СИЦИЛИЈА – ИТАЛИЈА ЛЕТО 2018

Сицилија – е во изминатите година една од најпожелните европски дестинации. Доколку го имате гледано филмското остварување, кое според критичарите е еден од најдобрите филмови на сите времиња, Сицилија одма ќе Ве асоцира на филмот Кум (Тhe Godfather). Овој мегахит, во режија на Frenis Ford Kopole, му донел на островот вртоглава популарност, но секако во филмот преставил мал дел од тоа што самиот остров го нуди.

СИЦИЛИЈА

ИТАЛИЈА ЛЕТО 2018

Овој бисер на јужна Италија ќе Ве одушеви и со природата, долгите обали и морето, со читавата палета на бои и со фактот дека овде животот буклвално е на работ на вулканот. Морето за Сицилијанците, покрај нивните семејства и верата, им значи се. Тоа им носи бура и убаво време, но и риби и морски плодови. Приморските места се мали, се нижат едно по друго, и секое место си има своја привлечност. Некое од тие места Ви нуди бисерно бели плажи, а одма после тоа почнуваат црни вулкански карпи, па повторно песок, и повторно лава. Некои од најубавите плажи се наоѓаат на Липарските острови на северот од Сицилија. Тука може да видите црни плажи, настанати како последица од богатата вулканска активност. На Липар, најголемо меѓу островите, се наоѓаат сребрено сиви каменести плажи. На копното, најчисти бели плажи може да се најдат околу Рагуза на југот.

Espresso, тестенините, љубовните драми, сосетските кавги и гламурозните прослави се стилот на живеење на овој остров. На Сицилија не се прати модата како во Рим и Милано, но затоа се јаде најдобрати тестенини, се прават највкусните канелони, се пие бадемово вино, се ужива во сонцето и морето.

 

1.Ден / Скопје – Белград:

Тргнување во утринските часови и тргнување за Белград. Следува спојување со групата од Белград. Возење преку Србија, Хрватска, Словенија и Италија кон Рим со попатни паузи заради освежување и регулирање на граничните формалности.

2.Ден / Италија – Рим:

Пристигнување во Рим. Панорамско разгледување на Рим (Coloseo, Foro Imperiali, Piazza Venezia, Fontana di Trevi i Piazza di Spagna) и слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови тргнување за Сицилија. Ноќно возење преку Италија.

3.-11.Ден / Сицилија:

Пловење со траект до Сицилија. Пристигнување на Сицилија во претпладневните часови. Сместување во одбраниот хотел на база на одбраната услуга до 15:00. Во текот на престојот во Сицилија, покрај слободното време за бањање, одмор, индивидуални активности, агенцијата ќе организира и голем број факултативни излети…

12.Ден / Сицилија – Италија:

Појадок. Напуштање на хотелот. Во попладневните часови тргнување за Венеција. Ноќно возење преку Италија.

13.Ден / Kavalino – Венеција:

Во утринските часови пристигнување во туристичката зона Kavalino. Слободно време или факултативен трансфер до Punta Sabioni и возење со брод до Венеција. Разглед на градот: Дуждева палата, Libreria, црквата Свети Марко, камбанаријата Kampanile, Torre del Orologio, зградата Procuratie, мостoт на воздишките, плоштадот Св. Марко. Враќање во Венеција во попладневните часови. После обиколката и слободното време, враќање до пристаништето и враќање за Македонија… Ноќно возење преку Италија, Словенија и Хрватска со кратки паузи поради одмор и регулирање на граничните формалности…

14.Ден / Србија – Белград – Македонија – Скопје:

Пристигнување во Белград во раните утрински часови и патувањето го продолжуваме за Скопје. Пристигннување во Скопје во вечерните часови. Крај на програмата.

 

СМЕСТУВАЊЕ

ТИП НА СМЕСТУВАЊЕ 27.06 – 10.07 06.07 – 19.07 15.07 – 28.07 24.07 – 06.08
HOTEL KENNEDY 3* 1/4 со појадок – мини апартман 305€ 330€ 340€

345€

1/3 со појадок

315€ 340€ 350€ 355€
1/3 со појадок – мини апартман 325€ 350€ 360€

365€

1/3 со појадок – поглед на море

335€ 360€ 370€ 375€
1/2 со појадок 345€ 370€ 380€

385€

1/2 3 со појадок – поглед на море

355€ 380€ 390€

395€

 

Хотел Kennedy (www.hkennedy.it) се наоѓа во местото Св. Алесијо, кое се наоѓа на најубавиор дел на Сицилија, на само 10 километри од монденското летувалиште Таормина.

Поседува приватна плажа со лежалки и чадори за сонце. Сите соби поседуваат клима и имаат своја тераса. Собите се опремени со телевизор, телефон, а во купатилата е достапен и фен. Хотелот располага со базен, како и со просторна тераса.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА
  • 9 ноќевања со појадок во Хотел Kennedy 3* во 1/2, 1/3 или 1/4 соби или мини апартмани.
  • Траект на релација Vila San Govani – Mesina / Mesina – Vila San Govani.
  • Автобуски превоз од високо туристичка категорија (ТV, DVD, aудио и видео опрема, А/C) на релација Белград-Сицилија-Белград, по програмата и траект.
  • Разгледи спрема програмата (Рим – панорамско разгледување на градот)
  • Водич за групата за цело време на аранжманот
  • Ораганизација на патувањето во целост.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување – 550 денари – плаќање во агенција.
  • Доплата за вечера (полупансион) во износ од 70 евра
  • Обавезна градска комунална такса за Палермо и околината (воведена 01.07.2012., се плаќа во агенција) – за престој во хотели со 3* – 2 евра по ноќевање / по лице. Деца до 10 години не плаќаат такса.
  • Превоз на релација Скопје – Белград – Скопје.
  • Факултативни излети, возење со брод од пристаништето Punta Sabbioni до Венеција и назад
  • Индивидуални трошоци.

 

 

 

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2018