 1984 год. Продолжуваме кон Чавушин, напуштено село со пештери и грчки куќи.  Пауза за ручек. Попатна посета на работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработен сувенир.  Следи разглед на  Пашабаги, со необичната формација на троглава самовила… а потоа посета на долината Дервент, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туфови карпи наречени – волшебни оџаци. Можност за дегустација на локални вина во една од најстарите винарии во Кападокија.

… Полни со впечатоци, поаѓаме кон Анкара. По пристигнувањето сместување во хотел. Слободна вечер за одмор и индивидуални прошетки. Ноќевање

Ден 5
12 Октомври 2019 АНКАРА

Појадок. Напуштање на хотелот. Заминуваме на разглед на главниот град на Турција со локален водич (факултативно)… Мавзолејот на Ататурк основачот на современа Турција, Музејот на Анадолските цивилизации, Етнографскиот музеј, старата зграда на Парламентот, Цитаделата… Слободно време за индивидуални активности. Во договор со водичот, состанок на групата и поаѓање кон Македонија. Се патува покрај Истанбул, граничен премин Ипсала, преку Грција, (Кавала, Солун) граничен премин Богородица, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Ден 6
13 Октомври 2019 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

ХОТЕЛ во КАПАДОКИЈА  3/4* – Невшехир, Аванос, Ургуп

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 31.08.2019155€ 9.610 ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ175 / 11.100 ден

 

ХОТЕЛ ТУРИСТ 4* – Ѓореме  – Наша препорака ! Од просторот пред  хотелот полетуват балоните !

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 31.08.2019169€ 10 480 ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 189€ / 11.720 ден

 

CAVE / STONE ХОТЕЛИ – Ѓореме  – Наша препорака !  Доручек со поглед на балоните кои летаат над вас !

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 31.08.2019179€ 11.100 ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199€ /12.340 ден

 

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

  •  Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  •  Сместување во Анкара во хотел BERA со 5* на база 1 ноќевање со појадок,
  •  Сместување во Кападокија во хотел  3/4* на база 2 ноќевања со појадок и вечера  
  • 1 Вечера во ресторан во Гореме/Чаушин,пред поаѓање за Анкара. (Пијалокот не е вклучен)
  •  Посета на соленото езеро Туз Ѓолу
  •  Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  •  Задолжително патничко осигурување 210 мкд,
  •  Разглед на Анкара со локален водич (10 €)
  •  Голема Тура Кападокија, совлезници и  вклучен ручек (без пијалок)(45€)
  •  Турска вечер со шоу програма, вечера и неограничен пијалок- (35€)
  •  Танц на дервишите /церемонија – (25€)
  •  Срцето на Кападокија со влезници и ручек (без пијалок)(45€)
  •  Лет со балон  – (160 €) – резервација при уплата. Цената може да претрпи измени.

( Во состав на екскурзијата е вклучена и лесна закуска со чај/кафе, шампанско на крај на летот. Летот на балонот е во зависност од временските услови )

  •  Црвена Долина – залез на сонцето (15€)
  •  АТВ-КВАД САФАРИ – (25€)

 

Доплата за еднокреветна соба 3.600 ден

 

* За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.

* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

* За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

* Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.

* Агенцијата го задржува правото на промена на редослед на излетите и посетите.

* За ЛЕТ СО БАЛОН, задолжителна е предрезервација во агенција при пријавувањето.

* Цените на влезниците и летот со балон може да претрпат промени во зависност од цените на влезниците во моментот на посета.

 

КАПАДОКИЈА -престолнина на древните Хетити
Областа Кападокија, денес дел од Турција, а некогаш нераскинлив дел на Византија, се наоѓа во покраината Невшехир. Во прашање е површина од околу 80 квадратни километри, сместени во централен дел на Анадолија, меѓу градовите: Ѓореме, Невшехир, Аванос и Ургуп. Областа Кападокија е вклучена во листата на УНЕСКО за заштитени природни реткости.
Ѓореме: Срцето на Кападокија – Гореме е, главно собиралиште на сите туристи од цел свет. Сместено во процеп помеѓу две платоа, е почетна точка на сите излети. Балоните полетуваат од тука,најубавиот залез и изгрев на сонцето е тука, сите тури почнуват и завршуваат од тука: АТВ КВАД сафари, јавање камили, пешачки тури, јавање коњи. Градче опколено со автентичен амбиент на Кападокија: со таканаречени вилини оџаци, пештерски куќи кои се претворени во луксузни идилични хотели, многубројни ресторани,пабови, сувенирници. Место многу живо до касно во ноќта. Место каде се наоѓа најголемиот музеј на отворено со 30 цркви и капели со извонредни фрески 0д 9-11 век.. Најголем Монашки центар во период од 300-1200 год….со еден збор, наша најтопла препорака за сместување во Ѓореме.

Аванос: Градче со 12000 жители, на северниот брег на надолгата турска река Kizilirmak, некогашна римска Venessa,денеска познат по прочуената грнчарија од црвена глина. Грчаријата тукасе работела уште во времето на Хититите, чии дизајн и мотиви се уште се многу застапени. Грнчарските работилници се во стари, некогашни грчки куќи а работилниците се издлабени во меките стени. Градчето воопшто не потсетува на амбиентот на Кападокија.
Оддалечен 10 км од Ѓореме.

Ургуп: Некогашна Osiana, Agios Prokopios, e најисточено градче во централна Кападокија. За време на владеењето на Турците Селџуци, бил прогласен за центар на целиот регион. Во 1515 г. Е дел од Османското царство и до 19 век имало 70 џамии, 5 цркви и 11 библиотеки. Денеска Ургуп е вински центар на Кападокија. Во центарот на местото, посебно во подножјето на “Брдото на желбите”, сеуште може да се видат стари напуштени грчки куќи и остатоци од старите цркви во чија внатрешност се забележуваат и фрески. На брдото се наоѓа и Селџуцко гробје од 11 век.
Оддалечен 10 км од Гореме. Има 18.000 жители. Во центарот на градчето има мали ресторанчиња, сувенирници. Делува на типично мало Анадолско градче со мал амбиент на Кападокија.

Учхисар (Uchisar)– “Три тврдини”: Од далеку изгледа како да куќите висат една над друга, во подножјето на големата стена. Но штом се приближите, ќе видите големо градче со куќички покрај самиот пат кој се протега околу литицата на големата стена. Некои од грчките куќи со рељефна декорација, претворени се во мали хотели а другите се полусрушени нечии домови. Бајковитиот Учхисар личи на Вавилонска кула од древната Месопотамија во која живеел целиот човечки род, пред Господ да го прекине човечкото карање и им поделил различни јазици.
Учхисар е над Ѓореме, со околу 4.000 жители

Невшехир: Некогашen Neopolis I Muskara, брои околу 90.000 жители. Во околината на Невшехир се наоѓаат вулкански карпи во кои имало некогаш живот. Прибежиште во ова пусто место било на оние кои што бегале од Римјаните. Еден период под Бизантиците, па Римјаните, Турците Селџуци,и од 15 век на Османлиското царство. Денешниот град го оснива Големиот Везир Damat Ibrahim Pasa, зет на Sultan Ahmed III. Градот се обновува со фонтани, медреси, хамам и добива ново име Nevsehir (нов град). Градот не е посебно туристички интересен а се користи за сместување на туристикои доаѓаат во Кападокија, поради малиот број на сместувачки капацитети во околина.
Оддалечен 15 км од Ѓореме.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА 11ти ОКТОМВРИ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК