СЕВЕРНА ИТАЛИЈА – ВЕНЕЦИЈА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО ЗА 11-ти ОКТОМВРИ

Венеција, градот на вода и бисерот на Јадранското море. Дестинација која би требало секој љубител на убавината да ја посети најмалку барем еднаш во животот. Градот на маските, градот на најпознатиот Карневал, градот на креативноста и љубовта, едноставно градот на среќните лица заслепени од убавината на истиот. Дозволете оваа магија на различности да биде вашиот најдраг спомен за паметење.
Лидо ди Јесоло, е плажата на општината на Јесоло во Венеција, Италија. Економијата на местото главно се базира на туризмот, поради неговата плажа долга 15 километри. Секој хотел во близина на плажа има свој приватен дел на плажа со маси, чадори и лежалки за тој хотел.

СЕВЕРНА ИТАЛИЈА – ВЕНЕЦИЈА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО ЗА 11-ти ОКТОМВРИ

ТЕРМИН: 10-14 октомври!
ПРВ ДЕН

10.10 – среда

Тргнување од Скопје околу 14 часот. Ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи и задржувања поради граничните формалности, одмор и освежување.

ВТОР ДЕН

11.10- четврток

 ПРИСТАНИШТЕ PUNTA SABBIONE – ВЕНЕЦИЈА 

Пристигнување во претпладневните часови на пристаништето Punta Sabbione. Факултативен излет до Венеција – возење со брод на релација Punta Sabbione – Венеција – Punta Sabbione. Венеција е некогашна средновековна Млетечка Република, изградена на 118 острови, има 177 канали и околу 400 мостови. Разглед на градот: мостот на Воздишките, плоштадот Свети Марко, Црквата Свети Марко, кулата, мостот Риалто… Слободно време за прошетка и индивидуални активности. Ако сакате да ѕирнете во „душата“ на Венеција предлагаме прошетка по сокриените тесни сокачиња, кои можат да Ве одведат во места каде има многубројни средновековни градби, тезги, мостови… На секој чекор можете да најдете голем број на автентични венецијански сувенири, да ги пробате најубавите италијански специјалитети и да се напиете одлично еспресо. Во попладневните часови следува враќање на пристаништето и од таму продолжува патувањето до местото Лидо ди Јесоло. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН

 12.10 – петок

 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ПАДОВА – ВЕРОНА 

Појадок. Факултативен целодневен излет до Падова и Верона. Тргнување за Падова и обиколка на градот на Антоние Падовански, црквата Свети Антоние, Prato della Valle, корзото и плоштадот Кавур… Потоа патувањето продолжува кон Верона. Во Верона следува разглед на градот: Плоштадот Бра, Палатата Барбиери, Арена, Плоштадот Ербе, куќата на Јулија (не е предвидено групно влегување)…. Слободно време за индивидуална прошетка низ градот. Тргнување за Лидо ди Јесоло во вечерните часови. Ноќевање.

ЧЕТВРТ ДЕН

13.10 – сабота

ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ТРЕВИСО- DESIGNER OUTLET – PALMANOVA – TРСТ

Појадок. Напуштање на хотелот и тргнување во 08:00 часот на факултативниот излет до Тревисо, каде следува разглед на градот: катедралата Дуомо, Palazzio dei Trecento, улицата Calmaggiore…Попатно се застанува во аутлетот „PALMANOVA“  http://www.palmanovaoutlet.it/en/home

Palmanova Outlet Village е центарот на шопингот. 90 продавници за женска, машка и детска гардероба, галантерија, долна облека, куќна опрема и безброј други работи се само дел од понудата и сето тоа на големи попусти од 30 до 70%. Дозволете си кратка пауза во еден од рестораните или кафулињата за да уживате во денот посветен на шопинг. Патот го продолжуваме кон Трст. По доаѓањето следува панорамски разглед: Црквата Свети Спиридон, Понте Росо… Тргнување кон Македонија. Возење преку Словенија, Хрватска и Србија.

ПЕТТИ ДЕН

14.10 – недела

Очекувано пристигнување во Македонија во попладневните часови (во зависност од условите по патот).

 

*Аранжманот се плаќа во денарска противвредност по курс од 62 денари (1 евро). Бројот и местата за уплати во специјалната цена е ОГРАНИЧЕН!

 

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 139 евра.

First Minute уплата 119 евра до 10.09. 18 , со задолжителна резервација на пакетот факултативи 50евра

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ СЕВЕРНА ИТАЛИЈА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО ЗА 11-ти ОКТОМВРИ ВКЛУЧУВА:
  • Сместување во хотел КАНОВА 3* (http://www.hotelcanovajesolo.com/) во областа Лидо ди Јесоло на база две ноќевања со појадок (сладок појадок) во 1/2 или 1/2+1 соби (секоја соба има туш и тоалет)
  • Автобуски превоз (високо туристички автобус со аудио и видео опрема, клима, греење, просечна удобност) на горенаведените релации
  • Разгледите според програмата
  • Посета на Трст и трговскиот центар Палманова
  • Услуги од туристички професионален водич – пратител
  • Трошоци околу организацијата и реализацијата на аранжманот
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ СЕВЕРНА ИТАЛИЈА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО ЗА 11-ти ОКТОМВРИ НЕ ВКЛУЧУВА:
  • Трошоци за патничко осигурување – 5 евра (лица од 14-70 години), 2.5 евра (лица до 14 години) на осигурана сума во износ од 30.000 евра (плаќањето се врши во денари)
  • Влезници за факултативните излети (во организација на тур операторот)
  • Индивидуални трошоци

 

          ЦЕНИ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПО ЛИЦЕ:

  • Возење со брод до Венеција (повратна карта + водич) – 20 евра за возрасни / 15 за деца (2-10 години)
  • Посета на Падова и Верона со водич – 25 евра за возрасни / 20 евра за деца (2-10 години)
  • Посета на Тревисо со водич – 15 евра за возрасни / 10 евра за деца (2 -10 години)
  • ПАКЕТ со сите три излети во вредност од 60 евра може да се купи по акциска цена при резервација на истиот во нашата канцеларија за само 50 евра (плаќање во автобус)
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
  • 30% при резервација, а остатокот од сумата најдоцна до седум дена пред предвидениот рок за тргнување

 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
  • Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот
  • Нема намалување на цената за сопствен превоз
  • ПОПУСТ за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/2+1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел)
  • Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот.

 

ТРАНСФЕРИ:
  • Тргнувањето е од Скопје. Постои можност за организиран трансфер на линиите Гевгелија, Битола, Охрид, Гостивар и Тетово со доплата од 10 евра по лице. Доколку има помал број на патници, трансферот може да биде организиран со мини комбе или автомобил.

 

ОПИС И ЛОКАЦИЈА НА ХОТЕЛОТ: 

Хотел Канова 3* (http://www.hotelcanovajesolo.com/се наоѓа во областа Лидо ди Јесоло, во централниот дел на неколку чекори од плажата. Хотелот има ресторан. Секоја соба има тоалет, тв, балкон.

 

НАПОМЕНА ВО ВРСКА СО ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:
  • Цените на излетите се подлежни на промена во зависност од бројот на пријавените патници. Неопходен минимум за реализација на факултативите е 35 патници. Во случај на помал број на пријавени, можно е цената да подлежи на промена според условите од локалната агенција, тур-оператор, па организаторот има право да понуди корегирана цена, а патниците немаат обврска да ја прифатат. Факултативните излети не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници. Цената на факултативите вклучува трошоци за организација, превоз, водич. Термините на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини во локалитетите, бројот на пријавени патници и објективни околности. Организаторот на излетот го задржува правото да го промени терминот и условите на изведување на факултативите предвидени во програмата.
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 5 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
  • Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
  • Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
  • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
ВАЖНО:
  • Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
  • Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
  • Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
  • Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
  • Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
   Појадокот е континентална шведска маса, помал избор на продукти и главно станува збор за сладок појадок.
  • Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
  • За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
  • Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
  • Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Т.А. СТАФ ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.
  • Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
  • Т.А. СТАФ не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
  • Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
  • Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
ВАЖНО:
  • Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
  • Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
  • Организатор на патувањето е туристичката агенција Т.А. СТАФ од Скопје со лиценца А (Министерство за економија).
  • Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 евра во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
  • Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
  • Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. СТАФ!

 

 

 

 

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА 11-ти ОКТОМВРИ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК