ЉУБЉАНА И КЛАГЕНФУРТ – CHRISTMAS MARKET

Љубљана – главен град на Словенија. Сместен е на местото каде реката Љубљаница се влева во Сава, во Централна Словенија, меѓу Алпите и Средоземното Море. Претставува град со средна големина (според пописот од 2003 година има 265.881 жители). Љубљана е географски, културен, научен, економски, политички и административен центар на Словенија. Во Љубљана може да се доживеат влијанија на голем број култури. Таа била раскрсница на германската, романската и на културата на словенските народи, нивниот јазик, манири и навики.
Сообраќајните врски, сконцентрираноста на индустрија, научно-истражувачките институции и индустриската традиција се фактори кои придонесуваат за нејзината водечка економска позиција во регионот. Љубљана е седиште на централната власт во Словенија, на јавната администрација и сите владини министерства. Градот, исто така, претставува седиште на законодавната власт на Словенија. Во Љубљана се наоѓа и резиденцијата на претседателот на Словенија.

ЉУБЉАНА И КЛАГЕНФУРТ

Ако сакате да уживате во одлична Божиќна атмосфера, посетете ја Љубљана, градот кој Ве повикува со мирисот на варено вино, топол чај и печени колбаси… Ако пак сакате да ја доживеете најубавата австриска бајка, посетете го романтичниот Клагенфурт…

 

Програма:

Прв ден: 21.12.2018 година (петок)

Во 19:30 часот од Скопје. Се упатуваме кон Словенија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

 

Втор ден: 22.12.2018 година (сабота)

Пристигнување во Љубљана во претпладневните часови. Сместување во хотел „Park“ 3*** во центарот на Љубљана во двокреветни соби (www.hotelpark.si) . Краток одмор од патувањето. Потоа разгледување на Љубљана со локален туристички водич: Симболот на градот-Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот Споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц  Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица  која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер…Слободно попладне за индивидуални  активности и прошетки низ двете улици кои се наоѓаат веднаш покрај реката Љубљаница каде е распослан Божиќниот пазар со божиќни штандови  кои изобилуваат со сувенири со божиќни мотиви, капи, шалови и ракавици, но и мноштво миризливи слатки колачи. Ноќевање.

 

Трети ден: 23.12.201година (недела)

Појадок. Заминување на групата (факултативно) на целодневна посета со локален туристички водич  на Клагенфурт, некогашно седиште на една од најголемите европски монархии, еден од градовите кој грижливо негува се што историјата оставила во аманет. Клагенфурт е град за чие основање се раскажуваат легенди, град што ќе ве одушеви со колоритните улици, а со градбите ќе ве врати во времето на Марија Терезија и дворските балови. По организираниот разглед, слободно време за посета на божиќните штандови. Во вечерните часови враќање во Љубљана. Слободно време за повторно уживање во убавините на градот каде се  најавува доаѓањето на Божиќ. Ноќевање.

 

Четврти ден: 24.12.2018 година (понеделник)

Појадок. Околу пладне заминување на групата кон Македонија со попатни одмори. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.

 

За уплата до 01.11.2018….129 евра (8.000 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………139 евра (8.620 денари)

  

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Две ноќевања со појадок во хотел „Park“3*** во Љубљана
  • Локален туристички водич за сите излети вклучени во програмата
  • Организација и придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • Факултативен излет до Клагенфурт -15 евра
  • Туристичка такса во Љубљана (се плаќа на рецепција во хотелот) – 1,3 евра на вечер
  • Патничко осигурување

 

Напомена: 
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

 

Доколку сакате да ги погледнете нашите понуди за Christmas Market стиснете тука