Хотел Орловец5* – Пампорово – Зима 2018/2019

Пампорово е популарен ски центар во подножјето на Родопските планини, во областа Смољан – Јужна Бугарија и представува еден од најпознатите центри во југоисточна Европа. Ски центарот се наоѓа на надморска висина од 1620 метри, а највисок врв во тоа подрачје е Снежанка со висина од 1928 метри. Ски стазите во Пампорово се со должина од 55км, на кои што се наоѓаат вкупно 18 жичари со вкупен капацитет од 13.000 лица на саат. Пампорово се одликува со благи зими и околу 150 дена снежна покривка во текот на годината. Оваа комбинација овозможува долга скијачка сезона, со околу 120 сончеви денови. Просечната температура во зима изнесува -3°C.

Хотел Орловец 5* – Пампорово 

Зима 2018/2019

Хотел Орловец е најновиот хотел со 5 ѕвездички во Пампорово, завршен во 2005 година и нуди широк спектар на објекти. Хотелот се наоѓа во центарот на Пампорово на 1600м надморска височина.
Изградбата на хотелот со десет спрата е добитник на голем број архитектонски награди. Секоја од нејзините единици располага со тераса со поглед кон ски-патеките, кулата Снежанка и Родопските планини.

Хотелот има десет ката со 210 легла, распределени во 98 двокреветни соби / 14 соби со брачен кревет и 84 меѓусебно поврзани двокреветни соби и седум апартмани.

Локација на Хотел Орловец 5* – Пампорово
Хотелот се наоѓа во централниот дел на одморалиштето спроти хотелот Perelik.
Растојание до ски лифт: 1.5км
Растојание до центар: 100m

 

БОНУСИ : 7=6 за период на престој 03.01-20.04.2019
Цените се по лице за 1 ноќевање 01.12-28.12.2018 05.01-03.03.2019 29.12-04.2019
Вид на сместување 04.03–20.04.2019
Двокреветна соба – НП 2+1 35.00 € 40.00 € 60.00 €
Двокреветна соба – ПП 2+1 41.00 € 46.00 € 66.00 €
НП – ноќевање со појадок | ПП – појадок и вечера
Во цената е вклучено : користење на внатрешен базен, сауна, фитнес, парна бања, интернет, паркинг, транспорт до ски лифт (по распоред).
Дополнителни услови :
▪ Дете до 4.99 год. – бесплатно
▪ Дете од 5-11.99 год. на дополнително легло – 50% попуст
▪ Возрасен на дополнително легло – 25% попуст
▪ Дете до 11.99 год. на редовно легло со 1 возрасен – 25% попуст
▪ Доплата за еднокреветна соба – 20€ на ден, за Нова Година се наплаќа како за двокреветна соба
▪ Доплата за новогодишна вечера (задолжително) : возрасни – 65€, дете (2-11.99 год.) – 40€
▪ Доплата за туристичка такса за возрасни и деца над 2 год. : 1€ по лице на ден