САНТОРИНИ – ГРЦИЈА ЗА 24ти МАЈ

 Издигнувајќи се од сините води на Егејското море, тркалезниот архипелаг на вулкански острови, 200 километри југоисточно од копното на Грција, со своите живописни и разнобојни карпи раскажува своја историја. Симболот на грчкиот туризам, наречен Санторини, а препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви е еден од 10-те најромантични дестинации во светот. Како што ќе се доближувате до островот, се потешко е да сфатите дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце.Како што рековме Санторини се наога во егејското море и припага на групата острови Киклади.Опфака територија од околу 96 км2,должина на обала од околу 69 км.Западната страна на островот,онаа која е свртена према вулканот е карпеста и стрмна и се вика KALDERA.На југоисточниот дел се наога варовитовулканска планина MESA VOUNO со највисок врв Prophifitis Ilias.Климата е умерена и е медитеранска.Во текот на летото дувка североисточен ветер познат по името meltemi,а во текот на зимата температурата никогаш не пага испод 10 степени.Дожд врне понекогаш во зима ,а во текот на летото нема врнежливи денови.

САНТОРИНИ – ГРЦИЈА ЗА 24ти МАЈ

Опис на дестинација

Жителите на Санторини претежно се занимаваат со туризам, но и со одгледување на специфични видови на винови лози ,од кои се добива најубавото вино NYCHTERI,потоа со одгледување на добро познатите ситни мали санторински домати кои се со неверојатен вкус и од кои се подготвуваат преубави специјалитети во санторинските таверни.На островот не постојат извори на слатка вода,почвата се наводнува од умерената влага на островот,а водата за пиење е исклучиво флаширана.Главен град на островот е FIRA кој е изграден на самиот срт на калдерата,на 260 м над површината на морето. Посетете го Санторини за 24ти мај.

 

ПРОГРАМА ЗА ПАТУВАЊЕ:

1.Ден: 23. Мај 2018. / Скопје – Македонија – Грција:

Состанок на групата во 14:30 часот на паркингот спроти Хотел Holiday INN. Тргнувањето ќе биде во 15:00 часот. Следува возење преку Македонија и Грција со попатни паузи заради одмор и регурлирање на граничните формуларности.

2.Ден: 24. Мај 2018. / Грција – Атина – Санторини:

Пристигнување во Атина – Пиреа, во утринските часови. Поѓање за Санторини од пристаништето во 07:25 часот. Предвидено е пристигнување на Санторини во 15:30 часот, и следува трансфер до сместувањето. До вечерните часови следува слободно време за одмор и индивидуални активности. Во вечерните часови е предвидена факултативна посета на Пиргос. Враќање во Хотел. Ноќевање.

3.Ден: 25. Мај 2018. / Санторини:

Појадок. По појадокот следува целодневна посета на островот. Посета на Археолошкиот град Акротири, Црвената плажа, Мегалохори, Имеровигли. Разгледот го продолжуваме кон OIA, и каде дочекуваме се види еден од најубавите и најпознати залези на сонцето. По залезот се враќаме во Хотел. Ноќевање.

4.Ден: 26. Мај 2018. / Санторини:

Појадок. По појадокот факултативно крстарење со брод, и посета на вулканските острови. Посета на новиот вулкан (на овој вулкан може да се влезе и се плаќа влез од 2,5 евра), потоа со бродот се упатуваме кон стариот вулкан (тука неможе да се влезе) каде постои можност да се бањате во термалните води. Враќање кон старото пристаништето и се упатиуваме (со магаре или жичара се доплаќа 6 евра) кон Фира. Враќање во Хотел. Ноќевање.

5.Ден: 27. Мај 2018. / Санторини – Атина – Грција – Македонија:

Појадок. Напуштање на сместувачките капацитети. Факултативните излет до најпознатата винарија на Санторини.  Следува трансфер до пристаниште. Испловување од пристаништето во 15:25 часот. Предвидено е пристигнување во Пиреа во 23:30 часот. Следува ноќно возење преку Грција, со попатни паузи заради одмор и регулирање на граничните формуларности.

6.Ден: 28. Мај 2018. / Македонија – Скопје:

Пристигнување во Скопје во утринските часови. Крај на програмата.

РОДЕНДЕНСКИ ПОПУСТ

10% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА ДО 20.04.2018год.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА
  • 3 ноќевања со појадок во 1/2, 1/3 и 1/4 соби во Хотел 3* во Периса
  • Автобуски превоз со високо туристички автобуси (АC/TV/DVD) на релацијата според програмата
  • Бродска карта на релација Пиреа – Санторини – Пиреа
  • Пратител на групата за времетраење на аранжманот
  • Организација на патувањето.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување – 300 денари – плаќање во агенција
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци на патникот.

 

 

СМЕСТУВАЊЕ
ТИП НА СМЕСТУВАЊЕ
23.05. – 28.05.
HOTEL 3*
1/4
210€
1/3
221€
1/2
232€

 

 

Факултативни излети:

-Пиргос – 10 евра

-Целодневна посета на Санторини – 35 евра

-Крстарење со брод до вулканите – 35 евра

-Посета на винарија – 18 евра

 

мај

 

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА 24-ти МАЈ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК