Скијање на Француски АЛПИ – Paradiski

Paradiski претставува третиот најголем скијачки центар во Франција (после Les 3 Vallées и Portes de Soleil), а се состои од три ски ресорта: Peisey-Vallandry, La Plagne и Les Arcs.

Со вкупно 253 ски стази или 425км ски обработен терен, центарот е идеален избор за сите скијачи и бордери без разлика на нивното ниво на подготвеност. Одличниот опсег од 1200м до 3250м надморска височина, со импресивни пејзажи и панорами кон Mont Blanc, нуди огромен број интересни содржини доволни за сечиј вкус. 70% од стазите се наоѓаат на надморска височина од над 2000м, што гарантира одлична снежна покриеност и во мартовските денови.

Скијачкиот центар располага со вкупно 160 ски лифтови, жичари и гондоли, а единствената double decker гондола во светот, Vanoise Express, се наоѓа токму тука и претставува врска меѓу ресортите Les Arcs и La Plagne. Vanoise Express, за само 4 минути, овозможува превезување на 200 луѓе помеѓу двата ресорти.

Скијање на Француски АЛПИ

PARADISKI

Скијачкиот центар Paradiski, сместен во срцето на Француските Алпи. Сместувањето е во ски населбата Les Arcs 1800, со одлична поставеност во однос на ски терените и поврзаноста со другите ски населби и ресорти.

 

FIRST MINUTE ЦЕНА – ПАКЕТ ПО ЛИЦЕ: 399€

 

Сместување во Les Arcs 1800:

  • Сместување во 5 креветни апартмани + превоз + 6 дневен SKI PASS – 399

Сместувањето е во избраните апартмани, а дадената цена е по лице во случај кога апартманот е исполнет во целост т.е доколку во него се сместени број на луѓе колку што има кревети во апартманот.

Доколку во апартманот престојуваат помалку лица од предвиденото, празното легло се доплаќа.

Доплати:
  • Доплата за сместување на 4 лица во 5-креветени апартмани е 25€ по лице
  • За сместување на 3 лица во 5-креветени апартмани е 65€ по лице
  • Доплата за сместување на 2 лица во 5-креветени апартмани е 150€ по лице

 

Програма:

09. Март – петок. Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 09:00 часот. Поаѓање за Paradiski (Les Arcs 1800) во 09:30 часот.

Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.

10. Март – сабота. Пристигнување во Paradiski (Les Arcs 1800) во попладневните часови и сместување во апартманите.

11-16. Март –  Шест дневно скијање во Paradiski (Les Arcs 1800).

16. Март – сабота. Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO непосредно пред Милано.

17. Март – недела. Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

 

Во цената скијање на француските алпи е вклучено:
  • Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје – Les Arcs 1800 – Скопје
  • 7 дневно сместување во апартмани во Paradiski (Les Arcs 1800).
  • 6 дневен ски пас
  • Можно е плаќање на три рати, а местото се смета за резервирано со уплата на депозит од 100 евра.

 

Во цената скијање на француските алпи НЕ Е вклучено:
  • Патничко осигурување. Секој патник треба сам да извади патничко осигурување со задолжителен додаток кој вклучува ски ризик (повреди од зимски спортови).
  • Туристичка такса. Се наплаќа на ден по лице според важечкиот ценовник, директно на рецепција, а непосредно пред превземањето на апартманите (не е повеќе од 1 евро на ден по лице – деца под 13 години не плаќаат туристичка такса)
  • Пешкири и постелнина за апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигање по цена од: 11-14€ постелнина и 7,5€ сет пешкири. Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свои.

 

Напомени: 
  • Постелнина и пешкири: Во цената не се вклучени пешкири и постелнина за апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигање по цена од: 11-14€ постелнина и 7,5€ сет пешкири. Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свои.
  • Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува 300€ – 600€ по апартман. Се плаќа на самото пристигање, непосредно пред сместувањето. Плаќањето е готовинско или со резервирање на средства во висина на депозитот од девизна или кредитна картичка. Депозитот на крајот од сместувањето се враќа во целост, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети)
  • Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како  пред сместувањето. Апартманите нудат и служба за чистење, чија што услуга дополнително се плаќа на лице место (40-70€ во зависност од големината на апартманот).

 

***За реализација на ова патување потребен е минимум од 45 патници. Во случај на недоволен број пријавени, агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот најдоцна 5 дена пред одредениот термин за поаѓање. 

 

Алпи  

 

Погледнете ги и останатите наши понуди за скијање на Француски Алпи на следниов ЛИНК