Словенија за 23 Октомври

Словенија ја нарекуваат “скриено богатство“, таа е земја која вреди и мора барем еднаш во животот да се посети. Плени со својата убавина, зеленило, паркови, замоци, пештери, езера и планини. Овде навистина ќе останете без здив додека ќе ги гледате пејзажите кои се отвараат пред вас, овде ќе дишете со полни гради. Дел од Балканот, а толку различна, земја која заради влијанијата на повеќе западни цивилизации се разликува од нас останатите.

СЛОВЕНИЈА за 23-ти Октомври

Цена на аранжманот до 20.09.2017 изнесува: 199 евра / 12.338 денари

Редовна Цена: 239 еур / 14.818 мкд

 

Ден 1

Ден 1 – 19.10.2018 (Петок)-Скопје – Љубљана

Поаѓање од Скопје во 18 часот. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Ден 2

Ден 2 – 20.10.2018 (Сабота)- Љубљана

Пристигнување во Љубљана во утринските часови.

Љубљана е главен град на Словенија, сместена на местото каде реката Љубљаница се влева во Сава. Во Љубљана може да се доживеат влијанија на голем број култури. Таа била раскрсница на германската, романската и на културата на словенските народи, нивниот јазик, манири и навики.

Разгледот на градот почнува пред барокната зграда на градското собрание, продолжува низ стариот центар на градот познат по неговиот единствен архитектонски изглед кој го обележуваат барокни и сецесиски градби и дела на архитектот Јоже Плечник. Ќе ги разгледаме катедралата Св.Никола, Змаевиот мост, Прешерновиот плоштад, Троструки мост.

Сместување.

Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. Можност за индивидуални прошетки низ Љубљана.

Ноќевање.

 

Ден 3

Ден 3 – 21.10.2018 (Недела)- Постоинска Јама- Предјама

По појадокот, се упатуваме кон Постоинска Јама – народски наречена Кралицата на подземниот свет или Светско чудо од природата.

Највозбудливата пештера во светот со прекрасни пештерски формации и разновидна фауна. Бидете дел од  незаборавното возење во Постојна и доживејте еден фасцинантен  рај направен од ситни капки  создаден во текот на милиони години. Ќе ја слушнете и неверојатно интересната приказна за необичната идеја за пештерата, која почнала да се развива со кралската посета и желбата за напредок и како со силна амбиција може да се постигне се. Ќе слушнете за тоа како Постоинска Јама станала атракција и покрај безбројните искушенија да се изгради воз.

Постојнска Јама е единственото место каде може да сретнете пештера од скапоцен брилијант  и во исто време, baby dragonos (тоа животинче се вика Олм и е нешто како долгнавест водоземен гуштер. На локалното население им личело на змеј и затоа го нарекле baby dragon).

Величествениот петметарски светло-бел сталагмит наречен Брилијант е симбол на Пештерата Постојна и Словенечкиот карст. Тука, водата полека капе по сталагмитските депозити во тенок слој од разлеан камен, давајќи  му ја на Брилијантот сјајно белата боја.

Внатре ќе видите огромни планини, жуборливи реки и огормни скапоцени хали кои светкаат од брилијантите.

Ќе се возиме на подземниот воз и ќе  уживаме во патувањето со должина од 3,7 километри. Ќе видиме величенствени  лустери од познатото мурано стакло кои висат од таванот на “салата за танц”-и прават бајковит амбиент..

По  посетата на Постоинска Јама, се упатуваме кон Предјама, преубавиот ренесансен дворец, изграден во уститето на пештерата во идиличното село на Предјама. Констурирано во готски стил во 13век, се смета за едно од најзначајните аритектонски ремек дела за тој период. За да се избегне пристапот до замокот во периодот кога е изграден, лежи помеѓу високи карпи. Замокот бил освојуван од повеќе кралства, меѓу кои најголем белег оставил Ерасмус во 15тиот век, кој меѓу луѓето бил нарекуван “словенскиот Робин Худ”. Епитетот го добил крадејќи од богатите, за да им даде на сиромашните.Има различни легенди за него.. Едни велат дека тој бил страствен, згоден и храбар витез, а пак, други, дека тој бил бандит и крадец. Што ли бил? Ќе дознаеме само ако го посетиме ова ремек дело и ја почувстувавме енергијата и приказната која сеуште гласно одекнува меѓу овие студени ѕидини..

Враќање во хотел.

Ноќевање.

 

Ден 4

Ден 4 – 22.10.2018 (Понеделник)- Блед – Бохињ

После појадокот се упатуваваме кон Блед, или помеѓу Словенците познат како Blejski Grad, кој е изграден во карпестите падини во подножјето на Алпите. Во замокот ќе научиме многу за историјата на Блед, ќе ја видиме ќелијата на Гутенберг.. Но, најимпресивна  е восхитувачката глетка на тиркизното езеро Блед. Опкружени со стари мостови и готски кули со автентични веранди и извонреден поглед кон езерото, е повеќе од тоа што сте мислеле дека може да го има во една бајка.

По восхитувачката глетка кон езерото Блед, се упатуваме кон островот во езерото  и вистинско доживување на езерската шир. Пловиме во езерото со автентичнто бродче наречено Плетна.

Понатаму, се упатуваме кон скијачкиот центар Вогел. Прекрасните планински пејзажи таму, ги откриваме возејќи се на жичара.Инспиративните глетки почнуваат уште од самото качување со жичарата.Во секоја сезона од годината, “нова димензија” од Јулианските Алпи и Бохињ се открива со секој метар повисоко. Највисоката точка до која не носи жичарата е со висина од 1535m. Oд таму, ќе бидеме “поздравени” со спектакуларен панорамски поглед на Комна, Триглав, па се до Камник.

Оваа екскурзија е одлична можност за сите кои сакаат да ги видат Алпите со сета своја убавина.

Ќе имаме можност и да ги посетиме водопадите Савица, кои се наоѓаат во близина на Вогел .Извираат од реката Sava Bohinjka, а Савица е местото каде реката се влева во Бохињско Езеро. Според посетителите на Словенија, ова место е must see. Плени со својата уникатност и во 2012 e избрано во топ 5 светски водопади според Lonely Planet.Висината на Водопадот е 78m.

Часовите во природа ги завршуваме со крстарење по Бохињско Езеро. Словенците имаат изрека за Бохињ, која вели : Кога сте во Бохињ, обично доцните ден или два од светот.

Овој планински јаз некогаш бил и многу поголем.Со векови, сточарските полиња кои го опкружуваат ова езеро, биле одвоени од остатокот на Словенија заради лошите патишта и положбата на дното на Алпите.Патувањето од едно до друго село траело со недели.

Меѓутоа, во 1906 година, во последните денови на Австроунгарската империја, биле изградени тунели низ планината, како и железничка пруга. Но, Бохињ сепак останал отсечен, иако помалку отколку порано. Дури и денес, овој регион се поврзува со минатото и бавното темпо на живот.

..Овде, меѓу дрвените куќи, времето како да застанало. Овчарите и стадата со крави се и понатаму на планините по кои чекореле и нивните предци..

Ќе ја посетиме и црквата Св.Јован Крстител, чиј настанок до ден денешен е мистерија. Никој не знае колку е стара црквата и кои се значењата на внатрешните фрески кои прикажуваат бел ѓавол кој седи на рамото на Каин и на ангел со вампирски очи.

Пред црквениот олтар се наоѓа Златорог, митско суштество кое се верува дека ги штити гребените околу езерото. Недалеку од црквата се наоѓа мостот на Ѓаволот, кој се потпира на клисура. Според легендата, изградена е од ѓаволот во замена за душата која прва го поминала мостот.

Агата Кристи често доаѓала на Бохињско Езеро, но ниедна од нејзините книги не била пишувана на ова место, бидејќи, Бохињ е премногу убав за убиство, велела Агата.

Враќање во хотел.

Ноќевање

 

Ден 5

Ден 5 – 23.10.2018 (Вторник)- Марибор

Појадок

Се упатуваме кон Марибор, втор најголем град во Словенија со население од 95,787 жители. Градот се наоѓа на реката Драва и е седиште на истоимената општина, која пак има население од 112,642 жители. Марибор е универзитетски град, како и економски, финансиски, административен, образовен, културен, трговски и туристички центар на североисточна Словенија. Покрај тоа, градот е центар на покраината Штаерска. Во 2012 г. Марибор бил европска престолнина на културата, а една година потоа, европска престолнина на младите.

Преку разглед на градот, Ќе го видиме градскиот плоштад (Grajski Trg), Градскиот Замок и Градскиот Музеј, Главниот Плоштад ( Glavni Trg) со Меморијалниот Плаг и Халата Ровотж, Катедралата, Синагогата..

По разгледот на центарот, се упатуваме кон Vinagova Klet, една од најголемите и најстарите класични винарски визби во Европа.

Најстариот дел од винаријата е изграден во 1847 година. Денес, подрумот може да се пофали со површина од 15.000 м2 и долги подземни тунели со должина од 2,1 км, кои се протегаат под Плоштадот на слободата до Партизанска, Прешеронова и Разлагава улица и Ве водат до дегустација највкусните вина во Европа.

Нашето дружење го завршуваме со прошетка во еден од најубавите паркови во Словенија,Trije Ribniki.

Во минатото, трите рибници служеле како водeни резерви на градот.

Денеска, сите рибници се туристички атракции со свои различни одлики. Првиот рибник е богат со фонтани, а на вториот, пак, се простира вештачки остров кој им служи на патките и лебедите. Третиот рибник е со најтопла вода и единствениот кој замрзнува во текот на зимата.Близу рибниците се наоѓа Ридот на Пирамидата од каде може да го видите целиот град и винариите.

Ручек  во ресторан Trije Ribniki.

Заминување кон Скопје во попладневните часови.

 

Ден 6

Ден 6 – 24.10.2018 (Среда)- Скопје

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

Цена: 239 еур / 14.818 мкд

  • Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации
  • Сместување во хотел со 3* или 4*( ноќевање + појадок)
  • Разглед на Љубљана со локален водич
  • Разглед на Марибор со локален водич
  • Професионален туристички пратител за време на целото патување
  • Локален водич на целото патување
  • Организација и реализација на аранжманот

 

  • Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • Екскурзија во Постојна Јама: 35
  • Eкскурзија во Предјама 17€
  • Посета на Замокот во Блед 15€
  • Крстарење со автентичен брод Плетна 20€
  • Искачување до Вогел 25€
  • Крстањење по Бохињ 15€
  • Посета на винаријата Vinagova Klet 14€
  • Ручек во ресторан Trije Ribniki 15€

 

Пакет цена за уплата на сите екскурзии: 140 евра