Хотел Орловец5* – Пампорово – Зима 2017/2018

Пампорово е популарен ски центар во подножјето на Родопските планини, во областа Смољан – Јужна Бугарија и представува еден од најпознатите центри во југоисточна Европа. Ски центарот се наоѓа на надморска висина од 1620 метри, а највисок врв во тоа подрачје е Снежанка со висина од 1928 метри. Ски стазите во Пампорово се со должина од 55км, на кои што се наоѓаат вкупно 18 жичари со вкупен капацитет од 13.000 лица на саат. Пампорово се одликува со благи зими и околу 150 дена снежна покривка во текот на годината. Оваа комбинација овозможува долга скијачка сезона, со околу 120 сончеви денови. Просечната температура во зима изнесува -3°C.

Хотел Орловец 5* – Пампорово 

Зима 2017/2018

Хотел Орловец е најновиот хотел со 5 ѕвездички во Пампорово, завршен во 2005 година и нуди широк спектар на објекти. Хотелот се наоѓа во центарот на Пампорово на 1600м надморска височина.
Изградбата на хотелот со десет спрата е добитник на голем број архитектонски награди. Секоја од нејзините единици располага со тераса со поглед кон ски-патеките, кулата Снежанка и Родопските планини.

Хотелот има десет ката со 210 легла, распределени во 98 двокреветни соби / 14 соби со брачен кревет и 84 меѓусебно поврзани двокреветни соби и седум апартмани.

Локација на Хотел Орловец 5* – Пампорово
Хотелот се наоѓа во централниот дел на одморалиштето спроти хотелот Perelik.
Растојание до ски лифт: 1.5км
Растојание до центар: 100m

Попуст за РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА : 15% за резервација и уплата до 30.10.2017 | 10% за резервација и уплата до 01.12.2017

Цените се по лице за 1 ноќевање 01.12-15.12.2017 16.12-25.12.2017 26.12-02.01.2018 20.01-03.02.2018
04.03-10.04.2018 03.01-19.01.2018
Вид на сместување       |      Период на престој   04.02-03.03.2018
Двокреветна соба – ноќевање со појадок 2+1 27.00 € 32.00 € 56.00 € 36.00 €
Двокреветна соба – полупансион 2+1 34.00 € 40.00 € 64.00 € 45.00 €
Двокреветна соба – полн пансион 2+1 34.00 € 46.00 € 72.00 € 50.00 €

Во цената е вклучено : користење на внатрешен базен, сауна, фитнес, парна бања, паркиг, транспорт до ски лифт.

 

Дополнителни услови 

Дете до 4.99 год. – се сместува бесплатно

▪Дете од 5-11.99 год. на дополнително легло – 50% попуст

▪ Возрасен на дополнително легло – 25% попуст

▪ Дете до 11.99 год. на редовно легло со 1 возрасен – 25% попуст

▪ Доплата за еднокреветна соба – 20€ на ден, за Нова Година се наплаќа како за двокреветна соба

▪ Задолжителна доплата за новогодишна вечера: возрасни – 60€, дете (5-11.99 год.) – 40€

▪ Доплата за туристичка такса за возрасни и деца над 2 год. : 1€ по лице на ден