Солун-Паралиа-Метеори за 8-ми декември

Таканаречените Метеори „карпи во воздухот“ или „горе во небото“, се едни од најголемите православни комплекси во Грција. Манастирите се изградени на природни столбови од песочен камен, а се наоѓаат во близина на планината Пинд во централна Грција. Во минатото, во овој комплекс постоеле дваесет и четири манастири.

Солун-Паралиа-Метеори

Метеорите се расположени на 240 км. југозападно од Солун. Во регионот на речиси недостапни врвови на песочни камења, монасите се населиле на овие “столбови на небото” од 11 век па натаму. Дваесет и четири од овие манастири биле изградени, и покрај неверојатни потешкотии, во времето на големото заживување на еремичкиот идеал во 15 век. Нивните фрески од 16 век ја одбележуваат клучната фаза во развојот на пост-византиското сликарство. Просечната висина на карпите е 313 метри, и до горе се стигнува само со помош на кошници и систем од јажиња. Денес од шесте манастири, пет се машки а еден е женски манастир, и дел од тие служат како туристичка атракција. Метеорите се под заштита на УНЕСКО уште од 1988 година.

 

08.12.2018 (сабота) Скопје-Солун-Паралиа

Поаѓање на групата  во раните утрински часеви  од Скопје, Велес, Кавадарци, Неготино и поаѓање за Солун. Индивидуална прошетка низ Солун или посета на One Salonica Outlet. Поаѓање за Паралија во договореното време и сместување во хотел со 3*. Факултативно организирана забава во грчка таверна. Ноќевање.

 

09.12.2018(недела) Паралија-Метеори-Скопје    

Појадок. Напуштање на хотелот и поаѓање за Метеори. Разгледување на импресивната природа и манастирите изградени на карпите-наречени метеори,кои настанале пред околу 60 милиони години. По враќањето од Метеори следи посета на фабриката за злато и икони во с.Каламбака. Посета на црквата Св.Петка Римјанка. Заминување за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ……… 49 евра/ 3.040 денари

 

Во цената на аранжманот е вклучено:
  • превоз со високотуристички автобус
  • сместување во хотел со 3*
  • ноќевање со појадок
  • туристички придружник
  • посета на метеори

 

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • патничко осигурување 150 ден
  • факултативна забава 20евра
  • влезница за метеори 2-3 евра

 

Напомена:
  • За реализација на програмата  и факултативите потребни се минимум од 40 патника
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ 8-МИ ДЕКЕМВРИ ТУКА

 

Солун