Хотел СНЕЖАНКА 3*-Пампорово-Зима 2017/2018

Пампорово е популарен ски центар во подножјето на Родопските планини, во областа Смољан – Јужна Бугарија и представува еден од најпознатите центри во југоисточна Европа. Ски центарот се наоѓа на надморска висина од 1620 метри, а највисок врв во тоа подрачје е Снежанка со висина од 1928 метри. Ски стазите во Пампорово се со должина од 55км, на кои што се наоѓаат вкупно 18 жичари со вкупен капацитет од 13.000 лица на саат. Пампорово се одликува со благи зими и околу 150 дена снежна покривка во текот на годината. Оваа комбинација овозможува долга скијачка сезона, со околу 120 сончеви денови. Просечната температура во зима изнесува -3°C.

Хотел СНЕЖАНКА 3* – Пампорово 

Зима 2017/2018

Хотелот Снежанка е отворен во декември 2006 година, целосно обновен со модерно лоби и просторен ресторан со уреден мебел. Собите се удобни со модерен ентериер. Хотелот Снежанка е првиот хотел за меѓународен туризам во одморалиштето во Пампорово и се наоѓа во средишниот дел на ски-центарот. Хотелот располага со 67 двокреветни соби и 11 апартмани, од кои 5 имаат камин. Во новото крило на зградата има 75 апартмани. Ресторанот на хотелот нуди пријатна атмосфера и различни јадења. Комплексот исто така вклучува лоби бар, таверна со автентичен внатрешен дизајн и оригинални специјалитети, дискотека и продавница.

 

Попуст за РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА : 10% за резервација и уплата до 30.11.2017

БОНУСИ : 7=6 за дата на пристигнување од 15.12-22.12.2017, 02.01-18.01.2018, 04.02-10.04.2018

(попустите се комбинираат)

Цените се за 1 ноќевање на база ПОЛУПАНСИОН 29.12-02.01.2018 21.12-28.12.2017 09.12-20.12.2017
Вид на сместување | Период на престој (мин.4 ноќ.) 03.01-07.03.2018 08.03-31.03.2018
Двокреветна соба – цена по лице 2+1 63.00 € 26.00 € 23.00 €
Едноспален апартман – цена за соба 2+2 184.00 € 79.00 € 68.00 €
Во цената е вклучено : појадок и вечера, користење на внатрешен базен, сауна, паркинг, интернет.

 

Дополнителни услови :

 

▪ Дете до 5.99 год. – бесплатно

▪ Дете од 6-11.99 год. на дополнително легло во двокреветна соба – 70% попуст

▪ Две деца до 11.99 год. на дополнително легло во апартман – бесплатно

▪ Трет и четврт возрасен во апартман – доплата 10 евра на ден

▪ Дете до 11.99 год. на редовно легло со 1 возрасен – 50% попуст

▪ Доплата за новогодишна вечера (задолжително) : возрасни – 50€, дете (4-11.99 год.) – 35€

▪ Доплата за туристичка такса за возрасни и деца над 2 год. : 1€ по лице на ден