САНТОРИНИ – ГРЦИЈА ЗА 11-ти ОКТОМВРИ

 Издигнувајќи се од сините води на Егејското море, тркалезниот архипелаг на вулкански острови, 200 километри југоисточно од копното на Грција, со своите живописни и разнобојни карпи раскажува своја историја. Симболот на грчкиот туризам, наречен Санторини, а препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви е еден од 10-те најромантични дестинации во светот. Како што ќе се доближувате до островот, се потешко е да сфатите дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце.Како што рековме Санторини се наога во егејското море и припага на групата острови Киклади.Опфака територија од околу 96 км2,должина на обала од околу 69 км.Западната страна на островот,онаа која е свртена према вулканот е карпеста и стрмна и се вика KALDERA.На југоисточниот дел се наога варовитовулканска планина MESA VOUNO со највисок врв Prophifitis Ilias.Климата е умерена и е медитеранска.Во текот на летото дувка североисточен ветер познат по името meltemi,а во текот на зимата температурата никогаш не пага испод 10 степени.Дожд врне понекогаш во зима ,а во текот на летото нема врнежливи денови.

САНТОРИНИ – ГРЦИЈА ЗА 11-ти ОКТОМВРИ

Опис на дестинација

Жителите на Санторини претежно се занимаваат со туризам, но и со одгледување на специфични видови на винови лози ,од кои се добива најубавото вино NYCHTERI,потоа со одгледување на добро познатите ситни мали санторински домати кои се со неверојатен вкус и од кои се подготвуваат преубави специјалитети во санторинските таверни.На островот не постојат извори на слатка вода,почвата се наводнува од умерената влага на островот,а водата за пиење е исклучиво флаширана.Главен град на островот е FIRA кој е изграден на самиот срт на калдерата,на 260 м над површината на морето. Посетете го Санторини за 11-ти октомври.

 

ПРОГРАМА ЗА ПАТУВАЊЕ:

1 ДЕН 10.10.2018 СКОПЈЕ – ПИРЕА

Состанок на групата на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во 14ч30м. Се патува преку граничниот премин Богородица со попатни паузи.

2 ДЕН 11.10.2018 ПИРЕА – САНТОРИНИ

Пристигнување на пристаништето Пиреа во раните утрински часови. Качување во брод и испловување во 07:25 часот. Пристигнување на пристаништето во Санторини во 15:30/ часот. Трансфер од пристаниште до хотел со автобус. Сместување во хотел. Информативен состанок за презентација на факултативните излети. Слободно време. Како шлаг на денот Ве водиме во Oia (Иа) од каде ќе го видите најубавото зајдисонце. Слободно време за прошетки низ теснните улички каде ќе ги видите белите црквички со сини куполи.

Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН12.10.2018  САНТОРИНИ

Појадок.Слободен ден или факултативно Kaldera morning – cruise. Ексурзијата започнува со мал традиционален брод кој Ве води по Калдерата до Nea Kameni – новиот вулкан, каде со локален водич се искачуваме до врвот на вулканот, каде што на врвот ќе го видиме и активниот кратер. Слободно време за фотографирање. Враќање на брод со кој се продолжува до Palia Kameni – стариот вулкан, каде што ќе имате можност да се капете во термалните води.

Враќање на пристаништето Athinos по Калдерата од каде што од бродот ќе ги видите двете стари пристаништа, пловидбата е долж сртот на Санторини се до новото пристаниште а за време на пловидбата се гледаат градовите Oia (Иа) и Fira (Фира). Ја продолжуваме екскурзијата со посета на главниот град Фира, до каде се искачуваме пеш или со жичара или со магариња. Слободно време во Фира за индивидуални прошетки низ Фира и ручек во некоја од грчките таверни. Враќање во хотел во попладневните часови. Ноќевање.

4 ДЕН 13.10.2018 САНТОРИНИ

Појадок. Целодневен факултативен излет – FULL DAY SANTORINI.Посета на Археолошкиот град Акротири (влезница се плаќа на лице место) – последните остатоци од минонската цивилизација изумрена пред 3000 години при големата ерупција на вулканот од Санторини. По завршувањето на посетата на археолошкиот град одиме кон црвената плажа каде што ќе има можност за фотографирање на плажата. Продолжуваме кон Имеровигли, балконот на Калдерата, највисокиот и најлуксузниот дел на градот Фира. Пешачка тура низ тесните улички меѓу пештерните куќи.

Враќање во хотел во вечерните часови.Ноќевање.

5 ДЕН14.10.2018 САНТОРИНИ – ПИРЕА – СКОПЈЕ  

Појадок. Напуштање на собите. Предлагаме посета на винаријата со музеј на традиционално производство на вино во последните 450 години, единствен музеј во Грција кој се наоѓа на 8 метри длабоко во вулканска пештера. Дегустација на 4 различни видови на вулкански вина… или слободно време во градот Фира. Во 14 часот трансфер до пристаниште. Испловување на бродот во 15:30. Пристигнување во Пиреа во 23:30. Ноќно возење со попатни паузи.

6 ДЕН15.10.2018 СКОПЈЕ  

Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 169/ 10.480 денари

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА
  • Превоз со високотуристички автобусна релација Скопје – Пиреа – Скопје
  • Трансфер со брод на релација Пиреа – Санторини – Пиреа
  • Трансфер пристаниште – хотел – пристаниште
  • 3 ноќевања со појадок  во хотел со 2*/3* во Периса
  • Организација и придружник на патувањето
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
  • Факултатувни излети и програми
    • Посета на Иа (залез на сонцето)– 10 €
    • Full day Santorini – 35 €
    • Влезница за вински музеј – 16 €
    • Kaldera morning  – крстарење со брод  35€
    • Жичара или магаре до Фира 6 €
    • Влезница на вулканот 2,5 €
    • Грчка вечера со музика
    • Кабина на брод 6.200 денари
    • Авионско седиште на брод 4.000 денари
    • Задолжително патничко осигурување 185 денари

 

 

 

мај

 

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА 11-ти ОКТОМВРИ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК