Скијање на Француски АЛПИ – Tignes

Сместувањето е во градчето Tignes, a самиот град е поделен на две населби Le Lac и Lavachet. Сместувачките капацитети се на само неколку метри од ски терените.
Центарот располага со над 300км обработен терен или вкупно 154 ски стази и тоа: 20 зелени, 67 сини, 41 црвена и 26 црни, како и додатни 44км за cross country skiing. Ваквата конфигурација го прави L’Espace Killy идеален за секое ниво на скијачи/бордери, без разлика дали сте почетник, рекреативец или напреден скијач/бордер. Терените се протегаат во опсег од 1550м до 3456м надморска височина, а добрата поврзаност на стазите овозможува непрекинато скијање од огромни дистанци без потреба од конекција со ниту еден од 96те достапни ски лифтови или жичари. Двата глечера Pissaillas Glacier и Grand Motte овозможуваат уживање на скијачките терени дури и во летните денови.
L’Espace Killy важи за еден од најубавите скијачки центри во светот, а разните содржини што ги нуди (ски паркови, базени, сауни, лизгалиште и сл) како и неповторливите секојдневни забави во познатиот ланец барови La Folie Douce, го прават центарот идеално место за зимски одмор и забава.

Скијање на Француски АЛПИ

TIGNES

На само 5км од француско- италијанската граница, се наоѓа еден од најатрактивните скијачки центри во Франција – Espace Killy, именуван по трократниот олимписки шампион Jean-Claude Killy. Центарот ги вклучува скијачките ресорти Val d’Isère Tignes, а оваа година Ви е достапен преку нашиот февруарски ски аранжман за единствена FIRST MINUTE цена од 439 евра.

 

FIRST MINUTE ЦЕНА – ПАКЕТ ПО ЛИЦЕ:

Сместување во Val Claret:

  • 6 креветни апартмани во Val Claret+ превоз + 6 дневен SKI PASS – 455
  • 4 креветни студија во Val Claret+ превоз + 6 дневен SKI PASS – 459€

Сместување во Tignes:

  • 6 креветни апартмани во Tignes+ превоз + 6 дневен SKI PASS – 439
  • 4 креветни студија во Tignes+ превоз + 6 дневен SKI PASS – 449

Сместувањето е во избраните апартмани, а дадената цена е по лице во случај кога апартманот е исполнет во целост т.е. доколку во него се сместени број на луѓе колку што има кревети во апартманот.

Доколку во апартманот престојуваат помалку лица од предвиденото, празното легло се доплаќа.

 

Доплата:
  • Доплата за сместување на 5 лица во 6-креветени апартмани е 35€ по лице
  • За сместување на 4 лица во 6-креветени апартмани е 85€ по лице
  • Доплата за сместување на 3 лица во 4-креветено студио е 45€ по лице
  • Доплата за сместување на 2 лица во 4-креветено студио е 135€ по лице

 

Програма: 

02. Февруари – петок. Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 09:00 часот. Поаѓање за Tignes во 09:30 часот.

Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.

 

03. Февруари – сабота. Пристигнување во Tignes  во попладневните часови и сместување во апартманите.

 

04-09. Февруари –  Шест дневно скијање во Val d’Isere и Tignes.

 

10. Февруари  – сабота. Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO непосредно пред Милано.

 

11. Февруари – недела. Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

 

Сместување:

Апартманите и студијата во понудата се наоѓаат во различни резиденции/згради по должината на целата населба. Се разликуваат по површина и опременост, a секој апартман е со различни мебел и содржина.

– 4 креветен апартман – студио: површина 20-25m2 со дневна соба со кревет на спуштање, опремена кујна со прибор, одвоена кабина или кревети на спрат на влезниот дел на апартманот, бања-тоалет.

– 6 креветен апартман – двособен: со површина 25-35m2 со дневна соба со кревет на спуштање, опремена кујна со прибор, одвоена спална соба со француски кревет или два одвоени кревети, помала спална соба, или кабина, или два кревети или кревети на спрат на влезниот дел на апартманот, бања и тоалет.

Скоро сите апартмани имаат балкон или тераса, ТВ (со доплата), и најголемиот дел поседуваат микробранова печка и машина за садови.

Градскиот автобуски превоз е бесплатен.

 

Во цената е вклучено:
  • Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје – Tignes – Скопје
  • 7 дневно сместување во апартмани во Tignes/Val Claret.
  • 6 дневен ски пас за областа Tignes (стази со вкупна должина од 150км). Постои опција за проширување на ски пасот и за областа Val d’Isere (вкупно 300км ски обработен терен), со доплата од 35€.
  • Можно е плаќање на три рати, а местото се смета за резервирано со уплата на депозит од 100 евра.

 

Во цената НЕ Е вклучено:
  • Патничко осигурување. Секој патник треба сам да извади патничко осигурување со задолжителен додаток кој вклучува ски ризик (повреди од зимски спортови).
  • Туристичка такса. Се наплаќа на ден по лице според важечкиот ценовник, директно на рецепција, а непосредно пред превземањето на апартманите (не е повеќе од 1 евро на ден по лице – деца под 13 години не плаќаат туристичка такса)
  • Пешкири и постелнина за апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигање по цена од: 11-14€ постелнина и 7,5€ сет пешкири. Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свои.
  • Доплата од 35€ (не е задолжителна) за проширување на ски пасот и за областа Val d’Isere или за вкупно 300км ски обработен терен. Проширениот ски пас овозможува бесплатно користење на дополнителните содржини кои ги нуди градот (лизгалиште, базен и сл.)

 

Tignes

 

Погледнете ги и останатите наши понуди за скијање на Француски Алпи на следниов ЛИНК