ХОТЕЛ БАБОВИЌ – ЧАЊ – ЦРНА ГОРА ЛЕТО 2018

Чањ е атрактивно туристичко место кое се наоѓа помеѓу Петровац и Сутоморе. Има прекрасна плажа во должина од 1км, наречена Златна обала, по бојата на песокот. Во непосредна близина на Чањ се наоѓа прочуената Краљичина плажа до која се доаѓа само со брод.Предноста на ова мало туристичко летувалиште е во тоа што се наоѓа надвор од големата сообраќајница, па тука целото семејство може да ужива во својот одмор. Топлото море, песочната плажа, пријатната средоземно морска клима, парковите, чистотата, забранетиот сообраќај во местото, културните приредби и забави се причини Чањ да биде една од омилените туристички дестинации на Црногорското крајбрежје.

ХОТЕЛ БАБОВИЌ – ЧАЊ

ЦРНА ГОРА ЛЕТО 2018

На само 250 метри од плажата во Чањ се наоѓа Хотел Бабовиќ кој располага со модерно опремени трокреветни соби (брачен кревет и еден единечен). Секоја соба има сопствен тоалет, фрижидер, тв, клима чие користење е вклучено во цената и тераса. Исхраната  е во ресторан во склоп на хотелот на база на полупансион и вклучува појадок (шведска маса) и вечера (избор од две јадења). Хотелот располага со сопствен бар на плажа Vela Beach Bar. Хотелот поседува и бесплатен паркинг за своите гости.

Во склоп на објектот има WI-FI интернет (за брзината и јачината на сигналот, Агенцијата не може да Ви гарантира со сигурност).

 

СМЕНА

ПЕРИОД ЦЕНА
1 20.06-29.06

235

2

29.06-08.07 250
3 08.07-17.07

265

4

17.07-26.07 275
5 26.07-04.08

275

6

04.08-13.08 275
7 13.08-22.08

265

8

22.08-31.08 250
9 31.08-09.09

215

 

* Цените се изразени во евра и се однесуваат  на  ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ (9 полу пансиони со вклучен превоз).
– Прво дете   до 13.99 год. ПОПУСТ 50 % од цената на аранжманот.
– Второ  дете до 13.99 год. – ГРАТИС (доплата за превоз 40 евра/не користи кревет).
Попустот важи за сместување со две возрасни лица (во трокреветна соба)
– Дете до  5 год. кое не користи кревет – ГРАТИС (доплата за превоз 20 евра ).
* Намалување за патување со сопствен превоз – 20 евра.
* Сите попусти за деца важат при сместување со две возрасни лица.
* Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на самото место.
* Користењето на климата е вклучено во цена
Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност  ( 1 евро = 62ден.).

Поаѓање за Црна Гора:
Скопје (Дрво Декор) – 05.00 часот
Поаѓање од Чањ – 16.00 часот.

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

 

  Чањ     

 

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2018