Венеција, Милано, Трст – 11 ОКТОМВРИ

Венеција – главен град на регионот Венето и провинцијата Венеција во североисточна Италија. Изградена е на 118 мали острови во устието на реката Бренте во венецијанскиот залив. Позната е и како „град на каналите“. Повеќе од илјада години Венеција била главен град на Венецијанската Република. Градот бил основан во 569 година.
Венеција има над 170 канали по кои пловат гондоли, чамци, мали параброди и моторни бродови. Најголем е Големиот канал на кој се наоѓа познатиот мост „Ријалто“, а околу 380 помали и поголеми мостови служат за премин преку каналот.
Венеција има многу познати архитектонски и уметнички споменици: Дуждова палата, црквата Свети Марко и деведесет други цркви, богати музеи, уметнички галерии, познатата академија на уметностите, опсерваторија и други научни и културни установи. Во неа се одржуваат и познатиот Венецијански филмски фестивал, Биеналето, Тетарскиот фестивал. Позната е и по изработката на предмети од стакло (потекнува од островот Мурано), чипка, сребро, злато, кожа. Во предградијата на Венеција се наоѓа индустриска зона, а во близина се многубројните плажи, од кои најпозната е Лидо.

ВЕНЕЦИЈА, МИЛАНО, ТРСТ – 11 ОКТОМВРИ

Промо цена ДО ПОПОЛНУВАЊЕ НА МЕСТАТА

129 евра (8.000,00 мкд)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

149 евра (9.240,00 мкд)

ИНФО НА 071/451-633 или 02/2774-371

Ден 1

 

10 Октомври 2019 СКОПЈЕ-ТРСТ

Поаѓање за Италија во 17.30 часот на паркингот на Holiday Inn. Патување преку Србија со попатни паузи и царински формалности. Ноќно возење.

Ден 2

11 Октомври 2019 – ТРСТ – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО 

Пристигнување во Трст во утринските часови. Слободно време за индивидуална прошетка низ градот и можност за уживање со италијански кроасан и капучино.По утринското освежување одиме да ги посетиме градскиот кеј, Палатата на управникот, градскиот театар Џузепе Верди, големиот канал кај мостот Розо и дворецот Мира Маре. Во попладневните часови се упатуваме кон Лидо Ди Јесоло. Сместување во хотел и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање

Ден 3

12 Октомври 2019ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – МИЛАНО

Појадок. Можност за факултативен излет до Милано… Разглед на убавините на градот: Замокот Сфорцеско, пешачката улица Данте, Плоштадот Дуомо и Катедралата Дуомо, Galleria Vittorio Emanuele што ги поврзува Катедралата Дуомо и една од најпознатите оперски куќи во светот, Миланската Скала, градската куќа на Милано… Слободно време за шопинг и уживање во убавините на овој град. Враќање во Лидо Ди Јесоло во доцните вечерни часови. Ноќевање.

Ден 4

13 Октомври 2019  ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕНЕЦИЈА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотел и заминување кон  Венеција, задолжителна факултатива. Со брод пристигнуваме во близина на најпознатиот плоштад во Венеција Сан Марко од каде што започнува нашата прошетка и запознавање на градот со локален водич. Овој ден ќе ги посетиме: мостот на воздишките, катедралата Сан Марко, мостот Риалто, големиот канал, Дуждевата Палата, Златната Палата. Наш предлог е да се искачите на кулата звоник од каде што има прекрасен поглед на цела Венеција и секако да се возите со гондола низ каналите . Во вечерните часови тргнуаме за Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска, Србија. 

Очекувано пристигнување во Скопје во претпладневните часови на 14.10.2019.

 

Аранжманот вклучува:

*автобуски превоз на наведената релација

*2 НП (ноќевање со појадок) во хотел 3* во Лидо ди Јесоло

*лиценциран пратител и организација на аранжманот

* разглед на Трст со пратител

Аранжманот не вклучува:

*задолжителна факултатива Венеција 20 евра

*факултативна посета на Милано 40 еур (факултативата се организира со минимум 25 патници)

*патничко осигурување

НАПОМЕНИ:

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.

– За факултативните излети најдобро е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот .

– За овој програм важат Опшите Услови на патување на Т.А.Стаф

– Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7 дена пред поаѓање.

Општи напомени за патување:

– Т.А.Стаф го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА 11ти ОКТОМВРИ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК